Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ЕГИПЕТ - ХУРГАДА, КАИРО и КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ - со внатрешен лет!

2 ноќи во хотел 5* во Хургада, 4 ноќи на брод за крстарење и 1 ноќ во хотел 5* во Каиро! Вклучен внатрешен лет од Асуан до Каиро! Богата туристичка програма! Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро, вклучени во цената! Рани резервации!

Софија – Хургада – Луксор – Деир-ел-Бахари – Едфу – Ком Омбо – Асуан – – Софија

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
22.09.2020 г.
€710
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
06.10.2020 г.
€710
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
20.10.2020 г.
€710
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
03.11.2020 г.
€710
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
17.11.2020 г.
€710
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаХургада

Поаѓање од аеродром Софија (терминал 1) во 07:30 ч. за Хургада со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Хургада во 09:20 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање). Пречек од компанијата партнер. Трансфер до избраниот хотел. Сместување. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

2
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација (се избира една од трите екскурзии):



1. Островот Гифтон и нуркање (со вклучен трансфер, ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање). Екскурзијата почнува околу 8 ч. и вклучува морско пловење со чамец со можност да уживате во убавината на еден од прекрасните острови и богатствата на коралниот гребен. Враќање во хотелот околу 16 ч.


или


2. Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалоци). Поаѓање од хотелот околу 8 ч. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и бои, непроверен и мистериозен, а со тоа и уште попривлечен. Нуркањето е начин да се запознае овој свет, неверојатно комбинирајќи во себе нови впечатоци, естетско задоволствво, романтични авантури, самозапознавање, и се разбира, бескрајно задоволство. Враќање во хотелот околу 16 ч.


или


3. Пустинско сафари со вклучена вечера. Заминување од хотелот во 12 ч. Вашето запознавање со Египет нема да биде целосно ако пропуштите патување во пустината за сафари. Ќе имате можност да добиете неповторливи впечатоци од возењето со џипови по дините, екстремно возење на квадроцикли и баги. Ќе јавате камила и ќе се запознаете одблизу со животот на бедуините во пустината, ќе посетите мала зоолошка и терариум, ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц). Враќање во хотелот околу 21 ч.

3
ХургадаЛуксор

Појадок (сув пакет). Рано заминување со автобус за Луксор. Трансфер до бродот за крстарење. Ручек. Попладне, туристичка програма по источното крајбрежие на Нил и храмот во Луксор, кој е лоциран на остатоците на древна Тива. Големиот храм во Луксор, подигнат од Рамзес II е посветен на боговите Амон Ра, Мут и Хонсу и импресионира со своите папирусни џиновски колони. Заминување за Карнак – своевиден излог на достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храмови и неколку помали. Посета на музеј за папирус. Вечера и ноќевање на бродот.

4
Деир-ел-БахариЕдфу

Појадок. Поаѓање кон Деир-ел-Бахри - комплекс од царски гробници и погребални храмови од Новото царство, лоциран на западнио т брег на реката Нил. Посета на Долината на кралевите, каде што се наоѓаат 62 гробници на фараони, од кои едната е на Тутанкамон; импресивниот храм на Хатшепсут - првата жена фараон која го управувала Египет две децении; колосите на Мемнон каде е насликан седнатиот фараон Аменхотеп III. Посета на локална фабрика за алабастер. Ручек на бродот. Поаѓање кон Едфу преку Есна. Вечера и ноќевање на бродот.

5
ЕдфуКом ОмбоАсуан

Изградбата на храмот започнала во 237 год. пр.н.е. за време на владеењето на Птоломеј III и завршува речиси 2 века подоцна, во 57 год., за време на владеењето на Птоломеј XII - таткото на познатата Клеопатра. Враќање на бродот. Појадок. Слободно време на бродот за крстарење. Ручек. Разгледување на Храмот во Ком Омбо. Тој бил изграден во хеленистичката епоха, т.е. за време на Птоломеите и претставува необичен двоен храм, посветен на Собек - бог на крокодилите и на Хор - бог на соколите. Поаѓање за Асуан. Вечера и ноќевање на бродот.

6
Асуан

Појадок. Слободно време во Асуан - најјужниот град во Египет. Можност за самостојна прошетка низ колоритниот пазар на Асуан или по желба посета на дополнителни екскурзии понудени на лице место од компанијата партнер (со доплата). Ручек на бродот. Попладне, туристичка програма во реонот на Асуан: Високиот ѕид на браната Насер, која служи како бариера на р. Нил. Нејзината изградба неколку пати е одложувана поради политички причини и поради потребата од преместувањето на важни археолошки локалитети; Незавршениот обелиск - Величествен споменик со височина 42 метри и тежина 1 200 т, кој никогаш не бил подигнат. Напуштен е во карпата во која бил издлабен уште во древноста поради појава на пукнатина. Разгледување на храмот на Изида. Првично, тој се наоѓал на о-овот Филае, кој е преплавен денес од страна на водите на браната Насер. Храмот е спасен и префрлен во о-ов Агилика , благодарение на масовната спасувачка операција на УНЕСКО. Вечера и ноќевање на бродот.



Туристичка програма по желба и претходна резервација (се избира една од двете екскурзии):



1. Екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучени влезници. Рано заминување од бродот (околу 04:30 ч.) за Абу Симбел кој е лоциран на западниот брег на р.Нил. При изградбата на браната Насер, храмовите се поместени со 65 м. повисоко од оригиналното место. Таму се наоѓаат двата, издлабени во карпа древноегипетски храмови со исклучително убава и импозантна фасада од времето на Рамзес II (околу 13 в. Пр.н.е), по неговата победа кај Кадеш. Големиот храм е посветен на боговите Амон Ра, Хор и Птах. Многу блиску до Големиот храм се наоѓа т.н. Мал храм или храм на Хатхор и Нефертари. Ова е првиот храм посветен на кралица во историјата на Египет. Храмовиот комплекс денес е заштитен од УНЕСКО.


или


2. Екскурзија Комбо - пловење со чамец Флука, посета на ботаничката градина во гр. Асуан и Нубијската населба. Поаѓање од бродот околу 08:00 ч. со традиционален египетскаи чамец Флука со големо платно. Пловење по реката Нил и пристигнување до ботаничката градина на Асуан. Разгледување на ботаничката градина. Поаѓање со моторен чамец кој плови по течението на реката Нил и пристигнување до Нубијската населба. Разгледување на комплекс од куќи каде се претставени локалните обичаи. Разгледување на крокодили и можност за фотографирање. Враќање назад на бродот со моторен чамец.

7
Асуан

Ран појадок (или сув пакет). Трансфер до аеродромот во Асуан за директен внатрешен лет до Каиро со авиокомпанијата "Egypt Air" во 08:55 ч. Слетување на аеродромот во Каиро во 10:20 ч.


Туристичка програма во Каиро (вклучена во цената): Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленат со своето величество и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во поглед на Каиро. Исто така, нема да ја пропуштите и средбата со импозантната статуа на Сфингата. Ручек (сув пакет). Посета на фабрика за парфеми. Подоцна ќе го посетите и историскиот музеј во Каиро, кој има многу скапоцени експонати од ерата на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони. Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Вечера во ресторан во Каиро. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

8
Софија

Појадок. Трансфер до аеродромот во Каиро. Поаѓање за Бугарија во 10:00 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Софија во 13:40 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање!).

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително легло во двокреветна соба за 1-во дете од 2 до 11.99 г.
-€20
Еднокреветна соба
+€245
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Пустинско сафари (со вклучена вечера ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€50
од 2 г. до 11 г.
€40
Островот Гифтон и нуркање (со вклучен ручек , безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€30
од 2 г. до 11 г.
€20
Нуркање во Црвеното Море (со вклучени осигурување за нуркање , ручек и пијалоци ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€50
од 2 г. до 11 г.
€40
Екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучени влезници - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€90
од 2 г. до 11 г.
€60
Екскурзија Комбо - прошетка со чамец Флука; посета на ботаничката градина во гр.Асуан и Нубијската населба – при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€40
од 2 г. до 11 г.
€30
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Хургада, Каиро - Софија за директен чартер лет  на авиокомпанијата "BH Air"со вклучени аеродромски такси
Авионски билет за директен внатрешен лет од Асуан до Каиро на авиокомпанијата "Egypt Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг
Опишаните во програмата трансфери
2 ноќевања на база All inclusive во хотел "Stella Di Mare Gardens Resort & Spa" 5* (или сличен) во Хургада
4 ноќевања на база полн пансион на брод за крстарење 5* од Луксор до Асуан на компанијата "Presidential Nile Cruises" (или слична)
1 ноќевање со појадок во хотел "Cairo Pyramids" 5* (или сличен) во мегаполисот Каиро (во реонот на Гиза)
1 вечера во ресторан во Каиро
Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро
Опишаната туристичка програма - Храмот на Изида и незавршениот обелиск во Асуан; храмовите во Ком Омбо и Едфу; храмовите во Луксор и Карнак; Долината на кралевите и храмот на Хатшепсут
Влезници за посета на објекти по програмата без посочените во "Цената не вклучува"
Локален водич
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување
Водич - преведувач од Бугарија за време на целото патување.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Египет: 25 USD - се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, туристите ќе бидат известени навремено.)
Такса за гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква)
Бакшиш за локалниот водич : 25 USD на турист за целиот престој (со доплата на лице место )
Дополнителни екскурзии и услуги по програмата
Влезници за гробницата на Тутанкамон (околу 250 EGP); за Кеопсовата пирамида (околу 400 EGP) , за Музејот на мумии (околу 180 EGP), такса за фотографирање во Историскиот музеј (околу 50 EGP) во Каиро
Влезници за други музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба
Пијалоци за време на ручеците и вечерите
Трошоци од личен карактер
Локален и градски транспорт
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Програмата се спроведува со минимум 80 туристи!
Валута: Локалната парична единица е Египетска лира или Египетска фунта (EGP).  Девизен курс на долар / фунта е приближно 1 USD = 16 EGP.
Не е препорачливо извезување на локална валута од земјата!
Резервации: депозит при резервација - 50% од цената на патувањето ; доплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот, кој следува по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена; од 60 до 31 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; од 30 ден до датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "такса за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на таксата за гориво и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
За уплата на екскурзии на лице место НЕ се прифаќаат кредитни картички.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
ВИЗЕН РЕЖИМ:
Македонските државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето се спроведува со минимум 80 туристи.
Други програми за Египет »