Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Израел - тајните на светата земја

Рани резервации!

Софија – Тел Авив – Jафa – Цезареја – Хаифа – Акко – Тиберија – Назарет – Кана Галилејска – Табха – Капернаум – Галилейското езеро – Jaрденит – Тиберија – ТибериасКумранТврдината "Масада"Мртво МореВитлеем – Ерусалим – Тел Авив – Софија

Екскурзија со авион
6 дена
од €729

Подарете си едно патување во историјата на светите библиски земји - место кое на уникатен начин претставува збир на различни култури, етнички групи и традиции.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
18.11.2020 г.
€730
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
25.02.2021 г.
€740
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
24.03.2021 г.
€835
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
19.05.2021 г.
€859
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
02.06.2021 г.
€765
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
08.09.2021 г.
€819
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
17.11.2021 г.
€729
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
23.02.2022 г.
€739
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
23.03.2022 г.
€835
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
18.05.2022 г.
€865
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаТел АвивJафa

Заминување од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 06.00 ч. Со лет на авиокомпанијата "Wizz Air" за Тел Авив. Пристигнување во Тел Авив во 08.25 ч. Пречек од претставник на агенцијата партнер. Панорамски разглед со автобус на Тел Авив - економскиот и финансиски центар на Израел: Рамат Ган - населба на богатите; "Белиот град" - познат кварт во Тел Авив, прогласен од УНЕСКО за светско архитектонско наследство со десетиците градби во стил Баухаус,комбинирање на различни стилови во модерната архитектура, ‘Плоштадот Дизенгоф” - срцето на градот; плоштад "Јицак Рабин" - местото на убиството на екс-премиерот на Израел. Пешачки разглед во стариот град Јафa, познат по своето античко пристаниште со над 8.000-годишна историја. Прошетка низ тесните улици на градот, во комбинација со уметничка атмосфера на современиот град Јафa. Панорамски поглед од Јафa кон Тел Авив и Неве Цедек - првиот кварт на Тел Авив, изграден во 1887 год. Сместување во реонот на Тел Авив / Бат Јам. Вечера. Ноќевање.

2
ЦезарејаХаифаАккоТиберија

Појадок. Поаѓање кон Цезареја - градот на израелската елита. Организирана посета на античкиот град, некогашната главна база на римските власти во Јудеја - римското пристаниште, аквадуктот, античкиот театар. Заминување за Хаифа - најголемиот град во северен Израел и трет по големина град во земјата. Панорамски разглед со автобус на Хаифа со искачување на планината Кармел со неверојатни глетки на Заливот на градот. Посета на Бахаиските градини - ремек-дело на пејзажната архитектура, во кои се наоѓа Храмот на Баб - основачот на бахајската вера. Деветнаесет градини и тераси, завршени во 2001 год, го опкулуваат храмот на Баб и ја откриваат претставата на бахаите за убавина, хармонија и мир. Споредени од посетителите со познатите градини од минатото, градините на Версаи или древните Версаиски градини на Вавилон, терасите се протегаат на повеќе од километар по падината на планината Кармел, преобразувајќи го лицето на местото, одамна познато како "Света Гора". Поаѓање за Акко - средновековната азиска престолнина на крстоносците и важен трговски центар за венецијанските, генуезките и пизански трговци. Организирана посета на стариот град, вклучена во листата на УНЕСКО - Тврдината на Хоспиталиерите - симбол на градот и на христијанската моќ; стариот пазар; порта. Заминување за Тибериас - град изграден од императорот Тибериј, живописно се протега во ридовите над Галилејското езеро. Сместување. Вечера. Ноќевање.

3
ТиберијаНазаретКана ГалилејскаТабхаКапернаумГалилейското езероJaрденитТиберија

Појадок. Поаѓање за Назарет, град во кој, според традицијата, архангел Гаврил и ја објавил на Марија добрата вест. Организирана посета на Црквата “Благовештение”, изградена над пештерата во која Марија сфати дека ќе роди Син Божји. Посета на црквата ‘Свети Јосиф” - традиционално се смета за домот на Јосиф и Марија и разгледување на работилницата на Јосиф. Поаѓање за Кана Галилејска - местото каде што Спасителот за првпат покажал чудотворна сила, кога за време на свадба претворил вода во вино. Посета на францисканската црква во Кана, складирање на теглата во која водата се претворила во благословено вино. Посета на Грчката православна црква “Св. Ѓорѓи”. Посета на Табха - местото каде што Исус хранел 5.000 луѓе со две риби и неколку лебови. Заминување за Капернаум -местото каде што Исус ги сретнал своите први ученици и се споменува како дом на апостолите Петар, Андреј, Јаков, Јован и Матеј. Разгледување на остатоците од куќата на апостол Петар. Посета на древната синагога во која Исус проповедаше. Искачување со автобус на планината на блаженството, каде што Исус преку својата проповед им дава на луѓето блаженство. Посета на Црквата на Блаженството, позната по своите прекрасни градини и прекрасни погледи на Галилејското Езеро. Можност за ручек во ресторан на брегот на езерото, каде се нуди локалниот специјалитет "Рибата на св. Петар". Панорамски разглед со автобус околу Галилејското Езеро. Поаѓање за Јарденит - познатата крстилна зона и местото каде што Јован Крстител го крстил Исус. Враќање назад во Тибериас. Вечера. Ноќевање.

4

Појадок. Поаѓање за Мртво Море преку Јудејската пустина. Посета на Кумран, каде се најдени најраните ракописи од Стариот Завет на хебрејски. Посета на тврдината "Масада" - највозбудливата тврдина во Израел, каде што се раскажуваат приказни за упорност и сила, верба и достоинство, амбиции и трагичен крај. Масада се наоѓа сместена на изолирано плато во Јудејската пустина, избрана од цар Ирод, на кое ќе изгради своја сопствена палата. Нејзината фасцинантна приказна се запознава со величествениот кралски период и еврејскиот отпор на римската доминација. Организирана посета на археолошкиот парк "Масада" - искачување со лифт до влезот на објектот и прошетка низ урнатините на дворските сали со воодушевувачки глетки кон Мртвото Море и Јордан. Разгледување на термите, синагогата, римскиот камп и римската патека. Можност за фотопауза на единствената отворена сцена за оперски изведби во Израел. Поаѓање кон бреговите на Мртво море, кое се наоѓа на повеќе од 400 метри под морското ниво, познато по своите лековити својства. Слободно време за плажа и кални бањи со минерални соли (при соодветни метеоролошки услови). Сместување во реонот на Витлеем / Ерусалим. Вечера. Ноќевање.

5
Ерусалим

Појадок. Поаѓање за Витлеем. Организирана посета на црквата "Рождество Христово" во Витлеем со разгледување на јаслите во кои бил роден Исус. Поаѓање за Ерусалим. Панорамски разглед на Ерусалим: Елеонската Гора, од која Исус се вознесе кон небото, со панорамски поглед на стариот дел на градот и златната купола на ридот на храмовите; руската црква ‘Марија Магдалена”; Гетсиманската градина, која е меѓу култните места поврзанa со Христовите страсти со "Црквата на сите народи"; црквата со гробот на “Пресвета Богородица” во долината Кeдрон; брдото “Сион” - стекнал симболично значење за преродбата и независноста на Евреите. Пешачки разглед во стариот град на Ерусалим - гробот на цар Давид; просторијата на Тајната вечера; Ерменскиот кварт со катедралата "Св. Јакоб" - најголемиот и свет храм за сите Ерменци во Израел; римскoто Кардо (улица); Еврејскиот кварт со синагогата “Хурва”; Ѕидот на плачот - останата од Вториот храм, кој бил најсвето место за сите Евреи; прошетка по “Виа Долороса”, улица каде што Исус го носел својот крст на Голгота; Муслиманскиот кварт со стариот пазар; Христијанскиот кварт - со лутеранската протестантска црква; Грчката православна црква; организирана посета на Божјиот гроб и Голгота. Добивање на сертификат за аџилак. Трансфер до хотелот. Вечера. Ноќевање.

6
ЕрусалимТел АвивСофија

Појадок (рано наутро или сув пакет). Поаѓање за Тел Авив. Трансфер до аеродромот “Бен Гурион”. Поаѓање во 09.15 ч. за Бугарија со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 12.10 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€233
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) на турист - само за дати на поаѓање 03.06.2020 г., 18.11.2020 г., 25.02.2021 г., 02.06.2021 г.
€64
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) на турист - само за дати на поаѓање 03.06.2020 г., 18.11.2020 г., 25.02.2021 г., 02.06.2021 г.
€95
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€26
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет со вклучени аеродромски такси Софија - Тел Авив - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air"
Рачен багаж до 10 кг со димензии 40х30х20 см
Чекиран багаж до 10 кг (само за дати на поаѓање 20.05 и 09.09.2020 г., 24.03.2021г., 19.05.2021 г.)
Пречек и асистенција на аеродромот "Бен Гурион"
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт по опишаната маршрута
1 ноќевање со појадок и вечера во Хотел "Sea Park" 3* / "Residence Hotel" 3* или сличен во реонот Тел Авив / Бат Јам / Нетанија
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел "Tiberias Club Hotel" 3* / "Jacob" 3* / "Astoria Galilee" 3* или сличен во Тибериас
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел "Nativity" 3* / "Shepherd`s House" 3* или сличен во реонот на Ерусалим / Витлеем
Влезници за Акко, античкиот град во Цезареја, Кумран и тврдината "Масада" (влезници и лифт)
Слушалки за време на пешачки разгледи со локален туристички водич
Сертификат за аџилак
Водич на македонски/српски/бугарски јазик
Слушалки за време на пешачките туристички обиколки со локален водич
Патничко осигурување со покритие до 30 000 евра на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Водач од Бугарија за време на екскурзијата
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Чекиран багаж до 10 кг или 20 кг (само за дати на поаѓање 03.06.2020 г., 18.11.2020 г., 25.02.2021 г., 02.06.2021 г.)
Ручеци и пијалоци
Бакшиш за водич и возач (4-6 USD на ден по лице - со доплата задолжително на лице место)
Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба
Трошоци од лична природа
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за откажување: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Можна е промена на распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
Од оперативни причини, ограничен број на кабински багаж може да се транспортира во авионската кабина. Ако има премногу багаж, можеби ќе треба да се стави во багажниот простор бесплатно.
Цената на екскурзијата е определена во следниов валутен курс: 1 USD = 1,8 лв. При промена на валутниот курс со над 5% агенцијата го задржува правото да ја промени цената на екскурзијата во соодветната насока.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Патувањето се спроведува при минимум 30 туристи.
Медицински и здраствени услови
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските граѓани кои патуваат за земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош со рок на важност минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата.
Други програми за Израел »