Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Богатства на Франција - Париз, Нормандија, Бретања и Долината на Лоара

Софија – Париз – Руан – Авр – – Каен – Мон Сен Мишел – Сент Мало – Рен – Замъците по Лоара – Орлеан – Париз – Версаj – Париз – – Софија

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
16.08.2020 г.
€749
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
20.09.2020 г.
€715
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаПаризРуан
~140 km

Заминување во 13.50 ч. од Терминал 1 на аеродромот во Софија со лет на авиокомпанијата "Wizz Air" за Париз. Пристигнување во 15.50 ч. на аеродромот Бове. Поаѓање за Руан. Сместување во реонот на Руан во вечерните часови. Ноќевање.

2
РуанАврКаен
~185 km

Појадок. Пешачка прошетка во стариот град на Руан: катедралниот плоштад со катедралата "Св. Богородица" во готски стил - една од најголемите и величествени катедрали во Франција; Судската палата - ремек-дело на готската уметност; плоштадот "Вјо Марше" - местото каде Јованка Орлеанка била изгорена на клада во 1431 година. Поаѓање за Авр. Пешачка прошетка во центарот на градот: булеварот "Фош"; плоштадот на општната; црквата "Сен Жозеф" – најинзворедниот симбол на Авр и катедралата "Нотр Дам". Поаѓање за Онфлер – шармантно градче, изградено првично со трговска цел, денес е познато по своето старо и исклучително живописно пристаниште, сместено во јужниот дел на устието на реката Сена. Слободно време. Поаѓање за Каен. Пешачка прошетка во центарот на градот: Замокот на Каен, изграден од Вилијам I од Англија; плоштадот "Сен Пиер" со споменикот на Јованка Орлеанка и црквата "Сент Етиен". Сместување во реонот на Каен во вечерните часови. Ноќевање.

3
КаенМон Сен МишелСент МалоРен
~250 km

Појадок. Посета на Мон Сен-Мишел - француска опатија посветена на Архангел Михаил, чија величествена статуа е подигната на врвот на црквата. Денес, опатијата е свето место за поклонување во христијанскиот свет, заедно со Ерусалим и Рим. Поаѓање кон Сен Мало - прекрасно сместен на поранешен остров, сега поврзан со копното со широкото устие на реката Ренс. Со своите стари тврдини, Сен Мало го зачувал својот амбиент на средновековен крајбрежен град. Пешачка прошетка во центарот на градот. Сместување во реонот на Сен Мало / Рен. Ноќевање.

4
РенЗамъците по ЛоараОрлеан
~415 km

Појадок. Заминување во 8.00 часот за долината на реката Лоара. Посета на замокот „Шенонсо“ – един от најромантичните замоци, живописно зачекорил на двата брега на реката Шер, изграден на крајот од 15 век. Посета на замокот „Амбоаз“ – импресивен замок на брегот на реката Лоара каде што се криела Катерина Медичи за време на Религиозните војни. Можност за посета на средновековниот замок „Кло Лусе“ – дом музеј на Леонардо да Винчи, каде што големиот италијански уметник ги поминува последните години од животот. Можност за посета на замокот Гајар-Амбоаз, создаден од кралот Карл VIII на крајот на 15 век и сместен меѓу 15 хектари градини, во кои се засадени првите портокалови дрва во Франција. Сместување во реонот на Орлеан. Ноќевање.

5
ОрлеанПариз
~140 km

Појадок. Пешачка прошетка во Орлеан, нарекуван уште и "градот на Јованка Орлеанка" - тивок и мирен град, кој се наоѓа во еден голем свиок на реката Лоара: катедралата "Свети Крст", сместена во срцето на градот, изградена во готски стил; куќата на Јованка Орлеанка, во која таа поминува десет дена во 1429 година, по поразот на Британците и кревање на опсадата на Орлеанс. Отел Гроло - најубавата ренесансна зграда во градот. Слободно време. Заминување за Париз. Панорамска обиколка со водич на бугарски јазик: Париската "Света Богородица" - едно од најпознатите и прекрасни достигнувања на готската архитектура; Латинскиот кварт и Сорбона; Пантеонот, претворен во мавзолеј за "Големиот народ на ерата на Француската револуција"; Домот на лицата со хендикеп; Луксембуршката градина со палатата, каде што сега е сместен Сенатот; плоштадот "Конкорд", на кој што за прв пат е издигната гилотината; црквата "Сент Мари-Мадлен", позната по името "Мадлената", изградена во стил на грчки храм; Гранд Опера; плоштадот "Вандом"; булеварот "Шан-з-Елизе"; Триумфалната порта; плоштадот "Трокадеро" и Ајфеловата кула. Сместување. Ноќевање.

6
Париз

Појадок. Слободно време во Париз или туристичка програма по желба (неопходно е користење на градски превоз):


1. Прошетка со панорамско бродче по Сена околу историските острови Ла Сите, на кој што е основан Париз во 3 век пр. Хр., и Сен Луи – помалиот од двата острова, создавајќи речиси провинциска атмосфера и мирно место за прошетка.


2. Посета со водич на бугарски јазик на Лувр – најголемиот музеј на уметностите во Европа, чија што најпозната творба без сомнение е "Мона Лиза" на Леонардо да Винчи. 


3. Посета на Опера „Гарние“ со водич на бугарски јазик - најпознатата француска опера, како и најубавата од сите згради во Франција.


Ноќевање.

7
ПаризВерсаj
~60 km

Појадок. Слободно време во Париз – неопходно е користење на градски превоз или туристичка програма по желба: полудневна екскурзија до замокот "Версај" – палатата на Кралот Луј XIV : Големите апартмани и огледалната сала. Прошетка во градините на замокот (при соодветни метеоролошки услови). Ноќевање.

8
ПаризСофија
~150 km

Појадок. Поаѓање за Живерни – мало нормандско градче, кое што придобива светска слава од како Клод Моне таму ги создава своите најголеми дела. Живерни е исто така познат и по прекарот "земја на уметници". Клод Моне оди да живее во Живерни во 1883 г. Много луѓе на уметноста и главно голем круг на американски уметници и приврзаници на импресионизмот се упатуваат кон Живерни. Така, постепено се појавува нова тенденција во уметноста, односно мешање на принципите на импресионизмот со убавината на автентичните нормандски пејсажи. Можност за посета на музејот на импресионизмот или куќата на Клод Моне и градините. Трансфер до аеродромот Бове. Поаѓање за Бугарија во 16.25 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на Терминал 1 на аеродромот во Софија во 20.05 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€305
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) по лице
€25
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) по лице
€81
Чекиран багаж до 32 кг (во двете насоки) по лице
€83
Прошетка со бродче по реката Сена на турист при минимум 20 туристи
€15
Посета на дворецот "Версај" со локален водич на бугарски јазик (со вклучена такса резервација, влезница за дворецот / без градините / и транспорт) на турист при минимум 20 туристи. Максималниот број на туристи за оваа услуга е 30. Ве молиме да ја резервирате услугата на време!
од 26 г.
€66
од 3 г. до 25 г.
€51
Транспорт до "Версај" (без посета на палатата) – се пријавува само ако групата за посета на "Версај" е пополнета
€51
Посета на Лувр со локален туристички водич на бугарски јазик (со вклучена такса резервација и влезница) на турист при минимум 20 туристи. Максималниот број на туристи за оваа услуга е 24. Ве молиме да ја резервирате услугата на време!
€45
Посета на Опера "Гарние" со локален туристички водич на бугарски (со вклучена такса резервација и влезница) на турист при минимум 20 туристи. Максималниот број на туристи за оваа услуга е 30. Ве молиме да ја резервирате услугата на време!
€28
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€25
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Париз - Софија на авиокомпанијата "Wizz Аir" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 10 кг со димензии 40х30х20см
Чекиран багаж до 10 кг (за дати на поаѓање 24.05, 19.07, 16.08, 20.09.2020 г.)
Групен трансфер аеродром - хотел - аеродром
Превоз со комфорен туристички автобус по опишаната маршута
1 ноќевање со појадок во хотел "Ibis Rouen Centre" 3* (или сличен) во Руан
1 ноќевање со појадок во хотел "Ibis Styles Caen Centre Paul Doumer" 3 * (или сличен) во Каен
1 ноќевање со појадок во хотел "Escale Oceania Saint Malo" 3* (или сличен) во Сен Мало
1 ноќевање со појадок во хотел "Campanile Orleans Centre" 3* (или сличен) во Орлеан
3 ноќевања со појадок во хотел "Ibis Paris La Defense Centre" 3* (или сличен) во Париз
Панорамска обиколка на Париз со локален туристички водич на бугарски
Пешачки прошетки во Руан, Авр, Онфлер, Каен, Сен Мало, Орлеанс и Живерни
Посета на Мон Сен Мишел, замокот "Шенонсо" замокот "Амбоаз" и замокот "Кло Лусе" (влезниците се плаќаат дополнително на лице место)
Водич од Бугарија
Патничко осигурување со покритие до 30 000 евра на Осигурителна компанија "Сава Осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса за престој во Франција: меѓу 3-4 EUR на турист на ноќевање (се плаќа на лице место од туристите на рецепцијата на хотелот)
Чекиран багаж до 10кг, 20кг или 32кг (за дати на поаѓање 24.04 и 21.06.2020 г.)
Прошетка со бродче по реката Сена
Посета на Лувр со локален водич
Посета на палатата "Версај" со локален водич
Слушалки за време на посетата во Лувр (3 EUR) и палатата Версај (3 EUR)
Градски превоз во Париз (1,9 EUR - еднонасочен билет за метрото; 16,4 EUR - карнет од 10 билети)
Бакшиши за водич и шофер (1-2 EUR од турист на ден - се плаќа задолжително на лице место)
Влезници за градините на палатата "Версај" (9.50 EUR), за Мон Сен Мишел (10 EUR), за замокот "Шенонсо" (14,50 EUR, за деца до 7 г. - бесплатно), за замокот "Амбоаз" (11.7 EUR, за деца до 18 г. - 7.8 EUR), замокот "Кло Лусе" (15.5 EUR, за деца до 18 г. - 11 EUR); замокот "Гајар-Амбоаз" (13 EUR)
Влезници и билети за други музеи, објекти и настани, посетувани по желба
Трошоци од лична природа
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
За да се реализираат дополнителните услуги и настани за програмата, потребно е да ги побарате уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
За да ги посетите Лувр и Версај со локален водич, е потребно да побарате овие услуги при склучување на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со претходна резервација и има ограничување во максималниот број туристи во група.
Туристичката програма се спроведува на бугарски јазик.
Време: С.Македонија 11 ч. / Бугарија 12 ч. / Франција 11 ч.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македнските граѓани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Патувањето се спроведува со минимум 30 пријавени туристи.
Други програми за Франција »