Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Шпанија и Португалија (преку Малага) - авионска програма!

Рани резервации!

Софија – Малага – Кордоба – Лисабон – Kоимбра – Авеиро – Порто – Фатима – Алгарве – Севиља – Гранада – Малага – Софија

Екскурзија со автобус и авион
8 дена

Со оваа екскурзија ќе го почувствувате огнениот темперамент на Андалузија со својата извонредна мавританска архитектура и убавите пејсажи на Португалија.

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМалагаКордоба
~170 km

Поаѓање во 14:00 ч. од аеродромот во Софија (Терминал 1) за Малага со лет на авикомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Малага во 16:55 ч. Поаѓање за Кордоба. Сместување во реонот на Кордоба / Антекера околу полноќ. Ноќевање.

2
КордобаЛисабон
~500 km

Појадок. Туристичка програма во Кордоба - поранешна престолнина (8 - 13 век) на Ал Андалуз, маварската држава на Пиринејскиот полуостров, град лоциран на брегот на реката Гвадалкивир со вистинска шпанска атмосфера. Пешачка прошетка во историскиот центар на градот: Катедралата “Мескита де Кордоба”, изградена за време на маврите како втора најголема џамија во светот по Мека и обновена во католичка црква во 13 век, а денес е катедрален храм на Архиепископот на Кордоба; тврдината "Алкасар"  од каде е предводена реконкистата на Гранада; римскиот мост и маварската заштитна кула "Калаора". Слободно време. Поаѓање за Португалија. Сместување во реонот на Лисабон. Ноќевање.

3
Лисабон

Појадок. Панорамски обиколка на Лисабон со локален водич: плоштадот "Маркеш де Помбал"; Квартот Бајша, реставриран по земјотресот во 1755 год.: плоштадите "Роси", "Фигеира" и "Комерсио", Статуата на морепловците, кулата "Белем" и манастирот "Жеронимош", кој се смета за ремек-дело на португалската мануелска уметност, чиј основоположник е кралот Мануел. Попладне - слободно време за посета на "Алфама" - стариот кварт на Лисабон, познат по тесните улички, традиционалните фадо ресторани и бројните барови, до каде искачувањето е со ретро трамвај - потребно е користење на локален и градски превоз. По желба, Фадо шоу со вклучени 2 пијалаци  (околу 22.00 ч. поаѓање од хотелот, 22.30 ч. пристигнување во ресторанот, околу 00.30 - 01.00 ч. враќање во хотелот). Ноќевање.

4
ЛисабонKоимбраАвеироПорто
~350 km

Појадок. Поаѓање за Коимбра - многу симпатичен град благодарение на неговата уникатна студентска атмосфера. Над градот се простира најстариот универзитет во Португалија (порано Кралската палата), во кој е сместена познатата барокна библиотека. Пешачка прошетка по тесните и мали улички на Коимбра: старата романска катедрала и "Бајша" или "долниот град", кaде што се наоѓа трговскиот дел на градот. Поаѓање кон Авеиро, нарекуван уште "Португалската Венеција" поради својот систем од канали и чамци слични на оние во Венеција. Поаѓање за Порто. Сместување во реонот на Порто. Ноќевање.

5
Порто

Појадок. Туристичка програма во Порто, втор град по големина во Португалија, вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО: Станицата “Сао Бенто”; камбанаријата на “Торе душ Клеригуш”; Катедралата, од каде по средновековните улици со гранитни куќи од 12 век се стига до крајбрежната улица "Дуеро". Слободно време со можност за прошетка со брод по реката Дуеро. Ноќевање.

6
ПортоФатимаАлгарве
~585 km

Појадок. Поаѓање за Фатима - најпознатиот поклонички центар на Португалија. Заминување за Алгарвe - најјужната провинција на Португалија со престолнината Фаро. Сместување во Алгарвe. Ноќевање.

7
АлгарвеСевиљаГранада
~450 km

Појадок. Поаѓање за Севилја. Туристичка програма во Севилја - уникатен град, главен град на Андалузија, со монументални архитектонски и историски споменици: плоштад "Шпанија" - полукружниот комплекс оформен на местото каде во 1781 година е изгорена на клада последната вештерка; паркот "Марија Луиза", каде во 1929 год. беше спроведено латино - американското шоу; Златната кула - дванаесетстрана заштитна кула од 13 век; зградата на стоковата берза во која денес се чува архивата поврзана со отворањето и колонизацијата на Америка, како и дневникот на Кристофер Колумбо и мапата на светот на Хуан де ла Коса; палатата "Алкасар де Севиља" - една од најдобро зачуваните примери за стилот мудехар, омилено место на шпанското кралско семејство; Катедралата со гробот на Кристофер Колумбо, која според последните мерења е најголемата во светот и кулата "Хиралда", која за време на владеењето на Маврите била главното минаре на главната џамија. Слободно време. Поаѓање за Гранада. Сместување во реонот на Гранада во вечерните часови. По желба Фламенко шоу во пештерите на Сакрамонте со вклучен трансфер од и до хотелот, 1 пијалок (чаша вино, сангрија или пиво) и вечерен разглед на Албасин  - стара мавританска населба во Гранада, која што е вклучена во списокот на УНЕСКО. Ноќевање.

8
ГранадаМалагаСофија
~135 km

Појадок. Можност за посета со локален водич на "Аламбра" - средновековната резиденција на Маврите и импресивен комплекс од споменици, со импресивни палати на династијата Насриди и фантастични дворови, арки, фонтани и градините Хенералифе (За да можете да учествувате во оваа дополнителна услуга, поради ограничувањето на максималниот број учесници, потребно е да ја побарате услугата однапред, при потпишувањето на договорот). Поаѓање за Малага. Трансфер до аеродромот на Малага. Заминување во 17:30 часот за Бугарија со лет на авикомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 22:00 ч. 

СМЕСТУВАЊЕ
Хотел ***
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло во двокреветна соба
-€14
Еднокреветна соба
+€215
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
6 вечери на турист при минимум 15 туристи
€125
Посета на палатата "Аламбра", Хенералифе и палатата на Насридите со локален водич (со вклучена влезница) на турист при минимум 20 туристи. Максималниот број туристи за оваа услуга е 29. Ве молиме да резервирате на време!
€45.50
Фадо шоу во Лисабон со вклучени 2 пијалаци и транспорт од и до хотелот на турист при минимум 20 туристи
€45.50
Фламенко шоу во пештерите на Сакрамонте со вклучен трансфер од и до хотелот, 1 пијалок (чаша вино, сангрија или пиво) и вечерна обиколка на населбата Албаисин на турист (при минимум 15 туристи)
€28
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување (на турист во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( на турист во еднокреветна соба)
€26
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Малага - Софија со вклучени аеродромски такси и багаж (рачен со димензии 40/30/20 см до 10кг и чекиран до 20кг) на авиокомпанијата "Wizz Air"
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт по опишаната во Шпанија и Португалија маршрута со туристички автобус
1 ноќевање со појадок во хотел 3* во реонот на Кордоба / Антекера
2 ноќевања со појадок во хотел 4* во реонот на Лисабон
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во реонот на Порто
1 ноќевање со појадок во хотел 4* во реонот на Алгарве
1 ноќевање со појадок во хотел 3* во реонот на Гранада
Туристичка програма со локален водич во Лисабон и Порто
Посета на Коимбра, Авеиро и Фатима
Пешачка прошетка во Севилја и Кордоба
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водич на бугарски/македонски/српски јазик
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса за престој во Португалија: Лисабон - 2 EUR, Порто - 2 EUR, Алгарве - 1 EUR по турист на ден. Таксата се плаќа индивидуално од туристите на рецепцијата на хотелот
Чекиран багаж до 32 кг
Влезница за Катедралата (9 EUR) и дворецот "Алкасар де Севилја" во Севилја (9,50 EUR)
Посета на Гранада
Посета на палатата "Аламбра", Хенералифе и палатата на Насридите со локален водич во Гранада
Влезници за Џамијата - катедрала во Кордоба (10 EUR) и дворецот "Алкасар" (4,5 EUR) во Кордоба
Прошетка со бродче по реката Дуеро (околу 15 EUR)
Бакшиш за шоферот (2 EUR на турист на ден - мора да се плати на лице место)
Влезници и билети за други музеи, објекти и настани, посетувани по желба и градски превоз
Лични трошоци
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
За да се реализираат дополнителните услуги и настани по програмата, потребно е да ги побарате уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
За да го посетите дворецот Аламбра, Хенералифе и палатата на Насридите со локален туристички водич, треба да ја запишете оваа услуга при потпишување на договорот за организирано патување, бидејќи е поврзана со резервација и има ограничување на максималниот број туристи во група.
Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часовите на летовите.
Музеите во Лисабон се затворени за посета во понеделник
Катедралата во Севилија во недела се отвара за посета после 14.30 ч.
Патувањето се спроведува при минимум 40 туристи.
Тврдината "Алкасар" во Кордоба е затворена за посета во понеделник.
Патувањето генерално не е погодно за лица со ограничена подвижност!
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим:
Македонските државјани, кои што патуваат за земјата, е потребно да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата.
Други програми за Португалија »