Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Нова година 2020 во Лапонија - Директен лет од Софија, ОПЦИЈА 1

Опција 1 - Новогодишна вечера во хотелот

Софија – Рованиеми – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаРованиеми

Поаѓање од Софија до Рованиеми во 10:20 ч. Слетување во Рованиеми во 14:20 ч. и трансфер до хотелите. Сместување. Информативна средба во хотелите околу 15:00 - 16:00 ч. Ноќевање.

2
Рованиеми

08:00 - 09:30 Појадок во хотелот.


10:00 - 13:00 Екскурзија до селото на Дедо Мраз (вклучено во цената). Посета на селото на Дедо Мраз и поштата, каде што можете да испратите вистинско писмо со желба за следната година. Запознавање со вистинскиот Дедо Мраз и посета на неговата канцеларија, како и на продавниците за сувенири во истата област. Херојски премин на Северниот поларен круг. Сите херои добиваат сертификат за овој настан.


13:00 - 16:00 Екскурзија во „Санта Парк“ (вклучена во цената на Опцијата 1). Посета на пештерата на бајковитите Елфи, исполнета со многу забава и изненадувања. „Магичниот воз“ ќе ве понесе низ четирите сезони, во подземни работилници и училиште за елфи, кое ги очекува своите нови ученици. Сите "дипломци" ќе добијат почесна титула "Елф - вистински помошник на Дедо Мраз" и веднаш ќе можат да пристапат кон подготовка на подароци. Програма со танц на елфи и дискотека. Паркот е интересен како за децата, така и за возрасните, во пештерата е топло и безбедно. По завршување на екскурзијата – трансфер до хотелот и ноќевање.

3
Рованиеми

08:00 - 10:00 Појадок во хотел.


10:00 - 12:00 Дополнителна екскурзија „На гости кај троловите“. Ќе се најдете во маѓепсаната шума, каде троловите живееле со милениуми. Ќе видите цело семејство шумски тролови, ќе ги слушнете приказните на најстариот од нив, ќе учествувате во разни игри и решавање загатки, ќе пробате пијалоци и храна на тролови и многу други изненадувања. Ручек кај троловите.


13:00 - 15:30 Дополнителна екскурзија "Екскурзија до Еленскатa фарма" – екскурзија со автобус за посета на фармата за елени, која се наоѓа на Поларниот круг. Ќе имате можност да се запознаете со животот на елените и да научите да управувате со елени, за што ќе добиете документ за право на управување со елени. Ручек.

4
Рованиеми

08:00 ч. - 10:00 ч. Појадок во хотелот.


11:00 ч. - 16:00 ч. Дополнителна екскурзија „Посета на Арктичката зоолошка градина Рануа Рануа е најсеверната зоолошка градина во светот и се наоѓа на 80 км од Рованиеми. Таму ќе ги видите животните и птиците, кои живеат во поларната зона во нивната природна средина. Ручек во ресторанот Рануа (шведска маса, национална кујна и специјалитети). Трансфер до хотелот.


17:00 ч. - 20:00 ч. Празнична новогодишна програма во хотел (за оние кои имаат вклучена Новогодишна вечера во хотелот).


20:00 ч. - 24:00 ч. Дочек на Нова Година 2020


Опција 1: Дочек на Нова Година во хотелот.


Опција 2: Дочек на Нова Година во Санта парк. Опција за Новогодишна забава: AURORA PARTY 2020 во куќичката на Дедо Мраз. Подгответе се за новогодишен пикник кај нас! Ќе  бидеме далеку од светлините на градот и ќе уживаме во прекрасното новогодишно ноќно небо! Ги бараме Северните светла, откривајќи ја магијата на снежната шума и замислуваме желби за следната година! Можете да застанете покрај каминот, со неверојатен поглед на езерото. Ќе има дискотека надвор. Колбаси, топли пијалоци, слатки...и можете да земете алкохолни пијалоци со вас. Како ви звучи?

5
Рованиеми

08:00 ч. - 10:00 ч. Појадок во хотелот.


12:00 ч. - 14:30 ч. Дополнителна екскурзија „Посета на фарма за кучиња“. Мини патување до фармата на хаските. Сафари во дивата Лапонска шума со кучиња (30 мин., 5 км). На семејните санки можат да бидат сместени до 4 лица. По возбудливото сафари ќе можете да уживате во топли пијалоци.


18:00 ч. - 20:00 ч. Дополнителна екскурзија Во потрага по Снежната кралица со вечера во ледениот ресторан. Следејќи ги стапките на Герда, ќе стигнете до ледениот дворец на Снежната кралица. По патот ќе сретнете возрасна лапонка, која ќе ви помогне во потрагата. Снежната кралица ќе ве чека во својата палата, но за да влезете во нејзиниот замок, најпрво ќе треба да ги решите нејзините ледени сложувалки и загатки. Ако сакате можете да останете во замокот за вечера. Мени: лосос на скара со пире од компири и сос од дива капина, топла пита од јагоди, чај или кафе. Трансфер до хотелот и ноќевање.

6
Рованиеми Софија

Појадок. Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродромот во Рованиеми и заминување за Софија во 14:00 ч. Слетување на аеродромот во Софија во 17:00 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Santa`s Hotel Santa Claus - Опција 1 - појадок
Двокреветна соба стандард
+€352
Двокреветна соба супериор
+€387
Дополнително легло во двокреветна соба супериор (1-во/2-ро дете 0-11 г.)
-€195
Дополнително легло в двокреветна соба стандард (за дете 0-11 г.)
-€195
Дополнително трето легло во соба супериор (лица над 12 г.)
+€117
Дополнително трето легло во соба стандард (лица над 12 г.)
+€387
Santasport Lapin Urheiluopisto - Опција 1 - појадок
Двокреветна соба стандард
вклучено во цената
Дополнително легло во двокреветна соба стандард (за дете 0-11 г.)
-€383
Дополнително трето легло во соба стандард (лица над 12 г.)
-€345
Еднокреветна соба стандард
+€385
Santa`s Hotel Santa Claus - Опција 1 - појадок
Еднокреветна соба стандард
+€1017
Lapland Hotels Ounasvaara Chalets - Опција 1 - појадок
Апартман супериор за тројца /дете 0-11 г./
+€89
Santasport Lapin Urheiluopisto - Опција 1 - појадок
Фамилијарна соба стандард /цена за возрасен/
+€95
Lapland Hotels Ounasvaara Chalets - Опција 1 - појадок
Апартман супериор за тројца /1-ви, 2-ри, 3-ти возрастен на редовно легло/
+€137
Апартман супериор за четворица /1-ви, 2-ри, 3-ти возрасен на редовно легло/
+€137
Апартман супериор за четворица /1-во, 2-ро дете 0-11 г./
-€171
Апартман супериор за четворица /4-ти возрасен на дополнително легло/
-€383
Santasport Lapin Urheiluopisto - Опција 1 - појадок
Фамилијарна соба стандард /цена за дете 0-11 г./
-€533
Фамилијарна соба стандарт /цена за 3-ти возрасен/
-€495
Santasport Lapin Urheiluopisto - Опција 1 - појадок и вечера
Двокреветна соба стандард
+€105
Дополнително легло во двокреветна соба стандард (за дете 0-11 г.)
-€308
Дополнително трето легло во соба стандард (лица над 12 г.)
-€240
Еднокреветна соба стандард
+€480
Фамилијарна соба стандард /цена за возрасен/
+€200
Фамилијарна соба стандард /цена за дете 0-11 г./
-€458
Фамилијарна соба стандарт /цена за 3-ти возрасен/
-€390
Scandic Pohjanhovi - Опција 1 - појадок
Двокреветна соба стандард
+€192
Еднокреветна соба стандард
+€742
Фамилијарна соба стандард /1-ви, 2-ри возрасен/
+€242
Фамилијарна соба стандард /2-ро дете 0-11 г./
-€715
Фамилијарна соба стандард /дете 0-11 г./
-€340
Фамилијарна соба стандарт /цена за 3-ти возрасен/
-€155
Scandic Pohjanhovi - Опција 1 - појадок и вечера
Двокреветна соба стандард
+€282
Еднокреветна соба стандард
+€832
Фамилијарна соба стандард /1-ви, 2-ри возрасен/
+€332
Фамилијарна соба стандард /2-ро дете 0-11 г./
-€595
Фамилијарна соба стандард /дете 0-11 г./
-€280
Фамилијарна соба стандарт /цена за 3-ти возрасен/
-€35
Santa`s Hotel Santa Claus - Опција 1 - појадок и вечера
Двокреветна соба стандард
+€484
Двокреветна соба супериор
+€519
Дополнително легло во двокреветна соба стандард (за дете 0-11 г.)
-€115
Дополнително легло во двокреветна соба супериор (за дете 0-11 г.)
-€115
Дополнително трето легло во соба стандард (лица над 12 г.)
+€249
Дополнително трето легло во соба супериор (лица над 12 г.)
+€249
Еднокреветна соба стандард
+€1149
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Дополнителна екскурзија "На гости кај троловите"
од 12 г.
€90
од 4 г. до 11 г.
€60
од 0 г. до 3 г.
€0
Дополнителна екскурзија "Екскурзија до Еленската фарма"
од 12 г.
€95
од 4 г. до 11 г.
€60
од 0 г. до 3 г.
€0
Дополнителна екскурзија "Посета на Арктичката зоолошка градина Рануа"
од 12 г.
€95
од 4 г. до 11 г.
€75
од 0 г. до 3 г.
€0
Дополнителна екскурзија "Посета на фармата на хаските"
од 12 г.
€125
од 4 г. до 11 г.
€95
од 0 г. до 3 г.
€0
Дополнителна екскурзија "Во потрага по Снежната кралица"
од 12 г.
€155
од 4 г. до 11 г.
€105
од 0 г. до 3 г.
€0
Крстарење со ледокршач во Шведска
од 12 г.
€350
од 0 г. до 11 г.
€298
Во потрага на Северните Светла со минибус
од 12 г.
€69
од 0 г. до 11 г.
€55
Во потрага на Северните Светла со елени
од 12 г.
€69
од 0 г. до 11 г.
€55
Доплата за централна маса Front Stage во Санта Парк за Новогодишната вечера
од 12 г.
€50
од 0 г. до 11 г.
€40
НОВА ГОДИНА AURORA PARTY 2020 во куќичката на Дедо Мраз
од 12 г.
€135
од 4 г. до 11 г.
€85
од 1 г. до 3 г.
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Директен чартер лет Софија - Рованиеми - Софија на "ALK Airlines"
Аеродромски такси за сите летови
Чекиран багаж до 13 кг и рачен багаж до 6 кг по лице
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
5 ноќевања со појадок во одбраниот од Вас хотел во Рованиеми
Екскурзија до Селцето на Дедо Мраз
Новогодишна вечера во хотелот на 31.12.2019 г. (Вклучена во цената на Опција 1)
Екскурзија до Санта Парк преку ден на 29.12.2019 г. (Вклучена во цената на Опција 1)
Водич на руски / англиски јазик
Претставник на тур-операторот за време на патувањето
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Дополнителни екскурзии
Оброци надвор од наведените
Лични трошоци
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Деновите и времето на спроведување на екскурзиите може да бидат променети.
Дополнителните екскурзии во рамките на програмата може да се запишуваат и потврдуваат само однапред. Пријавување на лице место за дополнителни екскурзии нема да биде можно!
Екскурзиите се спроведуваат на руски и англиски!
Дополнителните екскурзии може да се побараат до 1 месец пред поаѓање.
Ред на летање: 28.12.19 SOF 10:20 - RVN 14:20 02.01.20 RVN 13:00 - SOF 17:00
Времетраење на летот: 4 часа (со вклучен стандарден ладен кетеринг)
Дозволен чекиран багаж: до 13 кг. по патник (патници со багаж над дозволениот нема да бидат допуштени за летот). Дозволен рачен багаж: до 6 кг. по патник
Минимален број туристи за спроведување на патувањето: 100 пријавени
Начин на плаќање:
50 % депозит по лице по потврда на резервацијата
100% доплата до 20/10/2019
Рокови за откажување:
Во случај на откажување до 20.10.2019 г. - без пенали кон туроператорот
Во случај на откажување од 20.10.2019 до 20.11.2019 - се плаќаат пенали во вредност од 50% од цената на пакетот
Во случај на откажување од 20.11.2019 до 30.12.2019 – се плаќаат пенали во вредност од 100% од цената на пакетот
Услови за запишување: При пријавување е потребно да наведете име и презиме на латиница по пасош, ЕМБГ, број на пасош со датум на валидност и телефонски број.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Финска: Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Патувањето се спроведува со минимум 20 туристи.
Други програми за Финска »