Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Егејска Одисеја со лет до Бодрум

Рани резервации!

Бодрум - Кушадасъ - Памуккале - Фетие - Бодрум - София

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1

Заминување од аеродром Софија (Терминал 1) со директен чартер лет број BGH 2009 во 15:00 ч. Слетување на аеродромот Милас (Бодрум) во 16:40 ч. (редот на летање е примерен, конечната информација ќе ја добиете со финалните документи пред заминување). Пречек од претставник на парнерската компанија. Трансфер до хотелот во Кушадаси. Сместување. Вечера. Слободно време. Ноќевање.

2

Појадок. Комбинирана тура на Кушадаси со посета на античкиот град Ефес и Куќата на Пресвета Богородица (вклучени во цената). Враќање во хотелот. Вечера. Слободно време. Ноќевање.

3

По појадокот заминување за Памуккале. По пристигнувањето, комбинирана тура на Памуккале (вклучена во цената). Памуккале (Pamukkale) или "замок од памук" (превод од турски) е природна знаменитост во југозападна Турција, во провинцијата Денизли. На врвот на Памуккале е древниот град Иераполис, а двете се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Како резултат на тектонските движења во реката Мендерес, настануваат многу земјотреси. Благодарение на тоа се создаваат многу минерални извори. Овие извори содржат голема количина варовник и така природно е формирано Памуккале, кое изгледа како замрзнат водопад. Водата е со температура 37 ° C , извира од земја и во зачудувачки „акробации“ се спушта надолу по серија од околу сто тераси. Ова место било посетувано од Клеопатра, ќе имате можност да се нурнете во нејзиниот извор - изворот на Клеопатра (со доплата). Водата во овој извор е со температура од 36-37 ° С. Освен со своите воодушевувачки природни карактеристики Памуккале во себе крие и бројни културно-историски атракции, меѓу кои градот Хиераполис. Градот е основан во 190 п.н.е. од династијата на Аталидите, владетелите на Пергамон. Градот бил популарен меѓу Грците и Римјаните, кои страдале од кожни болести и ревматизам. Еден од интересните објекти во Хиераполис е Амфитеатарот. Првично бил изграден североисточно од северната порта, но бил уништен од силен земјотрес во 17 в. од н.е. По земјотресот во 60 г. од н.е за време на владеењето на императорот Тит Флавиј е изграден нов театар, издлабен во падините на ридот, на исток, како се користат и остатоците на јарусите на стариот театар. Денес театарот е во процес на реставрација. Има капацитет од 10.000 гледачи и е втор по големина по Ефес во Мала Азија. Следниот извонреден објект на градот е неговата позната некропола, која се протега од север до источниот и јужниот дел на стариот дел на градот. Повеќето од сите 1.200 гробови се направени од варовник. Нешто повеќе, некрополата е исполнета со Саркофазите на видни личности, вклучително саркофагот на Марк Аурелиј Амианос. Вечера. Ноќевање.

4

По појадокот, заминување за Фетхије. Пристигнување во попладневните часови и сместување во хотелот. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

5

Појадок. Комбинирана тура на Фетхије (вклучено во цената). Фетхије (Fethiye) е одморалиште во Турција, кој се наоѓа на западниот брег на заливот Фетхије на брегот на Средоземното Море. Една од историските особености во градот е дека тука живееле најпознатите гатачи, кои имале огромно влијание за текот на историјата. Во античките времиња градот бил наречен Телмес и е познат како еден од најстарите градови на Ликија. Во деветтиот век од н.е. градот бил преименуван во Макри, а во 1914 година е наречен Фетхије по името на познат турски пилот, загинал за време на лет во 1913 год. Во 1957 год. како последица на катастрофалниот земјотрес, урнатините на античкиот град се уништени. По земјотресот Фетхије се преродува во нов пристанишен град со население од 32 хил.души. Најзначајниот споменик зачуван од античкиот Телмес е карпестата некропола. Овие карпести гробници исечени во карпата која се забележува од градот, датираат од VI - IV век п.н.е. По слободното време за ручек, денот продолжува со посета на гратчето Кармиласос (Karmilassos), кое се наоѓа на 8 км. од Фетхије. Средновековниот град датира од 3000 година п.н.е. До 1922 година во градот имало околу 25.000 жители. И до денес сеуште се зачувани останките на 4 000 куќи, библиотека, неколку мали цркви, работилници, болници и аптеки, кои се доказ дека тука се одвивал висок социјален и културен живот. Попладне се упатуваме кон заливот Јолу Дениз - Мртво Море, кој се наоѓа на 15 км. од Фетхије. Тоа е вистински рај со богата вегетација и фин бел песок, заштитен на природен начин од отвореното море. Можност за плажа. Попладне, можност за дополнителна екскурзија до Далјан (Dalyan), Каунос (Kaunos) (со доплата 40 евра) - До оваа плажа се стигнува со мали чамци. Плажата претставува долг и тесен подводен брег, кој формира природна бариера помеѓу делтата со свежата вода на реката Далјан и Средоземното Море. Ова е една од главните територии за одгледување на големите морски желки (CarettaCaretta), поради што се нарекува "Плажа на желките". Над карпите на реката се задржале фасадите на ликиски гробници, исечени од карпа, околу 400 година п.н.е. Според митологијата Каунос е основан од страна на кралот Каунос, син на карискиот крал Милет и внук на Аполон. Каунос имал и сестра близначка на име Библис за легендата на која ќе имате можност да се запознаете на лице место. По пристигнувањето, сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

6

Појадок. Поаѓање за Бодрум. По пристигнувањето, сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

7

Овој ден ќе биде посветен на Бодрум. Бодрум се наоѓа на полуостров и е омилено место за одмор на елитата и боемите од целиот свет. Поети и уметници, писатели и музичари, бизнисмени и филантропи доаѓаат до Бодрум за да уживаат на најдолгите прекрасни плажи и шармот на ноќниот живот. Во Бодрум се наоѓа една од најголемите и најпознатите дискотеки во цела Европа - "Helikarnas". Кокетните селца, распоредени околу Бодрум се многу атрактивни со зелени борови површини, полуруинири грчки цркви, ветерници, стари камени градби и големи оази долж бреговите на реките. Тука ќе ги видите белите куполи на Гјумбет / цистерни за складирање на вода / и кервани со камили. Бодрум е основан во 11 век п.н.е. и е познат во античноста како Халикарнас, родното место на Херодот и местото на смртта на кралот Мавзол (4-ти век пр. н. е.). Неговата гробница е едно од седумте чуда на античкиот свет. Замокот Бодрум , или средновековен замок на Св. Петар, е одличен пример за архитектурата на 15 век. Таа е претворена во Музеј на подводна археологија, каде можете да видите експонати поврзани со бронзеното доба. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

8

Појадок. Слободно време за плажа. Попладне, трансфер до аеродромот Милас. Полетување за Софија со директен чартер лет со број BGH 2010 во 17:30 ч. и слетување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 19:10 ч. Редот на летање е примерен, конечната информација ќе ја добиете со финалните документи пред заминување.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Такса за гориво и штетни емисии - се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква;
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет за директен чартер лет Софија - Бодрум - Софија на авиокомпанија BH Air
Аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг.
Транспорт со лиценциран автобус по предвидената маршрута (местата во автобусот не се фиксни)
Панорамска обиколка на Бодрум; Кушадаси; Памуккале; Фетхије
2 ноќевања во Кушадаси во хотел 3 * на база појадок и вечера
1 ноќевање во Памуккале во хотел 4 * на база појадок и вечера
2 ноќевања во Фетхије во хотел 4 * на база појадок и вечера
2 ноќевања во Бодрум во хотел 3 * на база појадок и вечера
Лиценциран водич
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Дополнителни екскурзии
Влезници за базенот на Клеопатра во Памуккале - (50 TL), влезници во античкиот град Иераполис (50 TL), влезници во античкиот град Ефес (60 TL), влезници во античкиот град во Бергамас (25 TL), влезници во Троја (25 TL)
Бакшиши на туристички водич и возачот (15 евра по лице за целиот престој)
Дополнително здравствено осигурување за лица над 65 до 75 години
Дополнително здравствено осигурување за лица над 75 до 80 години.
Такса за гориво и штетни емисии - се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква
За лица над 65 години, автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Поради зголемување на цените на горивата за летовите до Бодрум на авиокомпанијата "BH Air" се наплаќа таксa гориво во износ од 12 EUR / по турист за датуми на поаѓање: 12.09.2018 година и 19.09.2018г.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските граѓани кои патуваат за земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош со рок на важност минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата. Патувањето се спроведува при минимум 12 туристи.
Други програми за Турција »