HILTON GARDEN INN DUBAI MALL OF THE ЕMIRATES ****, Дубаи
Локација
Хотелот се наоѓа во област Ал Барша, една од новите населби на Дубаи, во непосредна близина на плажите на Џумеира. Растојанието до трговскиот центар "Mall of the Emirates" е само 400 метри. Хотелот е во близина на метро станицата Емирејт Мол , на пешачко растојание до крајбрежниот булевар и на 5 минути со такси од градската плажа.
Хотел
Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Еmirates **** е нов, луксузен хотел, кој нуди удобно сместување во комфорни соби и љубезна услуга.
Соби
Собите се удобни, пространи, чисти, опремени со ТВ, мал фрижидер, термобокал, фен, пегла и даска за пеглање. Во собите има бесплатен пристап до безжичен интернет. Постои можност за дополнителен лежај.
Услуги
На располагање на гостите се бар, фитнес, ресторан, деноноќнa рецепција, банкомат и продавница за подароци. Во хотелот не се нуди алкохол. Појадокот се служи од 06:30 ч. до 10:30 ч.
Плажа
Можат да се користат две плажи:
- Џумеира Бич, кој е бесплатен и се наоѓа на 7 - 10 минути со такси од хотелот. Има и зона во која се плаќа за користење на лежалки и чадор. Нема ограничувања за видовите костими за капење.
- Луксузниот JBR - доплата за лежалки и чадор 110 AED или 30 USD по турист. Плажата се наоѓа на 20 мин со такси од хотелот, кое ќе ве чини околу 70 AED или 20 USD во еден правец.
HAWTHORN SUITES BY WYNDHAM ABU DHABI CITY CENTER ****, Абу Даби
Локација
Хотелот е лоциран на Abu Dhabi Corniche, со поглед на Арапското Море, на неколку минути од главниот бизнис-реон во Абу Даби.
Хотел
Hawthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center **** е модерен нов хотел, погоден е како за одмор, така и за бизнис посети. Располага со елегантни соби, како и со различни услуги за вашиот престој.
Соби
Собите се модерно опремени и имаат бесплатен Wi-Fi интернет, сеф, катче за седење, услови за подготовка на кафе и чај. Има можност за сместување на трет турист.
Услуги
На располагање на гостите се три ресторани, СПА центар со масажи и сауна, фитнес центар, бизнис центар, деноноќен румсервис, рент-а-кар, хемиско чистење, лоби бар. Појадокот е на шведска маса и се служи од 06:30 ч. до 10:30 ч. Во хотелот се нуди алкохол.
Плажа
Може да се користат три плажи и базенот на соседниот хотел:
- Градската плажа е бесплатна и се наоѓа на околу 5 минути со такси од хотелот. Има и платена зона, каде што може и да се изнајмат чадори и лежалки за 10 AED (3 USD). Нема ограничувања за видовите костими за капење. Достапни се бесплатни трансфери од хотелот два пати наутро и два пати попладне.
- Corniche Beach, каде можат да се изнајмат чадор и лежалки за 10 AED (3 USD).
- Луксузната плажа на Saadiyat Island, каде во крајот на минатата година се отвори филијала на Лувр - влезници 25 EAD и 50 AED (14 USD) за лежалка и чадор на турист. Плажата се наоѓа на околу 15-20 мин со такси од хотелот (25 EAD или 7 USD).
- Можност за користење на објектите на соседниот хотел "Sheraton Abu Dhabi Hotel & Resort" **** - базен, бар покрај базенот и отворена градина.
Во моментов нема слободни места
1 |
| |
За дати 05.11.2019; 19.11.2019; 18.02.2020 и 10.03.2020 програмата е во обратен редослед - прво 2 ноќевања во Абу Даби и 5 ноќевања во Дубаи; Поаѓање во 14:20 ч. од Терминал 1 на аеродромот во Софија за Дубаи со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродром "Ал Мактум Дубаи" во 20.10 ч./ За дати во април и октомври - поаѓање во 11:55 ч. и пристигнување во Дубаи во 17:35ч./ Пречек од претставник на агенцијата. Трансфер до хотелот во Дубаи (околу 50 мин, во зависност од сообраќајот). Сместување во хотел "Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Еmirates" **** (или сличен) во Дубаи. Информативен состанок со водичот во лобито на хотелот и можност за закажување на дополнителни екскурзии. Пешачка тура во новиот кварт Ал Барша за ориентација на туристите, со посета на Emirates Mall - вториот по големина трговски центар во светот, познат по ски патеката, можност за менување на валута и за вечера. Ноќевање. За дата на поаѓање 30.03.2020 г.: Заминување во 16:10 ч. од Терминал 2 на аеродромот во Софија за Дубаи со лет на авиокомпанијата „Fly Dubai”. Пристигнување на аеродромот во Дубаи во 22:05 ч. Трансфер до хотелот во Дубаи. Сместување во хотел „Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Еmirates” **** (или сличен) во Дубаи. Информативен состанок со водичот во лобито на хотелот и можност за закажување на дополнителни екскурзии. Ноќевање. | ||
2 | ||
07:00 - 10: 30ч. Појадок. 09: 00ч. - 13: 30ч. Панорамска обиколка на Дубаи со локален водич (ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА). За време на турата ќе се запознаете со богатите и разновидни традиции на Дубаи - историјата на Емиратот, новите проекти, како и со интересни факти од животот на локалното население, ќе ги почувствувате древното и модерното во овој рај насред пустината. Туристичката програма ги опфаќа стариот и новиот дел на градот. Ќе започнеме со еден од мегапроектите на емиратот, кој се наоѓа во новиот дел на градот - комплексот "Dubai Marina" со марина и облакодери, во кои има станови, канцеларии и хотели. Ќе продолжиме кон вештачкиот остров во форма на палма, каде се наоѓа импресивниот 5*-хотел "Атлантис". Ќе се движиме по "стеблото" на Џумеира - првиот од трите вештачки острови во форма на палма. Се разбира, нема да го пропуштиме и препознатливиот 7*- хотел "Бурџ ал Араб", изграден во форма на бродско платно внатре во морето. Ќе го посетиме стариот дел на градот Деира каде се наоѓа најголемиот пазар за злато, накит, ткаенини и зачини. Екскурзијата ќе заврши во трговскиот центар "Dubai Mall". 2. 13: 30 ч. - 15: 30ч. Билет за видиковецот на 124-от кат на Бурџ Калифа и слободно време во „Dubai Mall“. Тука можете да го посетите луксузниот пазар "Al Bahar Souk" или аквариумот "Dubai Aquarium & Underwater Zoo ", да се искачите до видиковецот "At The Top" кој се наоѓа на 124-от кат на највисоката зграда во светот - облакодерот "Бурџ Калифа" кој нуди неверојатна панорама кон градот. Картите се купуваат однапред за точен ден и час. Билетот вклучува превоз со експресен лифт до 124-от кат и неограничено време за престој на локацијата. (На самото место е можно купување на билети по двојно повисока цена). Можност да ги посетите Танцувачките или Распеани фонтани, кои се наоѓаат во езерото Бурџ Калифа , кое што има површина од 30 акри. Висината на водниот млаз достигнува до 150 метри, а должината на целата конструкција е 275 метри. Над 6600 светла и 25 рефлектори во боја создаваат уникатен визуелен спектакл. Часови на претстави: секои 30 минути од 18:00 ч. до 23:00 часот. Слободно време и по избор организирано враќање во хотелот со Dubai Metro (oколу 30 мин., билетите се купуваат на лице место-околу 7-8 AED или 2-3 USD или по желба самостојно враќање со такси 20-25мин (ќе ве чини околу 40-45 AED или 12-15 $). Ноќевање. | ||
3 | ||
07: 00ч. - 10: 30ч. Појадок. Слободно време или туристичка програма по желба: 1. 09: 00ч. - 12: 00ч. Посета на Магичните градини ("Dubai Miracle Garden") / Градината за пеперуди (Butterfly Garden), кои ќе ве опијат со својата убавина и разновидност. Градините се впишани во книгата на Гинис за најдолг ѕид од цвеќиња. Тука ќе имате можност да видите на едно место повеќе од 45 милиони цвеќиња. Ќе имате и слободно време за прошетка меѓу колоритните композиции, за кафе и фотографирање. 2. 12: 30ч. - 14: 30ч. Ручек во хотел "Бурж Ал Араб". Посетете го најлуксузниот хотел во светот, еден од симболите на Дубаи и една од најпознатите и фотографирани згради. За ентериерот на зградата се употребени 840 кг. 22-каратно злато, а на врвот на хотелот има хелиодром. Ручекот е шведска маса во ресторан "Al Iwan" со традиционална кујна во гурмански стил (пијалоците не се вклучени во цената). Бидете официјално облечени. 3. 15.30 ч. - 21.30 ч. Сафари во пустината со вечера на скара – едно авантуристичко патување, исполнето со незаборавна емоција во легендарната Арапска пустина. Ќе тргнете од вашиот хотел со џип Toyota Landcruiser кон внатрешноста на пустината минувајки низ песочните дуни. Ќе пристигнете во бедуински камп, каде ќе имате можност да пробате традиционални активности како јавање камили, цртање на рацете со к’на и пушење на наргиле. Залезот на сонцето, што фрла портокалова светлина врз песокот, ќе ви обезбеди незаборавен поглед и можност за романтични слики. Вечерта ќе заврши со вкусна вечера на скара под волшебното пустинско небо, со звуците на арапска музика и традиционални танци. Вечерата е на шведска маса со обилни салати, јадења, десерти и безалкохолни пијалоци (пивото и алкохолните пијалоци се плаќаат). Вечерта враќање назад во хотелот. Ноќевање. | ||
4 |
| |
07:00 - 10: 30ч. Појадок. Слободен ден или туристичка програма по желба: 1. 09:00 - 14: 00ч. Полудневна екскурзија до Шарџа и Аџман. Шарџа e културна престолнина на ОАЕ, a Аџман e најмалиот од 7-те Емирати. За време на оваа тура ќе имате можност да уживате во традиционална арапска култура. Ќе дознаете повеќе за исламската цивилизација со посетата на етнографскиот музеј во Аџман. Продолжувајќи кон Шарџа ќе запреме за фото-пауза пред прекрасни глетки кон плажата и пред една од малкуте православни цркви на Арапскиот полуостровот - Руската Црква. Ќе го посетите традиционалниот пазар во Шарџа "Blue Souk" за злато, сребро, теписи, зачини и сувенири . Враќање назад во хотелот. 2. 19: 30ч. - 22: 30ч. Крстарење со романтична вечера на арапска галија. Ние ви нудиме една романтична вечер на арапска галија ( со продолжителност два часа). За време на крстарењето ќе уживате во неверојатно убавата панорама на новиот дел на Дубаи и арапската гостопримливост! Вечерата е на шведска маса, изобилна храна со различни десерти, риба и месни јадења од арапската и интернационална кујна. Ноќевање. | ||
5 |
| |
07:00ч. - 10: 30ч. Појадок. Слободно време во Дубаи или туристичка програма по желба: 08.00 ч. - 18.30 ч. Целодневна екскурзија "Оаза Ал Еин" со вклучен билет за Al Ain Zoo, за време на која ќе се запознаете со традиционалниот начин на живот во пустината. Ал Еин е четврт по број на населението град во Обединетите Арапски Емирати и единствениот голем град, кој се наоѓа во внатрешноста на земјата. Меѓу знаменитостите на градот се сочувана природна оаза со шума од феникс палми, поранешната палата на шеикот, претворена во музеј, историски тврдини, како и бројни паркови, градини, вклучувајќи ја и планината Џебел-Хафит од која се открива прекрасен поглед кон градот. Ќе ги видите најжешките минерални извори, кои извираат во подножјето на планината и за крај ќе ја посетиме најголемата зоолошка градина во Блискиот Исток, каде што можете да видите газела - националниот симбол на Абу Даби, бели лавови, бели тигри, арапски орикс, персиски леопард, горила , жирафа, носорог, нилски коњ и други егзотични животни. Заминување назад за Дубаи во доцните попладневни часови (околу 150 км во еден правец). Ноќевање. | ||
6 | ||
07: 00ч. - 10: 30ч. Појадок. 11:00 ч. - средба на групата во лобито на хотелот. 11:30 ч. - трансфер до Абу Даби. Времетраењето на трансферот од Дубаи до Абу Даби е приближно околу 90 минути (во зависност од сообраќајот). Панорамска обиколка на Aбу Даби со локален водич (ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА): често спомнуван и како "Менхетн на Блискиот Исток" Абу Даби нуди огромен избор на современа и арапска архитектура. Тука ќе уживате во бројни импресивни глетки, вклучувајќи ги Етнографската населба (мин. 30 мин. со водич на бугарски), светски познатиот хотел "Емирејт Палас и прекрасниот регион Корниш, кој нуди прекрасен поглед на хоризонтот на градот и брановидниот остров - зеленото срце на градот. Следува посета на импресивната џамија "Шеик Зајед" (мин. 1час и 30 мин. со водич на бугарски) - најголемата во ОАЕ и една од најголемите во светот. Во џамијата има строги правила за облека: мажи - долги панталони, маици или кошули со кратки / долги ракави; жени - долги панталони или долги здолништа до глуждовите, блузи или кошули со кратки / долги ракави, шамија за глава. Не е дозволена тесна облека, што го оцртува телото или прозирна облека. Исто така панорамно ќе се види и пистата на Формула 1 и ќе има возможност да се посети и продавницата за сувенири на најголемиот увеселителен парк во светот „Ferrari World“ (около 30 мин.). Вечерта враќање во хотелот. Сместување во хотел „Howthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center” 4* или сличен. Информативен состанок со водичот на групата. Ноќевање. | ||
7 | ||
07: 00ч. - 10: 30ч. Појадок. Можност за плажа, посета на уникатниот хотел "Emirates Palace", забавен парк "Ferrari World ". 1. Билет за забавен парк "Ferrari World" ("Светот на Ферари") - единствениот од ваков вид тематски парк на "Ферари" во светот. Тој нуди забава за сите возрасти и ја раскажува на возбудлив начин историјата на Ферари преку повеќе од 20 едукативни тури и атракции, продавници и автентична италијанска кујна. Под огромниот црвен покрив се наоѓаат следните атракции: "Формула Росса" – најбрзиот воз во забавен парк во светот што достигнува брзина од 240 км / ч; Галерија "Ферари" - најголемиот изложбен салон на "Ферари" во светот надвор од Моранело, со интерактивен екран, кој ги покажува моделите на Ферари од 1947 година до денес; "Брзината на Магијата" – фантастично 4D искуство во длабоки зелени џунгли, ледени пештери и потоци, се до кратерот на огнениот вулкан. Можност за вечера во еден од најлуксозните ресторани во светот "Emirates Palace" - со претходна резервација и уплата. Ноќевање. | ||
8 |
| |
07:00 -10: 30 часот. Појадок. Напуштање на собите во хотелот најдоцна до 13:00 ч. Слободно време. Можност за посета на уникатниот "Емирејт палас", еден од најскапите хотели во светот, каде што во неверојатна атмосфера може да испиете чаша капучино со златен прав. Тука комфорот и луксузот ќе направат да се чувствувате навистина посебен. 15:45 ч. - состанок во лобито на хотелот. Трансфер до аеродромот во 16:30 часот. Поаѓање за Бугарија во 20.55 часот. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Софија, Терминал 1 во 01:20 ч. /За дати во април и октомври поаѓање во 18:35 ч. и пристигнување во Софија во 23:05ч./ За дата на поаѓање 30.03.2020 г.: Појадок. (сув пакет). Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија во 10:45 ч. со лет на авиокомпанијата "Fly Dubai". Слетување на аеродром Софија (Терминал 2) во 15:10 ч. |
hotel Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Emirates**** в Дубай и hotel Hawthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center**** в Абу Даби (или подобни) | |
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет | вклучено во цената |
Двокреветна соба со разделени легла | вклучено во цената |
Дополнително трето легло | вклучено во цената |
Допълнително легло во двокреветна соба за дете од 6г. до 11.99 г. | -€157 |
Еднокреветна соба | +€305 |
Билет за видиковецот на 124-от кат на Бурџ Калифа (без вклучен трансфер до кулата). | €50 |
Сафари во пустината со вечера на скара- реализација при минимум 15 туристи. | €55 |
Крстарење со романтична вечера на арапска галија (со вклучен трансфер од / до хотелот) при минимум 15 туристи. | €55 |
Посета на Магичните градини (трансфер и влезници) при минимум 15 туристи. | €30 |
Екскурзија "Оаза Ал Еин" со локален водич на македонски/српски/бугарски и вклучен билет за Al Ain Zoo - се спроведува при минимум 15 туристи. | €60 |
Билет за забавен парк "Светот на Ферари" со вклучен билет General Admission во Абу Даби (без вклучен трансфер). | €80 |
Билет VIP admission за забавен парк "Светот на Ферари" во Абу Даби (без вклучен трансфер). | €153 |
Полудневна екскурзија до Шарџа и Аџман со лиценциран локален водич на македонски/српски/бугарски при минимум 15 туристи. | €25 |
Панорамски разглед на Дубаи со хеликоптер 15 мин. (без вклучен трансфер). | €255 |
Ручек во Бурџ Ал Араб (без вклучен трансфер). | €179 |
Вечера во луксузниот хотел "Emirates Palace" во Абу Даби на шведска маса без вклучени пијалоци, со вклучен трансфер во еден правец | €136 |
Бохемиа BeOnTime – Доколку часот на полетот на враќање доцни или се одложи со повеќе од час за клиентите ќе има компензација во размер на 100 евра (се најавува најкасно до 7 дена пред датумот на поаѓање). За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент. | €10 |
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба) | €18 |
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба) | €26 |
Виза за ОАЕ | €85 |