Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ЕГИПЕТ - КАИРО, ХУРГАДА И КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ - со внатрешен лет!

2 ноќи во хотел 4* во Каиро, 3 ноќи на брод за крстарење и 2 ноќи во хотел 5* во Хургада! Вклучен внатрешен лет од Каиро до Асуан! Богата туристичка програма! Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро, вклучени во цената!

Софија – Cairo – Каиро – Асуан – Ком Омбо – Едфу – Луксор – Деир-ел-Бахари – Хургада – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаCairo

Поаѓање од аеродром Софија (терминал 2) во 05:30 ч. за Каиро со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Каиро во 07:40 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање). Пречек од компанијата партнер.


Туристичка програма во Каиро (вклучена во цената): Екскурзијата вклучува посета на Историскиот музеј во Каиро, кој има многу скапоцени експонати од ерата на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони. Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Ручек во локален ресторан. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.


Во вечерните часови по желба и со дополнителна доплата: Крстарење во Каиро по реката Нил со вечера и шоу програма.


Пловејќи по реката Нил, ќе можете да уживате во ноќниот поглед од Мегаполисот Каиро - град на контрасти. Прошетката со бродот за крстарење - ресторан продолжува околу 2 часа и вклучува вечера на блок-маса, шоу програма и трансфери од/до хотелот.

2
Cairo

Појадок.


Посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленат со своето величество и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во поглед на Каиро. Исто така, нема да ја пропуштите и средбата со импозантната статуа на Сфингата. Посета на фабрика за парфеми. Ручек во локален ресторан.


Попладне слободно време или по желба и со дополнителна доплата: Екскурзија Стариот Каиро, Музејот на цивилизациите и пазарот „Хан ел Халили“. Стариот Каиро или Коптик Каиро обединува некои од најстарите христијански, муслимански и еврејски храмови во Египет. Ќе имате можност да ја посетите „Висечката црква“ и црквата Свети Сергеј и Свети Бакхус - Абу Серга, каде што се верува дека живеело Светото семејство. Обиколката ќе продолжи со најновиот во Каиро - „Музеј на цивилизациите“, кој е новиот дом на 22 мумии на 18 фараони и четири кралици. Програмата ќе заврши со тематскиот за Каиро и најголем отворен пазар во Африка „Хан ел Халили“.


Трансфер до хотелот. Вечера и ноќевање.

3
КаироАсуан

Ран појадок (или сув пакет). Трансфер до аеродромот во Каиро за директен внатрешен лет до Асуан со авиокомпанијата "Egypt Air" (во интервал помеѓу 5:00 - 7:30 ч.). Слетување на аеродромот во Асуан.


Туристичка програма во реонот на Асуан: Високиот ѕид на браната Насер, која служи како бариера на р. Нил. Нејзината изградба неколку пати е одложувана поради политички причини и поради потребата од преместувањето на важни археолошки локалитети; Незавршениот обелиск - Величествен споменик со височина 42 метри и тежина 1 200 т, кој никогаш не бил подигнат. Напуштен е во карпата во која бил издлабен уште во древноста поради појава на пукнатина. Посета на храмот на Изида. Првично, тој се наоѓал на о-овот Филае, кој е преплавен денес од страна на водите на браната Насер. Храмот е спасен и префрлен во о-овот Агилика , благодарение на масовната спасувачка операција на УНЕСКО. Трансфер до бродот за крстарење. Сместување. Ручек на бродот. 


Туристичка програма по желба и претходна резервација: екскурзија до Нубиската населба - вашата посета на Асуан не може да биде целосна без да ја почувствувате неверојатната атмосфера на Нубијците и да уживате во мирна прошетка меѓу островите на реката Нил. Поаѓање од бродот на традиционален египетски чамец фелука со големо едро. Пловење по Нил и стигнување до ботаничката градина на градот Асуан, сместена на остров. Слободно време за прошетка во ботаничката градина. Поаѓање со моторен чамец по реката Нил и стигнување до Нубиската населба. Разглед на комплекс од куќи кои го претставуваат локалниот начин на живот и обичаи. По можност, посета на нубиска куќа со можност за фотографирање со крокодили. Враќање на бродот со моторниот чамец. Вечера и ноќевање на бродот.

4
АсуанКом ОмбоЕдфу

Појадок. Слободно време во Асуан - најужниот град на Египет, познат по своите каменоломи. Можност за самостојна прошетка низ колоритниот пазар во Асуан или туристичка програма по желба и претходна резервација (сув пакет за појадок при учество во дополнителната услуга): екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучен влезници. Рано поаѓање од бродот околу 04:30 ч. Абу Симбел е сместен на западниот брег на реката Нил. При изградбата на браната Насер, храмовите се поместени со 65 м. повисоко од оригиналното место. Таму се наоѓаат двата храмови со исклучително убава фасада изградени од времето на Рамзес II (околу 13 в. пр.н.е.). Големиот храм е посветен на боговите Амон Ра, Хор и Птах. Многу блиску до Големиот храм се наоѓа т.н. Мал храм или храм на Хатхор и Нефертари. Ова е првиот храм посветен на кралица во историјата на Египет. Комплексот со храмови денес е под заштита на УНЕСКО. Враќае на бродот околу пладне. Ручек. Попладне, поаѓање за Ком Омбо. Пристигнување во доцните попладневни часови и разгледување на Храмот во Ком Омбо. Тој бил изграден во хеленистичката епоха, т.е. за време на Птоломеите и претставува необичен двоен храм, посветен на Собек - бог на крокодилите и на Хор - бог на соколите. Поаѓање за Едфу. Вечера и ноќевање на бродот. 

5
ЕдфуЛуксор

Поаѓање од бродот околу 06:30 ч. Рано наутро посета на храмот во Едфу кој е посветен на Богот Хор, синот на Изида и Озирис. Изградбата на храмот започнала во 237 год. пр.н.е. за време на владеењето на Птоломеј III и завршува речиси 2 века подоцна, во 57 год., за време на владеењето на Птоломеј XII - таткото на познатата Клеопатра. Враќање на бродот. Појадок. Поаѓање кон Луксор преку Есна. Ручек. Слободно време на бродот за крстарење. Доцна попладне посета на храмот Луксор, сместен на урнатините на античка Теба. Големиот храм во Луксор, изграден од Рамзес II е посветен на боговите Амон Ра, Мут и Хонсу и импресионира со своите џиновски папирусни колони. Посета на продавница за папирус. Вечера и ноќевање на бродот.

6
Деир-ел-БахариХургада

Рано наутро (поаѓање од бродот околу 04:00-05:00 ч.) по желба и претходна резервација прошетка со балон на топол воздух над западниот брег на реката Нил (при соодветни временски услови). Појадок (или сув пакет при учество во прошетката со балон). Ослободување на собите и напуштање на бродот за крстарење.


Поаѓање кон Деир-ел-Бахри - комплекс од царски гробници и погребални храмови од Новото царство, лоциран на западнио т брег на реката Нил. Посета на Долината на кралевите, каде што се наоѓаат 62 гробници на фараони, од кои едната е на Тутанкамон; импресивниот храм на Хатшепсут - првата жена фараон која го управувала Египет две децении; колосите на Мемнон каде е насликан седнатиот фараон Аменхотеп III. Посета на продавница за алабастер.


Ручек на блок маса (без вклучени пијалоци).


Поаѓање за Карнак – своевиден излог на достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храмови и неколку помали. Поаѓање со автобус за Хургада. Пристигнување доцните вечерни часови. Сместување во хотелот. Доцна вечера. Ноќевање.

7
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација (се избира една од трите екскурзии):


1. Пустинско сафари со вклучена вечера. Поаѓање од хотелот во 12 ч. Вашето запознавање со Египет нема да биде целосно ако пропуштите патување во пустината на сафари. Ќе имате можност да добиете неповторливи впечатоци од возењето со џипови по дините, екстремно возење на квадроцикли и баги. Ќе јавате камила и ќе се запознаете одблизу со животот на бедуините во пустината, ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц). Враќање во хотелот околу 21 ч.



2. „El Gouna - Египетската Венеција“ со вклучен ручек и безалкохолни пијалоци; ЗАДОЛЖИТЕЛНО плаќање на лице место на локална такса (cruise tax): околу 5 евра по турист. Поаѓање од хотелот околу 08:00 часот. Екскурзијата вклучува прошетка со чамец за време на која ќе уживате во прекрасните глетки, може да сретнете делфини, ќе имате можност да пливате и да нуркате во кристално чистите води на Црвеното Море. Враќајќи се во Ел Гуна, ќе се прошетате и со мали чамци низ каналите на градот. Враќање во хотелот во доцните попладневни часови.


3. Нуркање во Црвеното Море (со вклучен ручек, безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање); ЗАДОЛЖИТЕЛНО плаќање на лице место на локална такса (cruise tax): околу 5 евра по турист. Поаѓање од хотелот околу 8 ч. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и бои, непроверен и мистериозен, а со тоа и уште попривлечен. Нуркањето е начин да се запознае овој свет, неверојатно комбинирајќи во себе нови впечатоци, естетско задоволствво, романтични авантури, самозапознавање, и се разбира, бескрајно задоволство. Две паузи за нуркање и пауза за плажа на песочниот остров Orange bay. Враќање во хотелот околу 16 ч.

8
ХургадаСофија

Појадок. Трансфер до аеродромот во Хургада. Поаѓање за Бугарија со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Софија (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање!).

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително легло во двокреветна соба за 1-во дете од 2 до 11.99 г.
-€164
Еднокреветна соба
+€194
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Полудневна екскурзија: Старо Каиро, Музејот на Цивилизациите и пазарот "Хан ел Халили" - при минимум 20 туристи
€55
Екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучени влезници - при минимум 20 туристи
од 12 г.
€100
од 2 г. до 11 г.
€76
Екскурзија Комбо - прошетка со чамец флука, посета на ботаничката градина во гр. Асуан и Нубиската населба - при минимум 20 туристи
од 12 г.
€45
од 2 г. до 11 г.
€36
Прошетка со балон над западниот брег на реката Нил (при соодветни временски услови; дозволено само за лица над 6 г.) - при минимум 10 туристи
€95
Целодневна екскурзија: "El Gouna - Египетската Венеција" (со вклучен ручек и безалкохолни пијалоци); ЗАДОЛЖИТЕЛНО плаќање на лице место на локална такса (cruise tax): околу 5 евра по турист - при минимум 20 туристи
од 12 г.
€60
од 2 г. до 11 г.
€50
Пустинско сафари (со вклучена вечера ) - при минимум 20 туристи
€55
Нуркање во Црвеното Море и плажа на Orange Bay (со вклучен ручек, безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање); ЗАДОЛЖИТЕЛНО плаќање на лице место на локална такса (cruise tax): околу 5 евра по турист - при минимум 20 туристи
€55
Вечерно крстарење во Каиро по реката Нил со вечера и шоу програма - при минимум 10 туристи
€45
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Каиро, Хургада - Софија за директен чартер лет  на авиокомпанијата "BH Air"со вклучени аеродромски такси
Авионски билет за директен внатрешен лет од Каиро до Асуан на авиокомпанијата "Egypt Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг
Опишаните во програмата трансфери
2 ноќевања со доручек и вечера (без вклучени пијалоци) во хотел "The Oasis Hotel Pyramids" 4* (или сличен) во мегаполисот Каиро (во реонот на Гиза)
3 ноќевања на база полн пансион на брод за крстарење 5* од Асуан до Луксор на компанијата "Nile Cruises" (или слична)
2 ноќевања на база All inclusive во хотел 5* во Хургада
2 ручеци во локален ресторан во Каиро
Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро
Опишаната туристичка програма - Храмот на Изида, Незавршениот обелиск и Високиот ѕид во Асуан; храмовите во Ком Омбо и Едфу; Долината на кралевите и храмот на Хатшепсут; храмовите во Луксор и Карнак
Влезници за посета на објекти по програмата без посочените во "Цената не вклучува"
Локален водич
Водач на бугарски јазик за време на престојот
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Египет: 25 USD - се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, туристите ќе бидат известени навремено.)
Такса за гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
Бакшиши за локалните претставници: 30 USD на турист за целиот престој (се плаќаат задолжително на лице место, на туристичкиот водич, во зависност од дадената услуга, во готово). Културните карактеристики на дестинацијата сугерираат плаќање на бакшиш во наведениот износ, што покажува почит кон работата на соодветните лица и остава пријатен впечаток
Дополнителни екскурзии и услуги по програмата
Влезници за гробницата на Тутанкамон (околу 300 EGP); гробницата на Сети 1 (около 1000 EGP); за Кеопсовата пирамида (околу 440 EGP)
Влезници за други музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба
Пијалоци за време на ручеците и вечерите
Трошоци од личен карактер
Локален и градски транспорт
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Програмата се спроведува со минимум 80 туристи!
Валута: Локалната парична единица е Египетска лира или Египетска фунта (EGP).  Девизен курс на долар / фунта е приближно 1 USD = 16 EGP.
Не е препорачливо извезување на локална валута од земјата!
Резервации: депозит при резервација - 50% од цената на патувањето ; доплата - до 35 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот, кој следува по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена; од 60 до 36 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; од 35 ден до датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "такса за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на таксата за гориво и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
За уплата на екскурзии на лице место НЕ се прифаќаат кредитни картички.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
ВИЗЕН РЕЖИМ:
Македонските државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето се спроведува со минимум 80 туристи.
Други програми за Египет »