Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

НОВА ГОДИНА ВО ЛИСАБОН - хотел "Vip Executive Entrecampos" 4****, ПОТВРДЕНА ПРОГРАМА!

Софија – Лисабон – Кашкаjш – Ешторил – Синтра – Кабо де Рока – Томар – Баталја – Назаре – Обидуш – Асейтао – Arabida – Евора – Лисабон – Софија

Екскурзија со авион
7 дена

хотел "Vip Executive Entrecampos" 4****

Хотелот се наоѓа веднаш до плоштадот Entrecampos во финансискиот и бизнис центар, на само неколку минути од аеродромот и историскиот центар на Лисабон. Во близина на хотелот има постојка за јавен превоз и метро станица.

Во хотелот: девет конференциски сали, бар, два ресторана, затворена градина, кафуле, продавница за весници, паркинг, затворен базен, турска бања и сауна, Wi-Fi.

На располагање на гостите на хотелот се 171 соби и 5 суити опремени со најсовремена технологија за максимална удобност, климатизација, кабловска телевеизия, сеф, минибар, бања, бесплатно користење на Wi - Fi.


Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаЛисабон

Заминување од аеродром Софија (терминал 2) во 20:50 со лет на "Bulgaria Air" на релација Софија - Лисабон. Пристигнување во 23:00 ч. на аеродромот во Лисабон. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
Лисабон

Појадок. Панорамска обиколка во Лисабон со локален туристички водич: плоштад „Марракеш де Помбал“; Населбата Баиша, обновена по земјотресот во 1755: плоштадите „Росио“, „Фигеира“ и „Комерсио“; Статуата на морепловците, кулата "Белем" и манастирот "Жеронимош", кој е сметан за ремек-дело на португалскaта мануелска уметност, чиј основоположник е кралот Мануел. Попладне слободно време за посета на стариот кварт Алфама, познат со тесни улички, традиционалните фадо ресторани и многуте барови, каде искачувањето е со ретро трамвај (неопходно е користење на локален и градски превоз). Ноќевање.

3
КашкаjшЕшторилСинтраКабо де Рока

Појадок. Слободно време - неопходно е користење на јавен превоз или, по желба, целодневна екскурзија до Кашкаиш, Есторил, Кабо де Рока и Синтра (околу 8 часа). Заминување за Синтра - град на самовили и добри волшебнички, летна резиденција на португалското кралско семејство од 12 в., вклучена во листата на УНЕСКО за светско културно и природно наследство во 1995 год. Можност за индивидуална посета на палатата "Пена" во Синтра. Посета на Кабо де Рока - познатите португалски морепловци тргнале од тука кон непознатото за да најдат нови земји, да добијат слава, богатство, титули и престиж. Екскурзијата продолжува кон познатите одморалишта Есторил и Кашкаиш, засолниле многу благороднички семејства од европските земји за време на Втората светска војна, чии имоти се задржани и до денес. Патот минува покрај познатата плажа Праја до Гинчо - популарно место за сурфање, виндсурф и кајтсурфинг. Слободно време во Кашкаиш за ручек. Фотопауза кај казиното во Есторил - уникатно место каде што музиката, забавата и гастрономијата одат рака под рака со ентузијазмот во најголемото казино во Европа.


По желба фадо шоу со вклучена вечера и вино. Ноќевање.

4
ТомарБаталјаНазареОбидуш

Појадок. Слободно време - потребно е користење на градски транспорт или по желба целодневна екскурзија до Томар, Баталја, Назаре и Обидуш (околу 9 часа). Поаѓање кон Томар. Посета на Замокот на темпларите од 12 век и манастирот "Орден на Христос". Посета на манастирот во Баталја - велик споменик на националната архитектура и еден од најголемите готски ремек - дела во Европа, изграден во 1388 год. во чест на клетвата, дадена од страна на кралот Жоао Први пред Светата Дева, дека ќе изгради величествен манастир, ако ги победи кастилците во битката кај Алжубарота. Заминување кон Назаре, кој во минатото бил мало рибарско село, а во денешно време е познат не само со риболовот, но и со убавите плажи, прекрасната кујна и уникатните локални народни носии. Слободно време за ручек во Назаре. Екскурзијата продолжува до средновековниот град Обидуш - еден од најшармантните градови во Португалија. Зад ѕидините на тврдината се наоѓаат мали трговски улици со традиционални ниски куќи кои водат до замокот. Зад вратите на замокот се организираат витешки турнири, фестивал посветен на чоколадото, а пред Божиќ се гради вистински град за Дедо Мраз. Враќање во Лисабон. Ноќевање.

5
АсейтаоArabida

Појадок. Слободно време - потребно е користење на градски транспорт или по желба полудневна екскурзија до Азеитао и национален парк "Арабида" со дегустација на вино (околу 5 часа). Заминување кон Азеитао - лоциран помеѓу маслинови насади, ова е една од најпросперитетните населби во реонот на Сетубал, во подножјето на националниот парк "Арабида". Тука се произведуваат некои од најдобрите вина и овчо сирење во земјата и исклучително квалитетни маслинки. Во областа се исто така дел од најубавите кинта (куќи) во Португалија. Дегустација на вино во една од познатите винарски визби во областа. По дегустацијата ќе имате можност да уживате во прекрасната природа во реонот на национален парк "Арабида" со неверојатен поглед кон Атлантскиот Океан. Екскурзијата ќе ве однесе во насока Сетубал - шармантно градче и едно од најважните пристаништа на Атлантскиот брег. Слободно време во стариот центар на Сетубал. Враќање во хотелот. Вечерта учество во новогодишните прослави во центарот на португалскиот главен град. Празнична новогодишна вечера по желба и со претходна најава. Ноќевање.


Меѓу прекрасните европски градови, Лисабон е едно од најдобрите места за дочек на Нова Година. Градот ќе ви понуди многу атракции и фестивали кои ќе го направат вашето искуство уникатно:


"Комерсио" - најголемиот плоштад во Португалија е едно од местата каде новата година се дочекува со најмногу празнувања. Илјадници жители и гости на градот се собираат на полноќ за да ги набљудуваат големите огномети. Нивните светлини го озаруваат небото и се рефлектираат во водите на реката Тежу. Друго омилено место за дочек на Нова Година е кулата Белем - еден од легендарните споменици во Лисабон. Овде можете да уживате во забава со музички претстави и поглед на океанот. Друг начин да ги почувствувате Новогодишните свечености и атмосферата на градот е да го посетите стариот дел. Тоа е едно од највозбудливите места со изобилство на ноќни клубови, барови и ресторани во кои може да пробате локални специјалитети.

6
Евора

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Појадок. Напуштање на собите. Багажот се остава во соба за багаж на хотелот. Слободно време - потребно е користење на градски транспорт или по желба целодневна екскурзија до Евора (околу 8 часа) - гратче, вклучено во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО: урнатините на Римскиот храм; романско-готската катедрала "Успение на Пресвета Богородица"; Капелата со Костурница; Универзитетот. Враќање во Лисабон. Трансфер до аеродромот во Лисабон

7
ЛисабонСофија

Заминување за Бугарија во 00:20 ч. со лет на "Bulgaria Air". Пристигнување на аеродром Софија во 06:10 часот

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
-€74
Еднокреветна соба
+€229
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Целодневна екскурзија до Евора со локален лиценциран туристички водич (влезници за туристичките објекти се плаќаат дополнително) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€59
од 2 г. до 10 г.
€54
Полудневна екскурзија до Азеитао и национален парк "Арабида" со локален водич и вклучена дегустација на вино (без вклучени влезници), на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€46
од 1 г. до 10 г.
€40
Целодневна екскурзија до Томар, Баталја, Назаре и Обидуш со локален лиценциран туристички водич (влезници за туристичките објекти се плаќаат дополнително) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€50
од 2 г. до 10 г.
€48
Целодневна екскурзија до Кашкаиш, Есторил, Кабо де Рока и Синтра со локален лиценциран туристички водич (влезници за туристичките објекти се плаќаат дополнително) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€50
од 2 г. до 10 г.
€48
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Лисабон - Софија на авиокомпанијата " Bulgaria Air ", со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 23 кг и рачен багаж до 10 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
5 ноќевања со појадок во хотел "Vip Executive Hotel Entrecampos" 4 * (или сличен) во Лисабон
Панорамска обиколка на Лисабон со локален туристички водич
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Водач од агенцијата
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса за престој во Лисабон: 2 EUR на турист на ден (се плаќа од туристите на рецепцијата на хотелот)
Целодневна екскурзија до Евора (околу 8 часа) со локален туристички водич
Целодневна екскурзија до Томар, Баталја, Назаре и Обидуш (околу 8 часа) со локален туристички водич
Полудневна екскурзија до Азеитао и национален парк "Арабида" со локален водич и вклучена дегустација на вино
Целодневна екскурзија до Кашкаиш, Есторил, Кабо де Рока и Синтра со локален туристички водич
Празнична новогодишна вечера (дополнителна понуда)
Влезници за манастирот "Жеронимуш" (10 EUR), комбиниран билет за манастирот и кулата Белем (12 EUR) во Лисабон
Влезница за Замокот на темпларите и манастирот "Орден на Христос" во Томар (6 EUR)
Влезница за манастирот во Баталја (6 EUR)
Влезница за палатата и паркот "Пена" (14 EUR)
Јавен превоз до дворецот "Пена" во Синтра (5 EUR)
Бакшиш за возачот (2 евра по турист дневно - се плаќа на лице место)
Градски транспорт
Влезници и билети за други музеи, локации и настани кои се посетуваат по желба
Трошоци од лична природа
За лица над 65 г. автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
За да се реализираат дополнителните услуги и настани по програмата, потребно е да ги побарате уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
Некои од објектите во посетените градови не работат на 31.12.2019 и 01.01.2020.
Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часовите на летовите
Екскурзијата се спроведува со минимум 30 регистрирани туристи!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Патувањето се спроведува со минимум 30 регистрирани туристи.
Други програми за Португалија »