Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во ШПАНИЈА - Канарски Острови, Тенерифе - Playa de las Americas, H10 ****; Costa Adeje, Los Olivos ***; Costa del Silencio, Club Marina resort**** - По потврда!

Рани резервации!

Софија – Тенерифе – Софија

Одмор со авион
8 дена

Директен чартер лет со BН Air со вклучени аеродромски такси, багаж и трансфери!

 

 

Хотел „H10 Las Palmeras“ 4 *

Плаја де лас Америкас

 

 

Локација

Хотел "H10 Las Palmeras" е лоциран во срцето на одморалиштето Плаја де лас Америкас, во јужниот дел на Тенерифе. Реонот е познат по својот ноќен живот, прекрасните песочни плажи и изобилство на различни забави. Хотелот се наоѓа во близина на една од најубавите плажи на островот и околу 2 километри од тематскиот атрактивен парк "Сиам Парк".

 

Хотел

Во хотелот: бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел, зона со бесплатен интернет, 2 базени за возрасни, 1 базен за деца, спортски терени, 4 тениски игралишта (со доплата), спортски центар.

 

Соби

Во собите: сателитска ТВ, минибар (со доплата), сеф (со доплата), клима, комплетно опремена бања со фен, балкон. За соби со поглед на базен / море се доплаќа дополнително.

 

Ресторани и барови

Хотелот располага со различни барови и неколку ресторани меѓу кои се азискиот "Sakura Teppanyaki", италијанскиот "Specchio Magico" и ресторанот "La Ballena", од каде се отвора прекрасен поглед кон океанот. Азискиот и италијанскиот ресторан се отворени за вечера и послужуваат гости со предвремени резервации. Ресторанот "La Ballena" нуди ручек и вечера по мени. Главниот ресторан во хотелот "Garoe" нуди широк спектар на оброци послужени на блок маса. Тука се сервираат појадокот и вечерите.

Дрескод: долги панталони и блуза со долги ракави за мажите. Не е пожелно посета на баровите и рестораните со костими за капење и кратки шорцеви.

 

 

 

 

Хотел "Los Olivos Beach Resort" 3 *

Плаја де Фанјабе

 

 

Апартхотел "Los Olivos Beach Resort" 3 * нуди одлични услови за пријатен и удобен престој во јужниот дел на островот Тенерифе, на неколку чекори од плажата Фанјабе - една од најдобрите на островот.

 

Тука ќе најдете спокојство, кое ви е потребно за време на одморот, како и многу други задоволства кои ќе го направат вашиот престој незаборавен. Хотелот располага со два базени, од кои едниот е за деца, и сончева тераса, каде што можете да се опуштите и да се релаксирате, уживајќи во погледот на Атлантскиот Океан.

 

Во ресторанот на Los Olivos Beach Resort се нудат различни интернационални и типични за канарската кујна јадења. Барот покрај базенот нуди освежителни пијалоци и лесни закуски.

 

Студијата и апартманите се пространи, модерни во дизајнот и украсени со свежи бои.

Студијата располагаат со спална соба, катче за рекреација со софа, кујна, комплетно опремена бања, тераса. Опремени се со сателитска ТВ, климатизација, бесплатен Wi-Fi, фрижидер, микробранова, телефон, сеф и пешкири.

Сместување: минимум 2-ца туристи на редовно легло.

 

Едноспалниот апартман располага со две соби - спална соба со бања и дневна соба со кујнски бокс. Има и тераса. Тие се опремени со сателитска ТВ, бесплатен Wi-Fi, фрижидер, микробранова, телефон, сеф и пешкири.

Максимален капацитет: 3 возрасни и 1 дете.


 

Хотел "Club Marina Resort" 4 *

Коста дел Силенсио

 

 

Локација

Хотелот се наоѓа во туристичката населба Коста дел Силенсио. Сместен е во мирна област во јужниот дел на островот со поглед кон морето. Хотелот се наоѓа на само 11 км. од аеродромот "Реина Софија" во јужниот дел на островот, на 75 км од аеродромот "Тенерифе Север" и на 70 километри од главниот град на островот - Санта Круз де Тенерифе. Хотелот има исклучително лесен пристап до мноштво атракции и знаменитости. Пред хотелот има станица на градски транспорт, кој може да ве однесе до одморалиштето Лос Кристианос и до најпознатото одморалиште на островот Плаја де лас Америкас.

 

Недвижни имоти во Шпанија - можност за закуп на имот за одмор на Тенерифе.

За да ја искористите оваа понуда, потребно е да присуствувате на презентацијата во хотелот за можностите за закуп на имот во Шпанија - на о-вот Тенерифе. Презентацијата е со времетраење од 2 часа и се одржува на 2-риот или 3-тиот ден од одморот. Присуството на презентацијата не ве условува да направите закуп на ваков имот.

 

Карактеристики во хотелот

Хотел "Club Marina Resort" 4 * нуди на своите гости бесплатен Wi-Fi во заедничките простории, отворен базен, детски базен и место за игра за деца, фитнес, супермаркет.

Хотелот е погоден за гости со ограничена подвижност. Соби за инвалиди се резервираат при предходно барање.

 

Соби

Комплексот располага со студија, едноспални и двоспални апартмани.

 

Студијата се опремени со кујна (микробранова, соковник, тостер, бокал за чај, кафемат), бања со туш, фен, телевизор со сателитска ТВ, телефон, вентилатор, пегла и даска за пеглање, балкон со маса и столчиња. Со доплата може да се користат Wi-Fi и сеф. Креветите се француски лежај или два единечни кревети за сместување на двајца туристи.

 

Едноспалните апартмани имаат една дневна соба со кујнски бокс и кревет на расклопување и една спална соба. Апартманот е опремен со кујна (микробранова, соковник, тостер, бокал за чај, кафемат, фурна со шпорет, машина за перење), бања со туш или када, фен, телевизор со сателитска ТВ, телефон, вентилатор, пегла и даска за пеглање, балкон со маса и столчиња. Со доплата може да се користат Wi-Fi и сеф. Креветите во спалната соба се со француски лежај или два единечни кревети. Во дневната има кревет на расклопување, на кој можат да се сместат двајца туристи. Пакетната цена се користи при сместување на минимум тројца туристи.

 

 

Двоспалните апартмани имаат една дневна соба со кујнски бокс и кревет на расклопување и две спални. Апартманот е опремен со кујна (микробранова, соковник, тостер, бокал за чај, кафемат, фурна со шпорет, машина за перење), бања со туш или када, фен, телевизор со сателитска ТВ, телефон, вентилатор, пегла и даска за пеглање, балкон со маса и столчиња. Со доплата може да се користат Wi-Fi и сеф. Креветите во двете спални се со француски лежај или два единечни кревети. Во дневната има кревет на расклопување, на кој можат да се сместат двајца туристи. Пакетната цена се користи при сместување на минимум пет туристи.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаТенерифе

Поаѓање од аеродромот во Софија со директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air". Пристигнување на аеродром “Тенерифе Југ”. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
Тенерифе

Слободно време. Ноќевање.

3
Тенерифе

Слободно време. Ноќевање.

4
Тенерифе

Слободно време. Ноќевање.

5
Тенерифе

Слободно време. Ноќевање.

6
Тенерифе

Слободно време. Ноќевање.

7
Тенерифе

Слободно време. Ноќевање.

8
ТенерифеСофија

Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија со директен чартер лет на авиокомпанијата "BН Air".

9
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Доплата за полупансион (Half board) по лице за целиот престој во хотел Club Marina Resort.
€160
Доплата за појадок (Breakfast only) по лице за целиот престој во хотел Club Marina Resort.
€70
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Тенерифе - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата "BН Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг.
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања во избраниот хотел и база на исхрана во јужниот дел на Тенерифе
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Такса гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
Туристичка такса : доплата на рецепција и се одредува еднострано од локалната општинска администрација. До моментот таква не е објавена.
Дополнителни екскурзии
Трошоци од личен карактер
Влезници за други музеи, објекти и манифестации, кои што се посетуваат по сопствен избор, градски превоз
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
* За дата на поаѓање 05.05.2020 г. редот на летање е Софија - Тенерифе Југ 03:00 - 06:30 ч. по локално време. Тенерифе Југ - Софија 19:00 - 01:30 ч. по локално време.
* За дати на поаѓање 12.05/ 19.05.2020 г. редот на летање е Софија - Тенерифе Југ 14:30 - 18:00 ч. по локално време. Тенерифе Југ - Софија 19:00 - 01:30 ч. по локално време.
Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часовите на полетување и слетување, за кое фирмата ќе ги информира своевремено патниците.
За хотел Club Marina Resort 4 *: При генерирање на резервација од туристите се бара да пополнат анкетен лист, кој се испраќа од страна на операторот на програмата. По пополнувањето на анкетата, сместувањето подлежи на потврда.
За хотел "Club Marina Resort" 4 *: За да ја користат цената објавена во пакетот, туристите се должни да присуствуваат на презентација во ресторанот на хотелот со можност за закуп на недвижeн имот за одмор.Туристите не се обврзани да купуваат ништо. Во случај да не сакаат да бидат присутни, се обврзани да платат на лице место околу 300 евра на турист. Презентацијата се врши на 2-ри или 3-ти ден од одморот во рамки на 2 часа.
За хотел "Club Marina Resort" 4 *: При сместување е потребен депозит од 200 евра (во готово или податоци од кредитна / дебитна картичка) на студио / апартман како гаранција. Овој депозит ќе ви биде вратен при напуштање на хотелот.
Рок за откажување на аранжманот поради несобран минимум - 30 дена пред датумот на поаѓање.
Деца под 2 години плаќаат само такса за летот во износ од 82 евра.
Услови за резервација: депозит - 35% од основната цена + цената на дополнителните екскурзии; целосна исплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за анулирање: до 31 дена пред почетниот датум: 35% од основната цена; од 30 дена до почетниот датум на патување - 100%.
Организаторот го задржува правото да ги менува цените, правците и распоредот или да помести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските граѓани кои патуваат во земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.
Други одмори во Шпанија »