Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Нова Година во Мадрид – Директен лет од Софија

ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ!

Софија – Мадрид – Толедо – Мадрид – Сеговиja – Мадрид – Софија

Екскурзија со авион
4 дена

Хотелот  "Senator Gran Via" 4*  се наоѓа во срцето на Мадрид. Сместен е во елегантна 11-катна зграда на улицата "Гран Виа", со панорамска тераса на покривот со неверојатен поглед на центарот на градот. Хотелот се наоѓа на 200 м од плоштадот Шпанија и на 900 м од плоштадот Пуерта дел Сол. На 100 м од хотелот има метро станица. Собите на хотелот се пространи и модерно опремени, секоја има сопствено купатило, сателитска ТВ и клима уред. Хотелот располага со СПА и фитнес центар.

 

 

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМадрид

Поаѓање од аеродром Софија (Терминал 1) во 16:55 ч. за Мадрид со лет на “Wizz Air”. Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 19:50 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2

Појадок. Туристичка програма во Мадрид со локален водич на бугарски јазик: Кралската палата, изградена за време на владеењето на Фелипе V; Плоштадот "Ориенте" - омилено место на жителите и гостите на Мадрид; Плоштадот "Шпанија" со споменикот на големиот писател Мигел де Сервантес и статуата на Дон Кихот и Санчо Панса; Булевар "Гран Виа" - најпознатата улица во градот; Плоштад "Ла Сибелес" со фонтаната посветена на божицата на плодноста; Музејот "Прадо"; Плаза Мајор- срцето на градот; Пуерта дел Сол со "Kilometre zero" на Кралството Шпанија и симболот на Мадрид - Статуата на мечката и дрвото "Мадроњо". Слободно време или туристичка програма по желба: 


1. Посета на музејот "Прадо" со локален водич на бугарски јазик - еден од најзначајните музеи во Европа со ремек-дела од Диего Велазкез, Ел Греко, Франциско де Гоја, Рубенс, Бош, Рафаел и многу други.


2. Посета на Кралската палата со локален водич на бугарски јазик - изградена во XVIII век за време на владеењето на Фелипе V: кралските апартмани, оружејната и церемонијалното скалило по проект на Франческо Сабатини.


Ноќевање.

3
МадридТоледоМадрид

Појадок. Слободно време во Мадрид (неопходно е користење на јавен превоз) или по желба екскурзија до Толедо - неверојатна мешавина од христијанска, мавјарска и еврејска култура. Можност за посета на готска катедрала од 13 в. и црквата "Санто Томе" со ремек - делото на Ел Греко "Погребот на грофот Оргас". Враќање во Мадрид. Слободно време.


По желба: Новогодишна вечера (дополнителна понуда во нашите канцеларии). Ноќевање во Мадрид.

4
МадридСеговиjaМадридСофија

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Појадок. Ослободување на собите (багажот останува во соба за багаж). Слободно време во Мадрид (неопходно е користење на јавен превоз) или по желба екскурзија до Сеговија - најпознати историски споменици се аквадуктот изграден за време на владеењето на Цезар Август, готската катедрала и "Алкасар". Враќане во Мадрид. Трансфер до аеродромот. Заминување за Бугарија во 20:25 ч. со лет на „Wizz Air“. Пристигнување на аеродром Софија (Терминал 1) во 00:55 ч. (пристигнување на 1-ви спрема 2-ри јануари по полноќ).

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€117
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) на турист
€50
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) на турист
€75
Полудневна екскурзија до Толедо (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
€35
Полудневна екскурзија до Сеговија (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
€40
Посета на Кралската палата со локален водич на бугарски јазик (со вклучена такса резервација, влезница, користење на слушалки за време на обиколката и локален водич) на турист при минимум 15 туристи. Максимален број туристи за оваа услуга е 30. Ве молиме, резервирајате ја услугата навремено!
€28
Посета на Музејот Прадо со локален водич на бугарски јазик (со вклучена такса резервација, влезница, користење на слушалки за време на обиколката и локален водич) на турист при минимум 15 туристи. Максимален број туристи за оваа услуга е 30. Ве молиме, резервирајате ја услугата навремено!
€33
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Мадрид - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и 1 парче рачен багаж до 10 кг со димензии 40х30х20 см
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
3 ноќевања со појадок во хотел "Senator Gran Via" **** (или сличен) во Мадрид
Туристичка програма во Мадрид
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водич од Бугарија
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Посета на музејот Прадо со локален водич на бугарски јазик
Посета на Кралската палата со локален водич на бугарски јазик
Полудневна екскурзија до Толедо
Полудневна екскурзија до Сеговија
Доплата за слушалки за време на туристичката програма во Мадрид (3 EUR)
Влезници за музејот "Кралица Софија" (8 EUR, за деца до 18 г. - бесплатно) и Кралскиот дворец (10 EUR, за деца до 16 г. - 5 EUR) во Мадрид
Влезници за Kатедралата (11 евра) и црквата "Санто Томе" (2,5 евра) во Толедо
Новогодишна вечера (по дополнителна понуда)
Јавен превоз во Мадрид (1,7 EUR - еднонасочен билет, карнет за 10 возења - 10 EUR)
Влезници за музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба.
Трошоци од лична природа
Бакшиш за водич / возач (2 евра на турист дневно - мора да се платат на лице место)
За лица над 65 г. автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Со цел да се реализираат дополнителните услуги и настани во рамките на програмата, потребно е да се побараат истите при склучување на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со прелиминарните резервации.
Туристичката програма се спроведува на бугарски јазик.
Некои од објектите во посетените градови не работат на 31.12.2019 и 01.01.2020 година.
Можна е промена на часот на летот од страна на авиокомпанијата!
Време: Северна Македонија 11 ч. Бугарија 12 ч. Шпанија 11 ч.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Екскурзијата се спроведува при минимум 30 регистрирани туристи.
Медицински и здравствени услови:
Не постојат медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Македонските граѓани кои патуваат за земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.
Други програми за Шпанија »