Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Шпанија – култура и традиција

Рани резервации!

Софија – Барселона – Сарагоса – Мадрид – Толедо – Валенсија – Барселона – Манастирот “Монтсерат” – Барселона – Софија

Екскурзија со автобус и авион
8 дена
од €679

Со оваа екскурзија ќе го почувствувате огнениот темперамент на Шпанија со својата извонредна архитектура и богато културно и историско наследство.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
05.09.2020 г.
€679
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
19.09.2020 г.
€705
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
10.10.2020 г.
€689
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаБарселона

Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија за Барселона со лет на авиокомпанијата "Wizz Air" во 19.20 ч. Пристигнување на аеродромот во Барселона во 21.25 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
Барселона

Појадок. Панорамски разглед во Барселона: Градскиот парк со Парламентот и Зоолошката градина; Триумфалната капија; плоштадот “Колумб”; плоштад “Каталонија”; две од најпознатите куќи на Антони Гауди - Каса Батљо и “Ла Педрера”; Стадионот "Камп Ноу"; Катедралата “Саграда Фамилиja”; Плоштад "Шпанија" со танцувачките фонтани; “Монтјуик Хил”; архитектонскиот резерват "Побле Еспањол"; Националната палата; Олимпискиот прстен со објекти изградени во чест на Олимписките игри во 1992 год.; крајбрежниот булевар и “Маремагнум”. По желба посета на паркот “Гуел”, дел од Светското наследство на УНЕСКО и најпосетениот парк во градот. Пешачка прошетка по улицата “Рамбла”. Слободно време во Готскиот кварт. Катедралата "Св. Еулалија,Градското собрание на Барселона и Женералитата . Слободно време во Барселона (неопходно е користење на градски транспорт). Ноќевање.

3
БарселонаСарагосаМадрид
~615 km

Појадок. Поаѓање за Сарагоса. Пешачки разглед во центарот на градот (1 ч.): Базиликата "Нуестра Сењор дел Пилар"; плоштадот со Градското собрание; зграда на стоковната берза; Катедралата. Поаѓање за Мадрид. Сместување во реонот на Мадрид во вечерните часови. Ноќевање.

4
Мадрид

Појадок. Туристичка програма во Мадрид: Кралскиот дворец - изграден за време на владеењето на Фелипе V; Плоштадот “Ориенте” - омилено место за жителите и гостите на Мадрид; плоштад "Шпанија" со споменикот на големиот писател Мигел де Сервантес и Статуата на Дон Кихот и Санчо Панса; “Гран Виа” - најпознатата улица во градот; плоштад "Ла Сибелес" со фонтаната, посветен на божицата на плодноста; Музејот “Прадо”; “ПлазаМаиор” - срцето на градот; Пуерто дел Сол со "нулта километар" на Кралството Шпанија и симболот на Мадрид - Статуата на мечката и дрвото “Мадроњо”. Слободно време до 20.00ч. Ноќевање.

5
МадридТоледоВаленсија
~450 km

Појадок. Поаѓање за Толедо - неверојатна мешавина од христијанска, мавјарска и еврејска култура. Можност за посета на готска катедрала од 13 в. и црквата "Санто Томе" со ремек делото на Ел Греко "Погребот на грофот Оргас". Поаѓање за Валенсија. Сместување во реонот на Валенсија во вечерните часови. Ноќевање.

6
ВаленсијаБарселона
~360 km

Појадок. Туристичка програма во Валенсија - трет по големина шпански град, каде што е сочувана хармонијата на медитеранските и шпанско-арапските традиции. Панорамски разглед: архитектонско-културниот комплекс "Град на науките и уметностите", дело на архитектот Сантијаго Калатрава и вклучувајќи ги највпечатливите Л'Емисферик, Музеј на науките, Опера, Л'Осеанографик (најголемиот аквариум во Европа); пешачки разглед во историскиот центар: Арената - една од најголемите во Шпанија, централниот плоштад со Градското собрание и Историскиот музеј на градот, Свилена берза - ремек-дело на валенкискиот готски стил, вклучен во листата на УНЕСКО за Светско културно наследство, Катедралата изградена помеѓу 1252 г . и 1482 год. врз темелите на постара џамија, каде што се чува Светиот Грал, Торес делс Серанс - една од зачуваните средновековни порти и зградата на валенсианскaтa влада. Поаѓање за Барселона. Сместување. Ноќевање.

7
БарселонаМанастирот “Монтсерат”Барселона
~120 km

Појадок. Слободно време во Барселона - неопходно е користење на градски транспорт или туристичка програма по желба: полудневна екскурзија до манастирот "Монтсерат" - бенедектински манастир, основан во 11 в., кој се наоѓа во месност со неверојатна природна убавина. Тука се чува Девицата на Монсерат или "црната Мадона" - покровителка на Каталонија. Можност за индивидуална посета на Музејот на Монсерат со збирки на религиозна утвар, слики на мајстори од 13 в. до 20 в., икони и предмети од библискиот Исток и новата интерактивна презентација "Монтсерат". Ноќевање.

8
БарселонаСофија

Појадок. Напуштање на собите во хотелот (багажот се остава во собата за багаж во хотелот). Слободно време во Барселона – неопходно е користење на градски транспорт. Tрансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија во 22:05 ч. со лет на авиокомпанијата “Wizz Air”. Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 01.55 ч. (По полноќ на 8-миот спрема 9-тиот ден).

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€225
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Влезници за паркот "Гуел" во Барселона ( се резервира однапред при склучување на договорот за организирано патување, а не на лице место, бидејќи за оваа услуга е потребна претходна резервација) на турист при минимум 30 туристи
€10
Посета на манастирот "Монтсерат" (со вклучен двонасочен билет за железницата до манастирот "Монсерат", но без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 12 г.
€35
од 0 г. до 11 г.
€30
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување (цена на турист за сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( цена на турист за сместување во еднокреветна соба)
€26
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Барселона - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси, рачен багаж со размери 40x30x20 cm до 10 кг и чекиран багаж до 20 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт по опишаната маршута во Шпанија со туристички автобус
4 ноќевања со појадок во хотел "Hesperia Sant Joan" *** (или сличен) за дата на поаѓање 24.04 / хотел "AC Sant Cugat by Marriott" **** (или слиѝен) за дати на поаѓање 17.05, 31.08, 14.09 и 12.10 в *** во реонот на Барселона
2 ноќевања со појадок во хотел "Holiday Inn Bernabeu" **** (или сличен) за дата на поаѓање 24.04 / хотел "Elba Madrid Alcala " **** (или сличен) за дата на поаѓање 17.05 / хотел "Axor Feria" **** (или сличен) за дати на поаѓање 31.08, 14.09 и 12.10 во реонот на Мадрид
1 ноќевање со појадок во хотел "Tryp Valencia Azafata" **** (или сличен) за дата на поаѓање 24.04 / хотел "Sercotel Acteon" **** (или сличен) за дата на 17.05, 31.08 и 12.10 / хотел "Senator Parque Central" **** (или сличен) за дата на поаѓање 14.09 во реонот на Валенсија
Панорамски разглед на Барселона
Туристичка програма во Мадрид и Валенсија
Пешачки разглед во Сарагоса и Толедо
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Водич на македонски/српски/бугарски јазик
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса за престој во Барселона: 2 евра на турист на ден (за хотел 4 *), 1 евро на турист на ден (за хотел 3 *). Надоместокот се плаќа индивидуално од страна на туристите при хотелскиот прием
Посета и влезници за паркот "Гуел"
Посета на манастирот "Монтсерат"
Влезници за манастирот "Монтсерат": Музејот "Монтсерат" (7 евра), новата интерактивна презентација "Монтсерат" (5 евра)
Влезници и билети за Зоолошката градина (19,90 EUR, за деца - 11,95 EUR), Аквариум (20 EUR, за деца - 15 EUR), Морскиот музеј (10 EUR, за деца под 17 год. - бесплатно), Музејот на Пикасо (15 EUR), Етнографскиот музеј "Побле Еспањол" (13 EUR, за деца - 7 EUR), фондацијата "Жоан Миро" (12 EUR, за деца под 15 год. - бесплатно), за Музејот на каталонската уметност (12 EUR, за деца до 16 години - бесплатно), "Ла Педрера" (25 EUR, за деца од 7 год. до 12 год. - 14 EUR), стадионот "Камп Ноу" (25 EUR, за деца - 20 EUR) "Саграда Фамилија "(15 евра, за деца до 11 год. - бесплатно), Палата на музиката (18 евра) во Барселона
Влезници за музејот "Прадо" (15 EUR, за деца до 18 год. - бесплатно), музејот "Кралица Софија" (10 EUR, за деца до 18 год. - бесплатно), Кралскиот дворец (11 EUR, за деца до 16 год. - 6 евра) во Мадрид
Влезници за катедралата (12.50 евра) и црквата "Санто Томе" (2.80 евра) во Толедо
Бакшиш за возачот (2 евра на турист на ден - се плаќа задолжително на лице место)
Влезници и билети за други музеи, објекти и настани, кои се посетуваат по желба и градски транспорт.
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Со цел да се реализираат дополнителните услуги и настани од програмата, неопходно е да се побараат при склучување на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
Влезниците за паркот “Гуел” во Барселона неопходно е да бидат резервирани однапред, бидејќи не е можно да се додадат дополнително туристи во резервацијата направена на лице место.
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
Екскурзијата се спроведува при минимум 40 регистрирани туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Други програми за Шпанија »