Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во ШПАНИЈА - КОСТА ДЕ ЛА ЛУС

Пролет и Есен 2019 г., 7 ноќевања на база збогатен полн пансион!

Софија – Малага – Конил де ла Фронтера – СевиљаТанжер – Херес де ла Фронтера – Гибралтар – Кадиз – Конил де ла Фронтера – Малага

Одмор со авион
8 дена

Коста де ла Лус или бреговите на светлината се протега по југозападното крајбрежје на Шпанија. Реонот има сочувано објекти од вековна историја, бескрајни плажи со златен песок опкружени со песочни дини и шуми. Целото богатство е опкружено со чистите води на Атлантскиот Океан.

 

Hotel Conil Park****, Конил де ла Фронтера

Локација: во одморалиштето Конил де ла Фронтера, на само 5 минути од срцето на градот и на 2 минути од плажа; 50 км. од Кадис и 210 км. од аеродромот во Малага.

Во хотелот: отворен базен за деца и возрасни, лифт, фитнес центар, сауна,

Во собите: пространи и светли соби со купатило, клима уред, телевизор, телефон, бесплатен Wi-Fi, фен, сеф со доплата, балкон

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМалагаКонил де ла Фронтера
Поаѓање од аеродромот во Софија во 14:00 ч. со директен лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Малага во 21:40 ч. Трансфер до Конил де ла Фронтера (околу 2 часа 40 минути). Сместување по полноќ. Сув пакет за вечера. Ноќевање.
2
Конил де ла Фронтера
Појадок. Информативна средба. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
3

Појадок. Слободно време. По желба целодневна екскурзија до Севиља. По пристигнувањето во Севиља се посетува Севилската катедрала, изградена во 15 в. Во црквата се чуваат неколку реликви и богатства, вклучувајќи слики на Муриљо, Диего Веласкез, Франсиско де Сурбаран и Гоја. Пешачки разглед во стариот еврејски кварт Санта Круз со тесни улици, фонтани и внатрешни дворови, кои потсетуваат на минатото и негуваат еврејската култура. Враќање во хотел вечерта. Вечера. Ноќевање.

4
Појадок. Слободно време. По желба целодневна екскурзија до Танжер со поаѓање околу 7:00 ч. од хотелот за Тарифа. Поаѓање со ферибот за Танжер - еден од најголемите и најважните економски и транспортни центри во Мароко. Панорамска обиколка на градот: "‘Рт Еспартел, Касбах". Прошетка во стариот дел со можност за шопинг. Ручек во типичен Марокански ресторан / без вклучени пијалоци. Враќање во хотел вечерта. Вечера. Ноќевање.
5
Херес де ла Фронтера
Појадок. Слободно време. По желба полудневна екскурзија до Херес де ла Фронтера. Херес се наоѓа на околу половина час од брегот и е светски познат по производството на шери, благородните коњи и фламенкото. По краткото но живописно патување, следи пешачки раазглед во Херес и слободно време. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
6
Гибралтар
Појадок. Слободно време. По желба целодневна екскурзија до Гибралтар. Гибралтар е британска прекуморска територија. Единствената населба е градот Гибралтар, поделен на 7 големи населени места. И покрај нејзината мала површина, полуостровот сеуште успева да ги сочува животинските и растителните видови кои се карактеристични само за тој дел од планетата. Најпознати меѓу нив се бербенските макаци. Локалните жители се шегуваат дека кога ќе исчезне последниот мајмун во Гибралтар, ќе престанат да бидат Британци. Враќање во хотелот. Ноќевање.
7
Кадиз
Појадок. Слободно време. По желба полудневна екскурзија до Кадис. Во 2012 год., Кадис празнува 200 години од потпишувањето на првиот шпански устав кој го претвора градот во лулка на модерната демократија во Шпанија. Кадис е најстариот град во земјата и е еден од најстарите во Европа. Тој бил основан од страна на Феникијците пред повеќе од 3000 год. Во текот на вековите, владееле грци, картагенци, римјани, вандали, вестготи, арапи и кастилци. Трагите од богатото историско наследство можат да се најдат низ целиот град. Екскурзијата вклучува обиколка со автобус и пешачки разгглед во историскиот центар. Слободно време со можност да ја посетите катедралата, ископите на античкиот римски театар, цветниот пазар, археолошкиот музеј. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
8
Конил де ла ФронтераМалага
Појадок. Слободно време. Напуштање на собите до 12:00 ч. Ручек. Поаѓање за Малага - панорамска обиколка на градот и слободно време (вклучено во цената). Малага е еден од најголемите градови во јужна Шпанија и една од најважните туристички дестинации на Медитеранот. Родно место на познатиот уметник Пабло Пикасо, исполнет со фасцинација, најатрактивниот космополитски град е лоциран на убавиот залив во Андалузија, со многу широки булевари, високи палми, жив ноќен живот, богат со историски споменици, музеи и ресторани со прекрасна морска кујна. Ручек (ланч пакет) Трансфер до аеродромот во Малага. Поаѓање во 17:30 ч. за Бугарија со лет на авиокомпанијата "Wizz Air".Пристигнување на аеродромот во Софија (терминал 1) во 22:00 ч.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Полудневна екскурзија до Херес де ла Фронтера при минимум 30 регистрирани туристи
от 11 г.
€30
от 4 г. до 10 г.
€24
Полудневна екскурзија до Кадис при минимум 30 регистрирани туристи
от 11 г.
€25
от 4 г. до 10 г.
€20
Целодневна екскурзија до Севиља при минимум 30 регистрирани туристи
от 11 г.
€25
от 4 г. до 10 г.
€41
Целодневна екскурзија до Танжер (вклучен ручек, без пијалоци) при минимум 30 регистрирани туристи
от 11 г.
€88
от 4 г. до 10 г.
€66
Целодневна екскурзија до Гибралтар при минимум 30 регистрирани туристи
от 11 г.
€25
от 4 г. до 10 г.
€40
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€26
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Малага - Софија за директен лет на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси,чекиран багаж до 20 кг. и рачен багаж до 10 кг. (40х30х20 см)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања на база полн пансион во хотел "Conil Park"**** (или сличен) на Коста де ла Лус
Полудневна екскурзија со водич на бугарски/македонски/српски јазик до Малага
Асистенција на бугарски/македонски/српски јазик за време на целиот престој
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата ( При резервација на лице место екскурзиите се плаќаат во евра!).
Градски и локален превоз
Трошоци од лична природа
За лица над 65 години, автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на заминување.
Услови за откажување: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Деца под 2 години плаќаат само аеродромски такси - цена на барање!
Редоследот на спроведување на екскурзиите е примерен и се дефинира на лице место.
Организаторот го задржува правото да менува маршрути и часови или да ги помести екскурзиите за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Препорачливо е претходна резервација и плаќање на екскурзиите. Ако има слободни места, екскурзии може да се резервираат и на лице место и да се платат во евра. Цените на дополнителни екскурзии побарани на лице место се повисоки!
За време на дополнителните екскурзии не се обезбедени ланч пакети.
Од оперативни причини, ограничен број на кабински багаж може да се транспортира во авионска кабина (летови на "Wizz Air"). Ако има премногу багаж, можеби ќе треба да се стави во багажниот простор бесплатно.
Авиокомпанијата го задржува правото да го смени времето на летот.
Екскурзијата се спроведува при минимум 40 регистрирани туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Други одмори во Шпанија »