Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во Шпанија - Барселона, Коста Брава - Специјална програма за одмор за сите возрасти!

Софија – Барселона – Коста Брава – Барселона – Монсерат – Коста Брава – Тоса де Мар – Жирона – Фигерас – Коста Брава – Барселона – Софија

Одмор со авион
8 дена
од €539


 Хотел "H.TOP Pineda Palace" S**** , Пинеда де Мар


Хотелот е лоциран на самиот морски брег во Пинеда де Мар, на крајбрежјето на Коста Брава и е оддалечен 56 км од центарот на Барселона. По должината на брегот поминува воз, кој  е многу удобен и лесен транспорт меѓу сите одморалишта. До Барселона може да се стигне за околу 1 час, а возот поминува на секои 30 минути.

Во хотелот: ресторан, бар, базен на терасата, миниклуб, сауна, фитнес, детско игралиште, соба за игри, велосибеди за изнајмување и сеф (со доплата).
Во собите (16 м2): клима уред, сателитска ТВ, сеф (со доплата), купатило со туш кабина/када, фен, телефон, мини бар, балкон.

Максимален капацитет на една соба: двајца возрасни и две деца.

Интернет: насекаде во хотелот со доплата (околу 5 евра за 1 ден и 10 евра за 3 дена).

Плажа: чадори и лежалки со доплата (околу 5/7 евра на ден за чадор или лежалка); хотелот не предлага пешкири за плажа.
 

 Хотел "H.TOP Amaika" S****, Калеа

 

 

Хотелот се наоѓа на неколку минути од златната песочна плажа во тивкиот реон на одморалиштето Калеа, на 53 км од центарот на Барселона. По должината на бреготпоминува воз, кој  е многу удобен и лесен транспорт меѓу сите одморалишта. До центарот на Барселона може да се стигне за околу 1 час, а возот поминува на секои 30 минути.
Во хотелот:
ресторан, бар, отворен базен, фитнес, сауна, хидромасажна када / џакузи, детско игралиште.
Во собите (16 м2): клима, сателитска телевизија, телефон, купатило со туш / када, фен, минибар, сеф (со доплата), балкон.
Интернeт: со доплата (околу 5 евра за 1 ден и 10 евра за 3 дена).
Плажа: чадори и лежалки со доплата (околу 5/7 евра на ден за чадор или лежалка).

Хотел H.TOP Amaika 4 * се препорачува за туристи над 16 години. Нема попуст и анимација за деца.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаБарселонаКоста Брава

Со лет на "Bulgaria Air": Поаѓање во 13:10 ч. од аеродромот во Софија (терминал 2) за Барселона. Пристигнување на аеродромот во Барселона во 15:15 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.


Со лет на "Wizz Air": Поаѓање во 19:20 ч. од аеродромот во Софија (терминал 1) за Барселона. Пристигнување на аеродром Барселона во 21:25 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

2
Барселона

Појадок. Комбинирана тура во Барселона со водич на бугарски јазик (вклучена во цената): Катедралата "Саграда Фамилија" - визит картичка на градот; две од најпознатите куќи изградени од архитектот Гауди - "Casa Batllo" и "La Pedrera"; плоштад "Шпанија" со Националната палата; ридот "Монтжуик" со музејскиот архитектонски комплекс "Побле Еспањол"; "Олимпискиот прстен" со објекти изградени во чест на Олимписките игри во 1992 г .; споменикот на Колумбо. Слободно време на плоштадот "Каталонија", од каде започнува "Рамбла" - најживата улица на градот, која изобилува со необични продавници, барови и живи статуи, и Готскиот кварт - стариот дел од Барселона со кривулести тесни улички и средновековни згради. Вечера. Ноќевање.

3
Монсерат

Појадок. Слободно време. Ручек. По желба целодневна екскурзија "Монсерат и Магичните фонтани". Монсерат е духовното место на Каталонија, каде што е изграден бенедиктинскиот манастир со илјада годишна историја. Екскурзијата ќе ви овозможи да уживате во прекрасни пејсажи, во необичните форми на карпите и да доживеете една неповторлива духовна радост во манастирот, лоциран во едно од најживописните места на земјата. Ќе имате можност да се допрете и до една од најголемите вредности на манастирот "Црната Мадона". Посета на Магичните фонтани на Барселона. Вечера. Ноќевање.

4

Појадок. Слободно време. Ручек. По желба вечернo шоу-спектакл "Витешки турнир" - фламенко-спектаклот ви ја претставува на еден лесен и забавен начин шпанската историја и култура. Претставата ќе ве внесе во бурата на историските битки на витезите, кои ги бранеле своите кралеви од напаѓачите вестготи и арапи, а по кратка пауза со прекрасна шпанска музика ќе можете да уживате во страстите и длабоките чувства на фламенко спектаклот, претставен од темпераментни танчери и талентирани музичари. Вечера. Ноќевање.

5
Тоса де МарЖирона

Појадок. Слободно време. Ручек. По желба целодневна екскурзија до Тоса де Мар и посета на Џирона. Панорамскиот пат кон Тоса де Мар ќе ни ја открие убавината на најпознатото крајбрежје на Шпанија - Коста Брава - воспеана од многу писатели и поети. Тоса де Мар е едно од најатрактивните крајбрежни места - стариот град, прогласен за национално богатство, со тесните улички и мали дуќанчиња му дава неповторлива атмосфера на градот. Вашиот одмор на Коста Брава, а исто така и расказите за ова сончево крајбрежје не би бил комплетен без да ја посетите една од најпознатите шпански винарии. Вина, колбаси, ликери, колачи, маслиново масло се дел од културата и гастрономијата на овој регион. Таму ќе можете не само да ги пробате, но и да ги купите на поволни цени. Пешачка прошетка во историскиот центар на Џирона. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6
Фигерас

Појадок. Слободно време. Ручек. По желба целодневна екскурзија "Светот на Дали". Поаѓање за Фигерес - родниот град на Салвадор Дали. Посета на театарот – музеј "Салвадор Дали". Идејата за создавање на музејот започнала во 1961 г. кога новоизбраниот градоначалник на Фигерес побарал од познатиот уметник да му подари на градот слика. Дали одлучил да му подари музеј. И не само музеј, туку театар-музеј. Експозицијата на музејот овозможува да се следи творечкиот пат на мајсторот од импресионизмот, футуризмот, кубизмот до надреализмот. Освен сликарството, меѓу експонатите се скулптури, инсталации, фотографии и двојни спектроскопии. Заминување кон Пубол и посета на замокот "Пубол", кој Дали го дава на својата муза и придружник во животот Гала при нивното враќање во Европа. Уметникот е автор на внатрешниот дизајн на замокот. Во него се чуваат дела на големиот надреалист, фотографии, предмети за домаќинството, изработени по негов дизајн, колекција од фустани на Гала, создадени од познати модни дизајнери и од самиот Дали. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

7

Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

8
БарселонаСофија

Со лет на "Bulgaria Air": Појадок. Напуштање на собите. Ручек. Трансфер до аеродромот. Поаѓање во 16:00 ч. за Бугарија. Пристигнување на аеродромот во Софија (терминал 2) во 19:40 ч.


Со лет на "Wizz Air": Појадок. Напуштање на собите. Ручек. Слободно време. Трансфер до аеродромот. Поаѓање во 21:55 ч. за Бугарија. Пристигнување на аеродромот во Софија (терминал 1) во 01:50 ч.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Гарантиран трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје за дата 24.04.2019 г. при минимум 6 туристи!
€0
Целодневна екскурзија Монсерат и Магичните фонтани при минимум 20 туристи.
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€41
Целодневна екскурзија Тоса де Мар и посета на Џирона при минимум 20 туристи.
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€41
Целодневна екскурзија "Светот на Дали" при минимум 20 пријавени туристи.
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€46
Вечерен спектакл "Витешки турнир" при минимум 20 туристи.
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€41
Пакет од три патувања: целодневна екскурзија Монсерат и Магичните фонтани, вечерен спектакл "Витешки турнир", целодневна екскурзија Тоса де Мар и посета на Џирона при минимум 20 туристи.
от 12 г.
€143
от 2 г. до 11 г.
€115
За лица над 69 година автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
€0
Бохемиа BeFlex – 10% од основната цена на патувањето: можност за промена на датата на патување за истата програма или отказ од патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата. За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
€0
Бохемиа MultiFlex – 20% од основната цена на патувањето: можност за смена на програмата или отказ на патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата.За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
€0
Бохемиа BeOnTime – Доколку часот на полетот на враќање доцни или се одложи со повеќе од час за клиентите ќе има компензација во размер на 100 евра (се најавува најкасно до 7 дена пред датумот на поаѓање). За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
€10
Специјална услуга за датуми со лет на "Bulgaria Air": Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга за датуми со лет на "Bulgaria Air": Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€26
Специјална услуга за датуми со лет на "Wizz air": Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга за датуми со лет на "Wizz air": Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€26
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет за директен лет Софија - Барселона - Софија на авиокомпанијата "Bulgaria Air" со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 23 кг. и рачен багаж до 10 кг. за лет во ЧЕТВРТОК
Авионски билет за директен лет Софија - Барселона - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 20 кг. и рачен багаж до 10 кг. (со димензии 40х30х20 см) за лет во САБОТА
7 ноќевања на база збогатен полн пансион на шведска маса (појадок, ручек и вечера + 1/4 вино и минерална вода за ручек и вечера) во избраниот од вас хотел (или сличен) на Коста Брава
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Целодневна екскурзија до Барселона со водич
Асистанс на македонски/српски/бугарски јазик
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса за престој во реонот на Барселона: 1 EUR (за хотел ****), 0.50 EUR (за хотел ***) по турист на ден. Таксата се плаќа индивидуално од туристите на рецепцијата на хотелот
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата (При резервации на лице место екскурзиите се плаќаат во евра!)
Користење на чадори и лежалки на плажа (со доплата на лице место)
Влезници за музеи, објекти и настани за време на екскурзиите и други кои се посетуваат по желба
Градски транспорт
Трошоци од личен карактер
Бакшиши за водичот / шоферот
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за откажување: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Попустот за деца е валиден за возраст од 2 полни години до 12 неполни години!
Максимален капацитет на една соба: 2 возрасни и 2 деца!
Хотел H.TOP Amaika 4 * се препорачува за туристи над 16 години. Нема попуст и анимација за деца.
Редоследот на екскурзии се одредува на лице место.
За време на дополнителните екскурзии не се обезбедени ланч пакети.
Цените за секоја од дополнителните услуги / екскурзии на лице место се повисоки!
Препорачливо е претходна резервација и плаќање на екскурзиите. Ако има слободни места, екскурзии може да се организираат на лице место и да се платат во евра.
Авиокомпанијата го задржува правото да гo смени времето на летот.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ БАРАЊА
Шпанија: Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
ВИЗНО ПАСОШКИ РЕЖИМ
Шпанија: Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Патувањето се одвива со минимум 44 регистрирани туристи.
Други одмори во Шпанија »