Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор на КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – о-в Тенерифе, хотел H10 Tenerife Playa ****

Рани резервации!

Софија – Тенерифе – Порто де ла КрузОстров Ла ГомераСанта Круз де ТенерифеЛа Оротава – Тенерифе – Национален парк ТејдеКанделарија – Playa de las Americas

Одмор со авион
8 дена

Хотел H10 Tenerife Playa 4*

Пуерто де ла Круз

 

Локација

Хотелот „H10 Tenrife Playa“ се наоѓа на крајбрежната алеја во одморалиштето Пуерто де ла Круз, едно од најатрактивните туристички места на островот Тенерифе. Овде ќе најдете некои од најважните туристички атракции на островот, како што е забавниот комплекс „Лаго Мартианес“ и тематскиот „Лоро Парк“.

„Лаго Мартианес“  се наоѓа во непосредна близина на хотелот, а на посетителите им нуди неколку базени со морска вода, оформени како убави природни езера. Влезница за Lago Martianes - 5,50 EUR за возрасни / 2,50 EUR за деца до 10 години; цената вклучува користење на лежалки. За чадор се доплаќа околу 3 евра. Работно време - секој ден од 10:00 до 17:00 ч. На околу километар (ок. 15-20 минути пеш) се наоѓа автобуската станица во Пуерто де ла Круз, каде што на околу 30 минути тргнува автобус до главниот град на островот - Санта Круз.

 

Хотел

Во хотелот: бесплатен Wi-Fi во целиот хотел, 2 базени за возрасни, 1 базен за деца, џакузи, велнес центар со сауна, турска бања, најразлични релаксирачки терапии и масажи со доплата, спортски центар, сончева тераса со поглед на океанот, спортско игралиште, две конференциски сали.

Соби

Во собите: телевизија со меѓународни канали; минибар (со доплата); сеф (со доплата), клима, комплетно опремена бања со фен, балкон.

 

Ресторани и барови

Хотелот има два ресторани и два барови.

„Ел Драго“ е ресторан кој нуди услуга на блок маса и шоу кукинг. Има тераса со прекрасен поглед на океанот. Дрес код: долги панталони.

„Ел Лагар“ е бар покрај базенот и ресторан „а ла карт“.

Бар „Тенерифе“ има тераса во градината на хотелот и тука често се организираат вечери со музика во живо.

 

Велнес центарот Деспасио е место каде што можете да го разгалите вашето тело и ум.

Тука ќе најдете:

- сауна, турска бања, масажа и третмани за тело (со доплата);

- сончева тераса со поглед кон морето (бесплатно користење од гостите на хотелот);

- спортски центар (бесплатна употреба).

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаТенерифе

Поаѓање од аеродромот во Софија со директен чартер лет на авиокомпанијата "BН Air". Пристигнување на аеродромот "Тенерифе Југ". Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

2

Појадок. Информативна средба.


Туристичка програма во Пуерто де ла Круз (вклучено во цената): Пуерто де ла Круз - втор најгусто населен реон на островите, каде што започнува да се развива туризмот на Канарските острови. Главната знаменитост тука е катедралата "Нуестра Сењора де ла Пена де Франсија" - типичен католички храм, кој се наоѓа во централниот дел на Пуерто де ла Круз. Во катедралата се наоѓаат едни од најпочитуваните олтари на островот - "Дева Кармен од Пуерто де ла Круз" и "Големата сила на Бог". По желба - посета на ботаничката градина.


Вечера. Ноќевање.

3

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Целодневна екскурзија до Остров Ла Гомера (на англиски јазик): Рано наутро (околу 5:30 ч.) трансфер до пристаништето на Лос Кристианос во јужниот дел на островот. Патување со траект до пристаништето Сан Себастијан – главен град на остров Ла Гомера, од каде што започнува искачувањето до Национален парк Гарахонај - суптропска шума и биосферски резерват заштитен од УНЕСКО. Пауза во заштитената месност "Ла Лагуна Гранде". Заминување преку националниот парк кон населбите Ермигуа и Агуло - ручек во локален ресторан со демонстрација на традиционалниот за островот "Начин на зборување со свиркање". Враќање во Сан Себастијан. Кратко слободно време за прошетка. Поаѓање со фериброд кон Лас Кристианос и од таму со автобус до хотелот.


ИЛИ


Еднодневен билет за посета на тематскиот парк "Сиам парк" - најголемиот аквапарк во Европа. Се наоѓа на површина од 185 квадратни километри на планината Адехе, во јужниот дел на Тенерифе. Овде посетителите можат да сурфаат на гигантските бранови, да се спуштаат по тобогани со голема брзина или да го покачат адреналинот поминувајќи низ базен со ајкули. "Siam Beach" ги има највисоките вештачки бранови во светот,кои се идеални за оние кои сакаат да ја совладаат уметноста на сурфањето. Таканаречената "Моќна кула" е една од најголемите атракции: достигнува висина од 28 метри и претставува вертикална лизгалка која ве спушта покрај базенот со ајкули.


*Посетата на паркот е индивидуална. Автобусот ги зема туристите од ресторан "McDonald's" кај хотел "Catalonia Las Vegas" 4* во 08:30 ч. Во 17:30 ч. се поаѓа назад од "Сиам Парк".

4

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Екскурзија до Сан Кристобал де ла Лагуна и Санта Круз (на бугарски јазик): Поаѓање од Пуерто де ла Круз кон Сан Кристобал де ла Лагуна - студентскиот центар на остров Тенерифе. Кратка пешачка прошетка во централниот дел на градот: Плоштадот "Аделантадо", Доминиканскиот манастир, зградата на општината, катедралата на Ла Лагуна. Заминување за главниот град на островот Тенерифе - Санта Круз де Тенерифе, најголем град и главен административен центар на ентитетот Канарски Острови. Кратка пешачка прошетка во централниот дел на градот: плоштадот "Шпанија", главната трговска улица. Слободно време за прошетка. 

5

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Полудневна екскурзија – обиколка на северниот дел на островот (на бугарски јазик): Поаѓање од Пуерто де ла Круз за Ла Оротава - град познат по својата исклучителната архитектура. Пешачка прошетка во централниот дел на градот: црквата "Сан Аугостин", зградата на лицеја, зградата на општината, куќата со балконите, катедралата " Нуестра сењора Де ла Консепсион". Долината на Оротава е позната по своите импресивни пејсажи, крунисани со вулканот Теиде, тропска клима и прекрасни градини. Поаѓање кон Икод де лос Винос - дом на најголемото и високо Драсаена драко( Змејово дрво) во светот. Кратка прошетка за фотографирање и по желба дегустација на ликер од банана и рум со мед локално производство.

6
Тенерифе

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Прошетка со туристичко бродче "Шогун" и набљудување на делфини (со услуги на англиски јазик): Наутро трансфер до пристаништето Порто Колон, кое се наоѓа во јужниот дел на островот. Поаѓање со туристичко бродче "Шогун" - ќе имате можност да набљудувате делфини во нивната природна средина. Тенерифе е второ најпопуларно место во светот каде што може да се видат делфини и китови пилоти. Не ја пропуштајте оваа можност и уживајте во нивното шоу! За време на патувањето ќе може да уживате во сончевите зраци, да пливате во прекрасниот залив "Маска" со кристална вода и да ручате на бродот. Попладне, враќање на пристаништето во Порто Колон. Трансфер до Пуерто де ла Круз со времетраење околу 1:30 ч.


ИЛИ


Мини крстарење со катамаран "Royal Delfin" со проѕирно дно. Вклучува: ручек, разгледување на карпите "Лос Гигантес", можност за пливање и набљудување на делфини. Услуги на англиски јазик. Времетраење околу 4 ч. и 30 мин.. Автобусот ги зема туристите од ресторан "McDonald's" во хотел "Catalonia Las Vegas" 4 * во 11:30 часот. Поаѓање за Плаја де лас Америкас. По пат автобусот запира на уште неколку места, за да се приклучат и други туристи. Пристигнување на пристаништето Порто Колон во Плаја де лас Америкас. Заминување со катамаран "Royal Delfin" во 14:00 часот. За време на ова мини крстарење на располагање на туристите има бар, кој нуди бесплатно пиво, сангрија, безалкохолни пијалоци и вода. Ручекот, кој се нуди на катамаранот, обично вклучува ќофтиња со сос од домати, ориз, зелка салата, леб и банана за десерт. За време на крстарењето е предвидено време за пливање и разгледување на карпите "Лос Гигантес". По крајот на крстарењето следува трансфер до хотелот "Catalonia Las Vegas" 4 *.

7

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Целодневна екскурзија до национален парк "Теиде" (со услуга на бугарски јазик): Ова е еден од најпосетуваните национални паркови во Шпанија и во светот , кој е познат по импресивните глетки. Од 2007 година се вбројува во Листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Врвот Теиде е висок 3718 метри што е највисока точка во цела Шпанија. Поаѓање од Пуерто де ла Круз кон Агуамаса. Пауза кај карпестите формации "Маргарита де Пиедра". Од националиот парк "Теиде" се продолжува со автобус кон Белата планина до 2356 метри надморска висина, од каде што доколу дозволуваат временските услови туристите ќе имаат можност со лифт да се качат до горната станица на висина 3555 м. (доплата на лице место - 27 EUR по турист за карта за лифт ). Од таму се отвара панорама кон островите Ла Гомера, Јеро, Палма и Гран Канарија. За туристите, кои не користат лифт до 3555 метри висина, организирана е панорамска тура со автобус на калдерата на Теиде: се посетува вулканскиот комплекс "Los Roques de Garcia" и видиковецот во долината Уканка. Потоа, откако автобусот ќе ја собере групата од лифтот, турата продолжува покрај Исања, каде се наоѓа Центарот за истражување и проучување на атмосферата. Турата продолжува кон видиковецот "Тортата", "Местото на Злото", "Фонтаната на Џоко" и "Ортуньо", потоа спуштање кон Есперанса. Непосредно пред Пуерто де ла Круз туристите ќе уживаат во најубавиот пејсаж во светот според германскиот географ Александар фон Хумболт од истоимениот видиковец со неповторлива глетка кон Теиде и Атлантскиот океан.



По желба: Еднодневен билет за посета на тематскиот парк "Лоро Парк", кој се наоѓа во одморалиштето Пуерто де ла Круз на површина од 13,5 хектара и претставува најголема атракција на Тенерифе и задолжителна станица за секој посетител на Канарските острови, вистинско рајско катче, каде може да се забележат различни егзотични растителни и животински видови. Паркот, кој првично е создаден како парк за папагали прераснува во најдобриот парк во Европа. Во него можете да следите различни претстави како шоу со фоки, делфини и китови. Во склоп на паркот е и најголемиот пингвинариум, кој обезбедува арктичка клима – во текот на еден ден паѓа 12 тони снег.

8
КанделаријаPlaya de las Americas

Појадок. Ослободување на собите. Слободно време или туристичка програма по желба: Полудневна екскурзија - обиколка на јужниот дел на островот (на бугарски јазик): Поаѓане од Пуерто де ла Круз кон јужното крајбрежје на островот. Посета на градот Канделарија. Тука се наоѓа главниот храм на Канарските острови - кралската базилика "Богородица од Канделарија", каде што се наоѓа статуата на Богородица, позната како Црната мадона - светица заштитник на жителите на Канарските острови. На плоштадот со лице кон океанот можат да се видат статуите на Гуанчес (царевите) - првите жители на Канарските острови. Посета на Плаја де Лас Америкас, каде што ќе има слободно време за прошетка или плажа. 


Враќање во хотелот. Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија со директен чартер лет на авиокомпанијата "BН Air".

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Целодневна екскурзија до национален парк "Теиде" на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи
от 12 г.
€50
от 2 г. до 11 г.
€25
Полудневна екскурзија - обиколка на северниот дел на островот (без Теиде) на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи
от 12 г.
€30
от 2 г. до 11 г.
€15
Полудневна екскурзија - обиколка на јужниот дел на островот на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи
от 12 г.
€30
от 2 г. до 11 г.
€15
Полудневна екскурзија до Сан Кристобал де ла Лагуна и Санта Круз на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи
от 12 г.
€30
от 2 г. до 11 г.
€15
3 екскурзии на островот - национален парк "Теиде", обиколка на северниот дел на островот; обиколка на јужниот дел на островот (екскурзиите се реализираат со минимум 24 пријавени туристи)
от 12 г.
€96
от 2 г. до 11 г.
€48
3 екскурзии на островот - национален парк "Теиде"; обиколка на северниот дел на островот; Сан Кристобал де Ла Лагуна и Санта Круз со услуги на македонски/српски/бугарски јазик со минимум 24 туристи
от 12 г.
€96
от 2 г. до 11 г.
€48
3 екскурзии на островот - национален парк "Теиде", обиколка на јужниот дел на островот, Сан Кристобал де Ла Лагуна и Санта круз со услуги на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи
от 12 г.
€96
от 2 г. до 11 г.
€48
4 екскурзии на островот - национален парк "Теиде"; Сан Кристобал де Ла Лагуна и Санта Круз; обиколка на северниот дел на островот; обиколка на јужниот дел на островот (екскурзиите се спроведуваат со минимум 24 пријавени туристи)
от 12 г.
€120
от 2 г. до 11 г.
€60
Прошетка со туристичко бродче "Шогун" и набљудување на делфини (на англиски јазик). Со 30 туристи потврдуваме услуга на македонски/српски/бугарски јазик)
от 12 г.
€60
от 6 г. до 11 г.
€32
от 0 г. до 5 г.
€0
Мини крстарење со катамаран "Royal Delfin" со проѕирно дно. Вклучува: ручек, разгледување на карпите "Лос Гигантес", можност за пливање и набљудување на делфини. Услуги на англиски јазик. Времетраење на крстарење: околу 4 часа и 30 мин. Неопходна е претходна резервација во агенција!
от 12 г.
€58
от 4 г. до 11 г.
€29
Целодневна екскурзија до Остров Ла Гомера - на англиски јазик (при 30 туристи потврдуваме услуги на македонски/српски/бугарски јазик) Поаѓање од хотелот во 5:30 ч. Во тој случај нема појадок
от 12 г.
€69
от 2 г. до 11 г.
€38
от 0 г. до 1 г.
€6.90
Еднодневна карта за Лоро Парк
от 12 г.
€38
от 7 г. до 11 г.
€26
от 0 г. до 6 г.
€0
Еднодневен билет за Сиам Парк со вклучен трансфер од хотелот (во 08:30) до Сиам парк и назад (во 17:30 ч.)
от 12 г.
€37
от 3 г. до 11 г.
€25
от 0 г. до 2 г.
€0
Комбиниран билет за посета на Лоро парк и Сиам парк со вклучен трансфер од хотелот (во 08:30 ч.) до Сиам парк и назад (во 17:30 ч.)
от 12 г.
€80
от 6 г. до 11 г.
€54
от 0 г. до 5 г.
€0
Трансфер до плажата Лас Тереситас
от 12 г.
€18
от 0 г. до 11 г.
€9
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Тенерифе - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата " BН Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (до 7 кг) и чекиран багаж (до 20 кг)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања на база полупансион во хотел "H10 Tenerife Playa" **** (или сличен) - Пуерто де ла Круз, Тенерифе.
Прошетка во Пуерто де ла Круз и посета на ботаничката градина катедралата "Нуестра Сењора де ла Пена де Франсија"
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Такса гориво и загадување - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
Туристичка такса : доплата на рецепција и се одредува еднострано од локалната општинска администрација. До моментот таква не е објавена.
Дополнителни екскурзии
Трошоци од личен карактер
Влезни трошоци за други музеи, објекти и настани, кои што се посетуваат по сопствен избор, градски превоз
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
* За дата на поаѓање 05.05.2020 г. редот на летање е Софија - Тенерифе Југ 03:00 - 06:30 ч. по локално време. Тенерифе Југ - Софија 19:00 - 01:30 ч. по локално време.
* За дати на поаѓање 12.05/ 19.05.2020 г. редот на летање е Софија - Тенерифе Југ 14:30 - 18:00 ч. по локално време. Тенерифе Југ - Софија 19:00 - 01:30 ч. по локално време.
Рок за откажување на екскурзијата поради недоволен број на пријавени патници - минимум 30 дена пред почетниот датум.
Деца до 2 години (неполни) - бесплатно на дополнителните екскурзии.
Деца под 2 години без да користат кревет и седиште во авионот плаќаат износ од 82 евра.
Услови за резервација: депозит - 35% од основната цена + цената на дополнителните екскурзии; целосна исплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за анулирање: до 31 дена пред почетниот датум: 35% од основната цена; от 30 дена до почетниот датум на патување - 100% од вкупната цена.
Редоследот на спроведување екскурзиите се дефинира на лице место!
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и распоредот или да помести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Бохемиа BeFlex – 10% од основната цена на патувањето: можност за промена на датата на патување за истата програма или отказ од патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата. Може да се најави до 5 дена от правење на резервација. За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
Бохемиа MultiFlex – 20% од основната цена на патувањето: можност за смена на програмата или отказ на патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата. Може да се најави до 5 дена от правење на резервација. За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
За актуелни цени за двонеделен престој можете да не контактирате во нашите канцелари!
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Други одмори во Шпанија »