Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Шпанија - Кастиља и Андалузија

Софија – Мадрид – Толедо – Гранада – Montilla – Кордоба – Carmona – Севиља – Ронда – Малага – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМадрид

Поаѓање во 07:25 ч. од Терминал 2 на аеродромот во Софија со лет на авиокомпанијата "Ryan Air" за Мадрид. Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 10:10 ч. Туристичка програма во Мадрид : Кралскиот дворец, изграден за време на владеењето на Фелипе V; Плоштадот “Ориенте” - омилено место за жителите и гостите на Мадрид; плоштадот "Шпанија" со споменикот на големиот писател Мигел де Сервантес и статуата на Дон Кихот и Санчо Панса; “Гран Виа” - најпознатата улица во градот; плоштадот “Ла Сибелес” со фонтана посветенa на божицата на плодноста; Музејот “Прадо”; “Плаза Мајор” - срцето на градот; “Пуерта дел Сол” со “нулта километар” на Кралството Шпанија и симболот на Мадрид - Статуата на мечката и дрвото Мадроњо. Трансфер до хотелот. Сместување (по 14.00 ч.). Слободно време (неопходно е користење на градски транспорт). Ноќевање.

2
МадридТоледоГранада

Појадок. Поаѓање за Толедо - неверојатна мешавина на христијанска, мавританска и еврејска култура. Можност за посета на готската катедрала од 13 век и Црквата “Санто Томе” со ремек-делото на Ел Греко "Погреб на грофот Oргас". Поаѓање за Гранада. Сместување во реонот на Гранада во вечерните часови. По желба фламенко шоу во пештерите на Сакрамонте со влкучен еден пијалок и трансфер од и до хотелот. Ноќевање.

3
ГранадаMontillaКордоба

Појадок. Пешачка прошетка во историскиот центар на Гранада – најтемпераментниот шпански град, сметен во подножјето на Сиера Невада. Можност за посета на "Аламбра"- средновеконата резиденција на маврите и импресивен комплекс од споменици со палати на династијата Насриди и фантастични дворови, арки, фонтани и градините Хенералифе, со локален водич (За да можете да учествувате во оваа дополнителна услуга, поради ограничувањето на максималниот број на учесници, потребно е однапред да ја побарате услугата при потпишување на договорот). Поаѓање за Монтиља. Кратка пешачка прошетка во Монтиља. Слободно време или туристичка програма по желба: посета на винарија со дегустација на популарното вино од винарската област Монтиља - Морилес. Поаѓање за Кордоба – поранешен главен град (8 - 13 век) на Ал Андалус,маврската држава на Пиринејскиот полуостров, град сместен на брегот на реката Гвадалкивир, со вистинска шпанска атмосфера. Сместување во реонот на Кордоба. Ноќевање.

4
КордобаCarmonaСевиља

Појадок. Пешачка прошетка во историскиот центар на градот: Катедралата "Мескита де Кордоба", изградена во времето на маврите како втора по големина во светот џамија после таа во Мека, и преуредена во католичка црква во 13 век, денес е катедрален храм на архиепископот на Кордоба; тврдината„Алкасар“, од каде што е раководена реконквистата на Гранада; римскиот мост и мавриската одбранбена кула „Калаора“. Поаѓање за Кармона. Пешачка прошетка во Кармона. Поаѓање за Севиља. Сместување во реонот на Севиља. Ноќевање.

5
Севиља

Појадок. Туристичка програма во Севиља - уникатен град, главен град на Андалузија, со монументални архитектонски и историски споменици: плоштад "Шпанија" – полукружен комплекс, оформен на местото каде што во 1781 год. последната вештерка била запалена на клада; Парк “Марија Луиза”; Златната кула - одбранбена кула со 12 страни од 13 век; зграда на стоковната берза; во која денес се чува архивата поврзана со отворањето и колонизацијата на Америка, како и дневникот на Кристофер Колумбо и картата на светот на Хуан де ла Коса; Палатата “Алкасар де Севиља” - еден од најдобро зачуваните примери на стилот Мудехар, омиленото место на шпанското кралско семејство; Катедралата со гробот на Кристофер Колумбо, кој според последните мерења е најголемата во светот готска катедрала и кулата "Хиралда", која за време на владеењето на Маврите била примарното минаре на главната џамија. Слободно време.

6
СевиљаРондаМалага

Појадок. Поаѓање за Ронда – древно село, во кое што свој белег оставиле феникијците, картагенците, римјаните и муслиманите. Градот е сместен на рид, пресечен од кањонот на реката Гуадалевин, од каде што живописно надѕиркуваат куќите. Овој романтичен град го има привлечено вниманието на многу поети и писатели од XIX и XX век како Вашингтон Ирвинг, Проспер Мериме, Форд и Доре, а една од историите за градот го инспирира Хемингвеј да ја напише книгата "За кого бијат камбаните ". Пешачка прошетка во стариот дел на градот: најстарата арена за борба со бикови „Пласа де торос“, изградена во 18век, новиот и арапскиот мост над кањонот, Музејот на виното, во кој ќе имате можност да дегуститирате типични андалузииски вина и ликери. Слободно време. Поаѓање за Марбеља. Пешачка прошетка: Портокаловиот плоштад со прекрасната црква „Христос на љубовта”. Слободно време за посета на бутици, ботаничката градина со 10-те светски познати статуи на Салвадор Дали. Поаѓање за Малага. Сместување во реонот на Малага во вечерните часови. Ноќевање.

7
МалагаСофија

Појадок. Туристичка програма во Малага – родното место на познатиот уметник Пабло Пикасо, град исполнет со шарм, атрактивен и космополитски, полн со широки булевари, високи палми, жив ноќен живот, богат со историси споменици, музеи и ресторани. Пешачка прошетка во историсиот центар на Малага, кој изобилува од мали атрактивни улици и шармантни плоштадчиња. Трансфер до аеродромот на Малага. Поаѓање во 17:30 ч. за Бугарија со лет на авиокомпанијата „Wizz Air“. Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 22:00 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€214
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) по турист
€97
Посета на палатата "Аламбра", Хенералифе и палатата на Насридите со локален водич (со вклучена влезница) при минимум 20 туристи. Максималниот број на туристи на оваа услуга е 29. Ве молиме да ја резервирате услугата на време!
€45
Фламенко шоу во пештерите на Сакромонте со вклучен еден пијалок и трансфер од и до хотелот на турист (при минимум 15 туристи)
€28
Прошетка со бродче по реката Гвадалкивир во Севиља на турист (при минимум 15 туристи)
€25
Посета на винарска визба во Монтиља со вклучена дегустација на вино на турист (при минимум 15 туристи)
€20
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** пред заминување (цена на турист за сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** пред заминување (цена на турист за сместување во еднокреветна соба)
€25
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување (цена на турист за сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување (цена на турист за сместување во двокреветна соба)
€25
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Мадрид на авиокомпанијата "Ryanair" со вкучени аеродромски такси и еден кабински багаж со димензии 40/20/25 см.
Авионски билет Малага - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и еден кабински багаж со димензии 40/30/23 см до 10 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт по опишаната маршрута во Шпанија со туристички автобус
1 ноќевање со појадок во хотел "EXE Moncloa" **** (или сличен) во реонот на Мадрид
1 ноќевање со појадок во хотел "Maciá Monasterio de los Basilios" ***(или сличен) во реонот на Гранада
1 ноќевање со појадок во хотел "EXE Las Adelfas" **** (или сличен) во реонот на Кордоба
2 ноќевања со појадок во хотел YIT Via Sevilla Mairena" **** (или сличен) во реонот на Севиља
1 ноќевање со појадок во хотел "Eurostars Mijas" **** (или сличен) во реонот на Малага / Коста дел Сол
Туристичка програма во Севиља, Мадрид и Валенсија.
Пешачки прошетки во Толедо, Гранада, Монтиља, Кордоба, Кармона, Ронда, Марбеља и Малага
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување" ( пакет GOLD )
Водич од Бугарија
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Чекиран багаж до 20кг.
Посета на палатата"Аламбра", Хенералифе и палатата на Насридите со локален водич во Гранада
Фламенко шоу во пештерите на Сакромонте
Прошетка со бродче по реката Гвадалкивир во Севиља
Посета на винарската визба во Монтиља со вкучена дегустација на вино
Влезници за музејот "Прадо" (15 EUR, за деца до 18 г. - бесплатно), музејот "Кралица Софија"(10 EUR, за деца до 18 г. - бесплатно), Кралската палата (11 EUR, за деца до 16 г. - 6 EUR) во Мадрид
Влезници за Катедралата (12,50 EUR) и црквата "Санто Томе" (2,80 EUR) во Толедо
Влезница за Џамијата - катедрала (10 EUR) и палатата "Алкасар" (4,5 EUR) во Кордоба
Влезница за Катедралата и кулата "Хиралда" во Севиља (9 EUR)
Бакшиш за шоферот (2 EUR од турист на ден - се плаќа задолжително на лице место)
Влезници и билети за други музеи, обејкти и настани, кои се посетуваат по желба и градски транспорт
Градски транспорт
Трошоци од лична природа
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Туристичката програма се спроведува на бугарски јазик.
Време: Македонија 11 ч., Бугарија 12 ч., Шпанија 11 ч.
За да се реализираат дополнителните услуги и настани по програмата, потребно е да се најават уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
За да ја посетите палатата "Аламбра", Хенералифе и дворецот на Насридите со локален водич, е потребно да ја побарате оваа услуга при склучување на договорот за организирано патување, бидејќи спроведувањето е поврзано со претходна резервација и има ограничување во максималниот број туристи во група.
Екскурзијата се спроведува со минимум 40 регистрирани туристи!
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
Медицински и здравствени услови:
Не постојат медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визно - пасошки режим
Македонските граѓани кои патуваат за земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.
Други програми за Шпанија »