Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Нова година во Дубаи и Абу Даби!

Патување со авион!

Софија – Дубаи – Абу Даби

Екскурзија со авион
8 дена

HILTON GARDEN INN DUBAI MALL OF THE ЕMIRATES ****, Дубаи

 

Локација

Хотелот се наоѓа во област Ал Барша, една од новите населби на Дубаи, во непосредна близина на плажите на Џумеира. Растојанието до трговскиот центар "Mall of the Emirates" е само 400 метри. Хотелот е во близина на метро станицата Емирејт Мол , на пешачко растојание до крајбрежниот булевар и на 5 минути со такси од градската плажа.

 

Хотел

Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Еmirates **** е нов, луксузен хотел, кој нуди удобно сместување во комфорни соби и љубезна услуга.

 

Соби

Собите се удобни, пространи, чисти, опремени со ТВ, мал фрижидер, термобокал, фен, пегла и даска за пеглање. Во собите има бесплатен пристап до безжичен интернет. Постои можност за дополнителен лежај.

 

Услуги

На располагање на гостите се бар, фитнес, ресторан, деноноќно рецепција, банкомат и продавница за подароци. Во хотелот не се нуди алкохол. Појадокот се служи од 06:30 ч. до 10:30 ч.

 

Плажа

Плажата е песочна и се користи бесплатно, се наоѓа на 7 - 10 минути со такси од хотелот. Има и зона во која се плаќа за користење на лежалки и чадор. Нема ограничувања за видовите костими за капење.

 

 

HAWTHORN SUITES BY WYNDHAM ABU DHABI CITY CENTER ****, Абу Даби

 

Локација

Хотелот е лоциран на Abu Dhabi Corniche, со поглед на Арапското Море, на неколку минути од главниот бизнис-реон во Абу Даби.

 

Хотел

Hawthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center **** е модерен нов хотел, погоден е како за одмор, така и за бизнис посети. Располага со елегантни соби, како и со различни услуги за вашиот престој.

 

Соби

Собите се модерно опремени и имаат бесплатен Wi-Fi интернет, сеф, катче за седење, услови за подготовка на кафе и чај. Има можност за сместување на трет турист.

 

Услуги

На располагање на гостите се три ресторани, СПА центар со масажи и сауна, фитнес центар, бизнис центар, деноноќен румсервис, рент-а-кар, хемиско чистење, лоби бар. Појадок е на шведска маса и се служи од 06:30 ч. до 10:30 ч. Во хотелот се нуди алкохол.

 

Плажа

Градската плажа е бесплатна и се наоѓа на oколу 5 минути со такси од хотелот. Може да се изнајмат чадори и лежалки. Нема ограничувања за видовите костими за капење.

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаДубаи

Поаѓање во 14:05 ч. од Терминал 1 на аеродромот во Софија за Дубаи со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот "Ал Мактум" во Дубаи во 21:00 ч. Средба со претставникот на агенцијата. Трансфер до хотелот во Дубаи (околу 50 минути, во зависност од сообраќајот). Сместување во “Hilton Garden Inn Dubai Mall of Emirates"**** (или сличен) во Дубаи. Информативен состанок со водичот во хотелското лоби и можност за резервација на дополнителни екскурзии. Пешачки разглед во новиот кварт “Ал Барша” за ориентација на туристите, со посета на трговскиот центар "Emirates Mall" - втор по големина трговски центар во светот, познат по ски патеката, со можност за размена на пари и вечера. Ноќевање.

2
Дубаи

07:00 ч. - 10:30 ч. Појадок.


09:00 ч. - 13:30 ч. Панорамски разглед на Дубаи со локален водич (вклучено во цената). За време на овој разглед ќе се запознаете со богатите и разновидни традиции на Дубаи и историјата на Емиратите, новите проекти, како и со факти од животот на локалното население, ќе го почувствувате древното и модерното во овој рај среде пустината. Туристичката програма ги опфаќа старите и новите делови на градот. Ќе започнеме со еден од мегапроектите на емиратот, кој се наоѓа во новиот дел на градот - комплексот "Dubai Marina" со марина и облакодери, во кои има станови, корпоративни канцеларии и хотели. Ќе продолжиме кон вештачкиот остров во форма на палма каде што се наоѓа прекрасниот хотел со 5* "Атлантис". Ќе се движиме по "стеблото" на ”Џумеира” - првиот од трите вештачки острови во форма на палма. Се разбира, нема да ги пропуштиме и хотелот со 7 * "Бурж ал Араб", изграден во форма на бродско платно внатре во морето. Ќе одиме до стариот дел на градот Деира каде се наоѓа најголемиот пазар за злато, накит, ткаенини и зачини. Екскурзијата ќе заврши во трговскиот центар “Dubai Mаll”.


13:30 ч. - 15:30 ч. Билет до 124-тиот кат на облакодерот Бурџ Калифа и слободно време во трговскиот центар "Dubai Mall". Тука може да го посетите луксузниот пазар "Al Bahar Souk" или аквариумот "Dubai Aquarium & Underwater Zoo", да се искачите до зградата "At The Top" на 124-тиот кат на највисоката зграда во светот - облакодер "Бурџ Калифа" која нуди неверојатна панорама на градот (Билетите се купуваат однапред за точен ден и час и вклучуваат искачување со лифт до 124-ти кат и неограничено време за престој. На лице место е можно купување на билети по два пати повисока цена.). Можност за посета на Танцувачките фонтани кои се наоѓаат на езерото Бурџ Калифа што има површина од 30 акри. Висината на водниот млаз достигнува 150 метри, а должината на целата конструкција изнесува 275 метри. Над 6600 светла и 25 рефлектори во боја создаваат уникатен визуелен спектакл. Претставите се на секои 30 минути од 18:00 ч. до 23:00 ч.


Слободно време или по желба организирано враќање во хотелот со метро (oколо 30 мин. билет - околу 8 AED или 3 USD) или самостојно врќање со такси (20-25 мин. околу 40-45 AED или 12-15 USD). Ноќевање.

3
Дубаи

Појадок.



Слободен ден или туристичка програма по желба:



1. 09:30 ч. - 14:00 ч. Полудневна екскурзија во Шарџа и Аџман. Шарџа е културна престолнина на ОАЕ, а Аџман е најмалиот од седумте емирати. За време на оваа турнеја ќе имате можност да се впуштите во традиционалната арапска култура. Ќе дознаете повеќе за исламската цивилизација со посета на Етнографскиот музеј во Аџман. Продолжувајќи кон Шарџа, ќе имате фотопауза со прекрасни погледи на плажа и пред Руската Црква - еден од ретките православни храмови на Арапскиот полуостровот. Посета на традиционалниот пазар за злато сребро, теписи, зачини и сувенири "Blue Souk". Враќање назад во хотелот.



2. Сафари во пустината со вечера на скара (15.30 ч. - 21.30 ч.) - една незаборавна емоција исполнета со возбуда во легендарната арапска пустина. Ќе тргнете од Вашиот хотел со “Toyota Landcruiser” кон пустината, минувајќи низ песочните дини. Ќе пристигнете во бедуински камп, каде ќе имате можност да пробате традиционални активности како возење на камили, бојадисување на рацете со к’на и пушење на наргиле. Залезот на сонцето, кој ја фрла својата портокалова светлина врз песоците, ќе ви обезбеди незаборавна глетка и можност за романтични слики. Вечерта ќе заврши со вкусна вечера на скара во пустината под волшебното небо, со звуците на арапска музика и традиционалните танци. Вечерата е на блок маса со обилни салати, јадења, десерти и безалкохолни пијалоци (пиво и алкохолни пијалоци се плаќаат дополнително). Вечерта, враќање во хотелот.



Ноќевање.

4
Дубаи

Појадок. Слободен ден или туристичка програма по желба: 09:00 ч. - 12:00 ч. Посета на Магичните градини (Dubai Miracle Garden), фасцинантни со својата убавина и разноврсност. Градините се наведени во Гинисовата книга за најдолг цветен ѕид. Овде ќе можете да видите повеќе од 45 милиони цвеќиња на едно место. Исто така, ќе имате слободно време за прошетка меѓу шарени композиции, кафе и фотографии.



Новогодишна гала вечера (по желба и со доплата). Ноќевање 

5
Дубаи

07:00 ч. - 10:30 ч. Појадок.


Слободно време во Дубаи или можност за:


1. 09.00 ч. - 18.30 ч. Целодневна екскурзија "Оазата Ал Аин" со вклучен билет за Al Ain Zoo, за време на која ќе се запознаете со типичен начин на живот во пустината. Ал Аин е четвртиот по големина град во Обединетите Арапски Емирати и единствениот голем град кој се наоѓа во внатрешноста на земјата. Меѓу знаменитостите на градот е сочувана природна оаза со шума од финикови палми, поранешната палата на шеикот, претворена во музеј, историски тврдини, како и бројни паркови, градини, вклучувајќи ја и планината” Џебел-Хафит” од која се открива прекрасна глетка кон градот. Ќе ги видите најжешките минерални извори, кои извираат во подножјето на планината и конечно ќе ја посетиме најголемата зоолошка градина во Блискиот Исток, каде можете да видите газела - националниот симбол на Абу Даби, бели лавови, бели тигри, арапски орикс, персиски леопард, горила , жирафа, носорог, хипопотамус и други егзотични животни. Враќање во Дубаи доцна попладне.


2. 19:30 ч. - 22:30 ч. Крстарење со романтична вечера во арапска галера. Ние ви нудиме романтична вечер во арапска галера во времетраење од два часа. За време на крстарењето, ќе уживате во неверојатно убавата панорама на новиот дел на Дубаи, ќе имате можност да допрете до арапската гостопримливост! Вклучена е вечера на блок маса со богат избор на јадења од риба и јадења од арапска и интернационална кујна и разни десерти.


Ноќевање.

6
ДубаиАбу Даби

07:00 ч. - 10:30 ч. Појадок.


11:00 ч. Средба во лобито на хотелот. Во 11:30 ч. Трансфер до Абу Даби. Времетраењето на трансферот од Дубаи до Абу Даби е околу 90 минути (во зависност од сообраќајот). Панорамски разглед на Абу Даби со локален водич (вклучено во цената):


Често е споменуван како "Менхетн на Блискиот Исток". Абу Даби нуди огромна разновидност на современа и арапска архитектура. Овде ќе уживате во многу импресивни знаменитости, вклучувајќи ja и Етнографската населба што ќе ја посетите (мин. 30 мин. со водич на бугарски), ќе го истражиме и животот на локалното население пред откривањето на нафтата, ќе продолжиме кон светски познатиот хотел "Еmirates Palace" и прекрасниот реон “Корниш”, кој нуди прекрасен поглед на хоризонтот на градот и островoт на брегот - зеленото срце на градот. Следува посета на импресивната џамија "Шеик Зајед" (мин.1 час и 30 мин. со водич на бугарски) - најголемата во ОАЕ и една од најголемите во светот. Во џамијата има строго пропишани правила за облека: мажи - долги панталони, маици или кошули со долги ракави; жени - долги панталони или долги здолништа до глуждовите, блузи или кошули со долги ракави, шамија за глава. Не е дозволена тесна, прилепена по телото и проѕирна облека. Ќе ја видите исто така и патеката за Формула 1 (од автобусот) и ќе ја посетите продавницата за сувенири во најголемиот забавен парк во светот "Ferrari World" (околу 30 мин.). Враќање назад во хотелот вечерта. Сместување во хотел "Howthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center" 4 * или сличен. Информативна средба со водичот на групата.


Ноќевање.

7

07:00ч. - 10:30 ч. Појадок.


Можност за плажа, посета на уникатниот хотел "Emirates Palace", забавен парк "Светот на Ферари".


1. Билет за забавен парк "Светот на Ферари" (Ferrari World) - единствениот од ваков вид тематски парк на "Ферари" во светот. Тој нуди забава за сите возрасти и раскажува на возбудлив начин за историјата на Ферари преку повеќе од 20 образовни и фасцинантни тури и атракции, продавници и автентична италијанска кујна. Под огромниот препознатлив црвен покрив се наоѓаат следните атракции: "Формула Роса" – најбрзиот ролеркостер во светот што достигнува брзина од 240 км / ч; Галерија "Ферари" - најголемиот изложбен салон на "Ферари" во светот надвор од Моранело, со интерактивен приказ ги покажува моделите на Ферари од 1947 год. до денес; "Брзината на Магијата" - фантастично 4D искуство во длабоки зелени џунгли, ледени пештери и олуци, дури до кратерот на огнениот вулкан.


Можност за вечера во еден од најлуксузните хотели во светот "Еmirates Palace" - по претходна резервација и доплата.


Ноќевање.

8

07:00 ч. -10: 30 ч. Појадок.


Најдоцна до 13:30 ч. напуштање на собите во хотелот. Слободно време. Можност за посета на уникатниот "Еmirates Palace" - еден од најскапите хотели во светот, каде што можете да уживате во чаша капучино со златен полен во неверојатна атмосфера. Тука комфорот и луксузот ќе ве натераат да се чувствувате навистина посебно. Во 15:45 ч. средба во лобито на хотелот. Трансфер до аеродромот во 16:00 ч. Поаѓање за Бугарија во 21:35 ч. Слетување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 01:15 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
hotel Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Emirates**** в Дубай и hotel Hawthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center**** в Абу Даби (или слични)
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло за дете од 6 г. до 11.99 години
-€157
Допълнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€459
Дете сместено во собата на родителите (без да користи легло) 0-1.99 години
-€600
Дете сместено во собата на родителите (без да користи легло) 2г. - 5.99 години
-€255
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Билет за видиковецот на 124-от кат на Бурџ Калифа (без вклучен трансфер до кулата).
€50
Сафари во пустината со вечера на скара- реализација при минимум 15 туристи.
€55
Крстарење со романтична вечера на арапска галија на Дубаи Крик (со вклучен трансфер од / до хотелот) при минимум 15 пријавени туристи.
€54
Посета на Магичните градини (трансфер и влезници) при минимум 15 туристи.
€30
Екскурзија "Оаза Ал Еин" со локален водич на бугарски и вклучен билет за Al Ain Zoo - се спроведува при минимум 15 туристи.
€60
Билет за забавен парк "Светот на Ферари" во Абу Даби (без вклучен трансфер).
€80
Полудневна екскурзија до Шарџа и Аџман со лиценциран локален водич на бугарски - се спроведува при минимум 15 туристи.
€25
Панорамски разглед на Дубаи со хеликоптер 15 мин. (без вклучен трансфер).
€253
Вечера во луксузниот хотел "Емирати Палас" во Абу Даби на шведска маса без пијалоци, со вклучен трансфер во еден правец
€136
Виза за ОАЕ
€85
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Дубаи - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 20 кг со размери 149/119/171 и мал рачен багаж до 10 кг со размери 40x30x20см
Трансфер од аеродром - хотел во Дубаи и хотел во Абу Даби - аеродром
Трансфер од хотелот во Дубаи до хотел во Абу Даби
5 ноќевања со појадок во хотел "Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Еmirates" 4 * (или сличен) во Дубаи
2 ноќевања со појадок во хотел "Hawthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center" 4 * (или сличен) во Абу Даби
Панорамска турнеја во Дубаи со лиценциран локален туристички водич на бугарски јазик минимум 4.5 часа
Панорамски разглед на Абу Даби со лиценциран локален водич на бугарски јазик мин. 5 часа со вклучена посета на најголемата џамија "Шеик Зајед"
Пешачки разглед со водичот на групата во Дубаи, регионот Ал Барша, Емирати Мол со ски патеката, Дубаи Мол, Бурџ Калифа и Распеаните фонтани (неопходно е користење на јавен превоз)
Асистенција на бугарски јазик за време на вашиот престој во Дубаи и Абу Даби
Патничко осигурување со покритие до 30 000 евра на Осигурителната компанија "Сава Осигурувње"
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Новогодишна гала вечера
Дополнителни екскурзии (наведените цени за дополнителни екскурзии се валидни во случај на претходна резервација и плаќање)
Задолжителна туристичка такса во Дубаи за престој во хотел 4 *: 15 AED или 4,50 USD на соба на вечер (со доплата од туристите на рецепцијата во хотелот)
Влезници за музеи и настани кои се посетуваат по желба
Бакшиш за водичи / возачи / пиколо
Јавен превоз
Трошоци од лична природа.
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Важно објаснување: Наведените пакетни цени се пресметуваат при курс на лев кон долар 1.00 USD = 1.7 BGN. При промена на девизниот курс со повеќе од 6% туроператорот го задржува правото да изврши корекција во вкупната пакетна цена.
Од оперативни причини во авионот може да се превезува ограничен рачен багаж. Ако има премногу багаж, вашиот може да биде ставен во багажниот простор бесплатно.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени редот на летање.
Валута: Локалната валута е Дирхам (AED). 1 Дирхам = 100 филц. Курсот на дирхамот кон доларот е фиксен. 1 USD = 3.65 AED. Размена на валута може да се изврши во бројните менувачници кои работат без провизија. Нема рестрикции за увоз или извоз на локална и странска валута.
Алкохол: алкохолни пијалаци не се продаваат во продавниците - купете си алкохол од слобдна зона. Не пијте на улицата.
Вода за пиење: Препорачливо е да се користи вода за пиење, која се продава во секој супермаркет на цена од околу 1,5 Dhs за 1.5 литри.
Доплата за Новогодишна вечера не е задолжително. Места за дополнителните екскурзии може да се гарантираат при резервација и плаќање во канцеларијата.
Метрото: Користете го како атракција, но за кратка посета или ако патувате во мала група, такси се вистински избор.
Екскурзијата се спроведува при минимум 34 туристи.
Патувањето како целина не е соодветно за лица со ограничена подвижност!
Медицински и здравствени услови
Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
За македонски државјани за влез во Дубаи потребна е виза.
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 45 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за откажување: до 46 ден - 35% од основната цена; од 45 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Други програми за Обединети Арабски Емирати »