Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Нова година во Египет - 4 ноќевања во ХУРГАДА и 3 ноќевања на брод за крстарење

3 ноќевања на брод за крстарење 5* на база полн пансион и 4 ноќевања во хотел 5* на база All Inclusive! Рани резервации до 29.08.2019 г.!

Софија – Хургада – Асуан – Храмот на Ком Омбо – Едфу – Луксор – Деир-ел-Бахари – Хургада – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаХургада

Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 08:00 ч. за Хургада со директен чартер лет на "BH Air". Слетување на аеродромот во Хургада во 10:50 часот (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање). Трансфер до хотелот. Сместување. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

2
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација (се избира една од трите екскурзии):


1. Островот Гифтон и нуркање (со вклучен трансфер, ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање). Екскурзијата почнува околу 8 ч. и вклучува морско пловење со чамец со можност да уживате во убавината на еден од прекрасните острови и богатствата на коралниот гребен. Враќање во хотелот околу 16 ч.



или



2. Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалоци). Поаѓање од хотелот околу 8 ч. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и бои, непроверен и мистериозен, а со тоа и уште попривлечен. Нуркањето е начин да се запознае овој свет, неверојатно комбинирајќи во себе нови впечатоци, естетско задоволствво, романтични авантури, самозапознавање и, се разбира, бескрајно задоволство. Враќање во хотелот околу 16 ч.


или


3. Пустинско сафари со вклучена вечера. Заминување од хотелот во 12 ч. Вашето запознавање со Египет нема да биде целосно ако пропуштите патување во пустината за сафари. Ќе имате можност да добиете неповторливи впечатоци од возењето со џипови по дините, екстремно возење на квадроцикли и баги. Ќе јавате камила и ќе се запознаете одблизу со животот на бедуините во пустината, ќе посетите мала зоолошка и терариум, ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц). Враќање во хотелот околу 21 ч.

3
ХургадаАсуан

Појадок (сув пакет). Рано наутро поаѓање со автобус за Асуан. Пристигнување во Асуан во попладневните часови. Разглед на храмот на Изида. Првично, тој се наоѓал на о. Филае, кој е преплавен денес од водите на браната Насер. Храмот е спасен и префрлен на о. Агилика, благодарение на масовната спасувачка операција на УНЕСКО. Трансфер до бродот за крстарење. Сместување. Вечера и ноќевање на бродот.

4
АсуанХрамот на Ком ОмбоЕдфу

Појадок (сув пакет за време на дополнителното патување). Слободно време во Асуан или по желба и претходна резервација екскурзија до Абу Симбел, неверојатен комплекс од два храма со исклучително убава и импресивна фасада изграден од Рамзес II. При изградбата на браната Насер, храмовите се поместени со 65 м. повисоко од оригиналното место. Многу близу до Големиот храм е т.н. Мал храм или храмот на Хатхор и Нефертари. Ова е првиот необичен храм во египетската историја, посвтен на кралица. Враќање во Асуан и разглед на незавршениот обелиск - величествен споменик со височина 42 метри и тежина 1 200 т, кој никогаш не бил подигнат. Ручек на бродот. Поаѓање за Ком Омбо. Приквечер, разгледување на храмот во Ком Омбо. Изграден е во хеленистички период, односно за време на Птоломеј, и претставува необичен двоен храм, посветен на Собек - бог на крокодилите и на Хор - бог на соколите. Поаѓање за Едфу. ПРАЗНИЧНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА! Ноќевање на бродот.

5
ЕдфуЛуксор

Рана посета на храмот во Едфу, посветен на богот Хор, син на Изида и Озирис. Тој бил изграден за време на грчко-римскиот период и е еден од најдобро сочуваните комплекси во Египет. Појадок. Поаѓање за Луксор. Ручек на бродот. Попладневна посета на големиот храм во Луксор, кој се наоѓа на остатоците од античката Тива. Храмот е издигнат од Рамзес II и импресионира со своите огромни столбови. Посета на музеј за папирус. Вечера и ноќевање на бродот.

6
ЛуксорДеир-ел-БахариХургада

Појадок. Напуштање на кабините. Поаѓање со автобус до Деир-ел-Бахри - комплекс на кралски гробници од Новото Кралство лоцирани на западниот брег на Нил. Посета на Долината на кралевите каде што се наоѓаат 62 гробници на фараони, од кои едната е на Тутанкамон пронајдена во 1922 год.; прекрасниот храм на Хатшепсут - првата жена фараон, која владеела со Египет две мирни децении; Колони на Мемнон - две масивни камени статуи на кои е прикажан фараонот Аменхотеп III. Кога биле изградени во 1350 п.н.е. тие го чувале влезот на гробот на фараонот. Посета на локална фабрика за алабастер. Ручек. Попладневна посета на Карнак. Тој е најголемиот религиозен комплекс во светот, што е посебен приказ на достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храмови и неколку помали. Поаѓање со автобус за Хургада. Пристигнување во доцните часови. Сместување во хотелот. Доцна вечера. Ноќевање.

7
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Екскурзија со автобус до Каиро со вклучени: ручек (без пијалоци), двонасочен трансфер и водич. Поаѓање од хотелот околу 02:30 ч. Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленат со величественост и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во убавите глетки на Каиро. Нема да ја пропуштите и средбата со импресивната статуа на Сфингата. Ручек. Посета на фабрика за парфеми. Подоцна ќе го посетите и историскиот музеј во Каиро, кој чува бројни скапоцени експонати од времето на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони.Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Враќање во хотелот околу 23 ч.

8
ХургадаСофија

Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот во Хургада. Поаѓање за Бугарија во 11:40 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air". Слетување на аеродромот во Софија во 14:30 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање).

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€140
Дополнително легло во двокреветна соба за 1-во дете од 2 до 5.99 г.
-€150
Дополнително легло во двокреветна соба за 1-во дете од 6 до 11.99 г.
-€100
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучени влезници - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€99
од 2 г. до 11 г.
€69
Екскурзија со автобус до Каиро и Египетските пирамиди ( со вклучен ручек, без пијалоци ) – при  минимум 10 туристи
од 12 г.
€99
од 2 г. до 11 г.
€69
Островот Гифтон и нуркање (со вклучен ручек , безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање ) - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€39
од 2 г. до 11 г.
€29
Нуркање во Црвеното Море (со вклучени осигурување за нуркање , ручек и пијалоци ) - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€59
од 2 г. до 11 г.
€45
Пустинско сафари (со вклучена вечера ) - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€59
од 2 г. до 11 г.
€45
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Хургада - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг и чекиран багаж до 20 кг
Опишаните во програмата трансфери
4 ноќевања на база all inclusive во хотел Hawaii Le Jardin Aqua Park Resort 5 * (или сличен) во Хургада
3 ноќевања на база полн пансион на бродот за крстарење M/S "Tower Prestige" 5* Nile Cruise (или сличен)
Празнична новогодишна вечера на 31.12. на бродот за крстарење
Опишаната туристичка програма - храмот на Изида и незавршениот обелиск во Асуан; храмовите во Ком Омбо и Едфу; храмовите во Луксор и Карнак; Долината на кралевите и храмот на Хатшепсут
Влезници за посета на објекти по програмата без посочените во "Цената не вклучува"
Услуги од локални водичи
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Водич - преведувач од Бугарија за време на целото патување
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Египет: 25 USD - се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, туристите ќе бидат известени навремено.)
Такса за гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква)
Бакшиш за локалниот водич : 25 USD на турист за целиот престој (со доплата на лице место )
Дополнителни екскурзии и услуги по програмата 
Влезници за гробницата на Тутанкамон (околу 250 EGP); за Кеопсовата пирамида (околу 360 EGP) , за Музејот на мумии (околу 180 EGP), такса за фотографирање во Историскиот музеј (околу 50 EGP) во Каиро 
Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба
Пијалоци за време на ручеците и вечерите
Трошоци од личен карактер
Локален и градски транспорт
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Пакетните цени се со пресметан попуст за рани резервации до 29.08.2019г .!
Програмата се спроведува со минимум 80 туристи!
Валута :Локалната парична единица е Египетска лира или Египетска фунта (EGP)
Девизен курс на долар / фунта е приближно 1 USD = 17,50 EGP.
Не е препорачливо извезување на локална валута од земјата!
Краен рок за резервација на дополнителните услуги : до 14 дена пред датумот на поаѓање!
За уплата на екскурзии на лице место НЕ се прифаќаат кредитни картички.
Резервации : депозит при резервација - 50% од цената на патувањето ; доплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот, кој следува по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена  ; од 60 до 31 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; од 30 ден до датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
По пристигнувањето на аеродромот во Хургада туристите ќе бидат пречекани од фирмата партнер на место посочено во ваучерот. На денот на поаѓање, собите треба да се напуштат до 12h, багажот се остава во соба за багаж.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "такса за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на таксата за гориво и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено. Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Медицински и здравствени услови:  
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визен режим:
Македонските државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето се спроведува со минимум 80 туристи.
Други програми за Египет »