Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во Шпанија - КАНАРСКИ ОСТРОВИ, ТЕНЕРИФЕ - Хотел Gara Suites Golf & Spa **** - авионска програма!

Рани резервации!

Софија – Тенерифе – Софија

Одмор со авион
8 дена

Директен чартер лет со BH Air , вклучени аеродромски такси, багаж и трансфери!

 

Хотел Gara Suites Golf & Spa 4 *

Плаја де лас Америкас


Локација

Хотел Gara Suites Golf & Spa 4 * се наоѓа во прекрасниот ресорт Плаја де лас Америкас во јужниот дел на остров Тенерифе. Реонот е познат по ноќниот живот, прекрасните песочни плажи и изобилство од можности за забава и уживање. Хотелот се наоѓа на околу 30 минути пешачко растојание од една од најубавите плажи на островот и околу 30 минути пешачко растојание од познатиот „Siam Park“.

 

Хотел

Во хотелот: бесплатен Wi-Fi во целиот хотел, 2 отворени базени со топла вода, 1 базенза деца, шатл бус до плажата, чадори и лежалки на плажа (во зависност од слободните капацитети).

 

Соби

Во собите: сателитска ТВ, минибар (со доплата), сеф (со доплата), клима уред, комплетно опремена бања со фен, балкон.

 

Ресторани и барови

Хотелот има два ресторани, еден ресторан a-la-carte, два барови, еден бар покрај базенот и еден лоби бар.


ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаТенерифе

Поаѓање од аеродром Софија со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Пристигнување на аеродром “Тенерифе Југ“. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
Тенерифе

Појадок. Слободно време. Ноќевање.


Еднодневен билет за посета на тематскиот парк "Сиам парк" - најголемиот аквапарк во Европа. Се наоѓа на површина од 185 квадратни километри на планината Адехе, во јужниот дел на Тенерифе. Овде посетителите можат да сурфаат на гигантските бранови, да се спуштаат по тобогани со голема брзина или да го покачат адреналинот поминувајќи низ базен со ајкули. "Siam Beach" ги има највисоките вештачки бранови во светот,кои се идеални за оние кои сакаат да ја совладаат уметноста на сурфањето. Таканаречената "Моќна кула" е една од најголемите атракции: достигнува висина од 28 метри и претставува вертикална лизгалка која ве спушта покрај базенот со ајкули.


*Посетата на паркот е индивидуална.

3
Тенерифе

Појадок. Слободно време. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Целодневна екскурзија до Остров Ла Гомера (на англиски јазик): Рано наутро (околу 5:30 ч.) трансфер до пристаништето на Лос Кристианос во јужниот дел на островот. Патување со траект до пристаништето Сан Себастијан – главен град на остров Ла Гомера, од каде што започнува искачувањето до Национален парк Гарахонај - суптропска шума и биосферски резерват заштитен од УНЕСКО. Пауза во заштитената месност "Ла Лагуна Гранде". Заминување преку националниот парк кон населбите Ермигуа и Агуло - ручек во локален ресторан со демонстрација на традиционалниот за островот "Начин на зборување со свиркање". Враќање во Сан Себастијан. Кратко слободно време за прошетка. Поаѓање со фериброд кон Лас Кристианос и од таму со автобус до хотелот.

4
Тенерифе

Појадок. Слободно време. Ноќевање.


Мини крстарење со катамаран "Royal Delfin" со проѕирно дно. Вклучува: ручек, разгледување на карпите "Лос Гигантес", можност за пливање и набљудување на делфини. Услуги на англиски јазик. Времетраење околу 4 ч. и 30 мин.. Автобусот ги зема туристите од ресторан "McDonald's" во хотел "Catalonia Las Vegas" 4 * во 11:30 часот. Поаѓање за Плаја де лас Америкас. По пат автобусот запира на уште неколку места, за да се приклучат и други туристи. Пристигнување на пристаништето Порто Колон во Плаја де лас Америкас. Заминување со катамаран "Royal Delfin" во 14:00 часот. За време на ова мини крстарење на располагање на туристите има бар, кој нуди бесплатно пиво, сангрија, безалкохолни пијалоци и вода. Ручекот, кој се нуди на катамаранот, обично вклучува ќофтиња со сос од домати, ориз, зелка салата, леб и банана за десерт. За време на крстарењето е предвидено време за пливање и разгледување на карпите "Лос Гигантес". По крајот на крстарењето следува трансфер до хотелот "Catalonia Las Vegas" 4 *.

5
Тенерифе

Појадок. Слободно време. Ноќевање.


По желба: Еднодневен билет за посета на тематскиот парк "Лоро Парк", кој се наоѓа во одморалиштето Пуерто де ла Круз на површина од 13,5 хектара и претставува најголема атракција на Тенерифе и задолжителна станица за секој посетител на Канарските острови, вистинско рајско катче, каде може да се забележат различни егзотични растителни и животински видови. Паркот, кој првично е создаден како парк за папагали прераснува во најдобриот парк во Европа. Во него можете да следите различни претстави како шоу со фоки, делфини и китови. Во склоп на паркот е и најголемиот пингвинариум, кој обезбедува арктичка клима – во текот на еден ден паѓа 12 тони снег.


*Посетата на паркот е индивидуална.

6
Тенерифе

Појадок. Слободно време. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Прошетка со туристичко бродче "Шогун" и набљудување на делфини (со услуги на англиски јазик): Наутро трансфер до пристаништето Порто Колон, кое се наоѓа во јужниот дел на островот. Поаѓање со туристичко бродче "Шогун" - ќе имате можност да набљудувате делфини во нивната природна средина. Тенерифе е второ најпопуларно место во светот каде што може да се видат делфини и китови пилоти. Не ја пропуштајте оваа можност и уживајте во нивното шоу! За време на патувањето ќе може да уживате во сончевите зраци, да пливате во прекрасниот залив "Маска" со кристална вода и да ручате на бродот. Попладне, враќање на пристаништето во Порто Колон. Трансфер до Пуерто де ла Круз со времетраење околу 1:30 ч.

7
Тенерифе

Појадок. Слободно време. Ноќевање.

8
ТенерифеСофија

Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
HB на шведска маса + пијалоци (на турист за целиот престој).
€60
FB на шведска маса + пијалоци (на турист за целиот престој)
€110
Прошетка со туристичко бродче "Шогун" и набљудување на делфини (на англиски јазик). Со 30 туристи потврдуваме услуга на македонски/српски/бугарски јазик)
от 12 г.
€60
от 6 г. до 11 г.
€32
от 0 г. до 5 г.
€0
Мини крстарење со катамаран "Royal Delfin" со проѕирно дно. Вклучува: ручек, разгледување на карпите "Лос Гигантес", можност за пливање и набљудување на делфини. Услуги на англиски јазик. Времетраење на крстарење: околу 4 часа и 30 мин. Неопходна е претходна резервација во агенција! Stop Sale: 08.08.2018
от 12 г.
€58
от 4 г. до 11 г.
€29
Целодневна екскурзија до Остров Ла Гомера - на англиски јазик (при 30 туристи потврдуваме услуги на македонски/српски/бугарски јазик)
от 12 г.
€69
от 2 г. до 11 г.
€38
от 0 г. до 1 г.
€6.90
Еднодневен билет за Сиам Парк
от 12 г.
€38
от 3 г. до 11 г.
€26
от 0 г. до 2 г.
€0
Комбиниран билет за посета на Лоро парк и Сиам парк со вклучен трансфер од хотелот до Лоро парк и назад (трансферот подлежи на дополнителна потврда)
от 12 г.
€85
от 6 г. до 11 г.
€43
от 0 г. до 5 г.
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Тенерифе - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата " BН Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (до 7 кг) и чекиран багаж (до 20 кг)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања во хотел "Gara Suites Golf & Spa" 4 * со појадок во јужниот дел на Тенерифе.
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Такса гориво и загадување - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
Туристичка такса : доплата на рецепција и се одредува еднострано од локалната општинска администрација. До моментот таква не е објавена.
Дополнителни екскурзии
Трошоци од личен карактер
Влезни трошоци за музеи, објекти и настани, кои што се посетуваат по сопствен избор, градски превоз
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
* За дата на поаѓање 05.05.2020 г. редот на летање е Софија - Тенерифе Југ 03:00 - 06:30 ч. по локално време. Тенерифе Југ - Софија 19:00 - 01:30 ч. по локално време.
* За дати на поаѓање 12.05/ 19.05.2020 г. редот на летање е Софија - Тенерифе Југ 14:30 - 18:00 ч. по локално време. Тенерифе Југ - Софија 19:00 - 01:30 ч. по локално време.
Рок за откажување на екскурзијата поради недоволен број на пријавени патници - минимум 30 дена пред почетниот датум.
Деца под 2 години без да користат кревет и седиште во авионот плаќаат само такса за летот во износ од 82 евра.
Услови за резервација: депозит - 35% од основната цена + цената на бараните дополнителни услуги; целосна уплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за анулирање: до 31 дена пред почетниот датум: 35% од основната цена; от 30 дена до почетниот датум на патување - 100% од вкупната цена.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и распоредот или да помести екскурзии за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Бохемиа BeFlex – 10% од основната цена на патувањето: можност за промена на датата на патување за истата програма или отказ од патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата. Може да се најави до 5 дена от правење на резервација. За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
Бохемиа MultiFlex – 20% од основната цена на патувањето: можност за смена на програмата или отказ на патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата. Може да се најави до 5 дена от правење на резервација. За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Други одмори во Шпанија »