Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ЕГИПЕТ - КАИРО, ХУРГАДА И КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ - со внатрешен лет!

1 ноќ во хотел 5* во Каиро, 3 ноќи на брод за крстарење и 3 ноќи во хотел 5* во Хургада! Вклучен внатрешен лет од Каиро до Асуан! Богата туристичка програма! Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро, вклучени во цената! Рани резервации!

Софија – – Асуан – Ком Омбо – Едфу – Луксор – Деир-ел-Бахари – Луксор – Хургада – Софија

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
29.09.2020 г.
€730
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
13.10.2020 г.
€730
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
27.10.2020 г.
€730
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
10.11.2020 г.
€730
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
24.11.2020 г.
€730
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
Софија

Поаѓање од аеродром Софија (терминал 1) во 07:30 ч. за Каиро со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Каиро во 09:20 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање). Пречек од компанијата партнер.


Туристичка програма во Каиро (вклучена во цената): Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленат со своето величество и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во поглед на Каиро. Исто така, нема да ја пропуштите и средбата со импозантната статуа на Сфингата. Посета на фабрика за парфеми. Подоцна ќе го посетите и историскиот музеј во Каиро, кој има многу скапоцени експонати од ерата на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони. Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Вечера во ресторан во Каиро. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
АсуанКом ОмбоЕдфу

Ран појадок (или сув пакет). Трансфер до аеродромот во Каиро за директен внатрешен лет до Асуан со авиокомпанијата "Egypt Air" во 08:00 ч. Слетување на аеродромот во Асуан во 09:25 ч.


Туристичка програма во реонот на Асуан: Високиот ѕид на браната Насер, која служи како бариера на р. Нил. Нејзината изградба неколку пати е одложувана поради политички причини и поради потребата од преместувањето на важни археолошки локалитети; Незавршениот обелиск - Величествен споменик со височина 42 метри и тежина 1 200 т, кој никогаш не бил подигнат. Напуштен е во карпата во која бил издлабен уште во древноста поради појава на пукнатина. Разгледување на храмот на Изида. Првично, тој се наоѓал на о-овот Филае, кој е преплавен денес од страна на водите на браната Насер. Храмот е спасен и префрлен во о-ов Агилика , благодарение на масовната спасувачка операција на УНЕСКО. Трансфер до бродот за крстарење. Сместување. Ручек. Попладне, поаѓање за Ком Омбо. Пристигнување во доцните попладневни часови и разгледување на Храмот во Ком Омбо. Тој бил изграден во хеленистичката епоха, т.е. за време на Птоломеите и претставува необичен двоен храм, посветен на Собек - бог на крокодилите и на Хор - бог на соколите. Поаѓање за Едфу. Вечера и ноќевање на бродот.

3
Луксор

Рано наутро посета на храмот во Едфу кој е посветен на Богот Хор, синот на Изида и Озирис. Изградбата на храмот започнала во 237 год. пр.н.е. за време на владеењето на Птоломеј III и завршува речиси 2 века подоцна, во 57 год., за време на владеењето на Птоломеј XII - таткото на познатата Клеопатра. Враќање на бродот. Појадок. Поаѓање кон Луксор преку Есна. Ручек. Слободно време на бродот за крстарење. Вечера и ноќевање на бродот.

4
Деир-ел-БахариЛуксор

Појадок. Поаѓање кон Деир-ел-Бахри - комплекс од царски гробници и погребални храмови од Новото царство, лоциран на западнио т брег на реката Нил. Посета на Долината на кралевите, каде што се наоѓаат 62 гробници на фараони, од кои едната е на Тутанкамон; импресивниот храм на Хатшепсут - првата жена фараон која го управувала Египет две децении; колосите на Мемнон каде е насликан седнатиот фараон Аменхотеп III. Посета на локална фабрика за алабастер. Враќање на бродот. Ручек. Попладне, туристичка програма по источното крајбрежие на Нил и храмот во Луксор, кој е лоциран на остатоците на древна Тива. Големиот храм во Луксор, подигнат од Рамзес II е посветен на боговите Амон Ра, Мут и Хонсу и импресионира со своите папирусни џиновски колони. Заминување за Карнак – своевиден излог на достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храмови и неколку помали. Посета на музеј за папирус. Вечера и ноќевање на бродот.

5
ЛуксорХургада

Појадок. Поаѓање со автобус за Хургада. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација (се избира една од двете екскурзии):



1. Островот Гифтон и нуркање (со вклучен трансфер, ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање). Екскурзијата почнува околу 8 ч. и вклучува морско пловење со чамец со можност да уживате во убавината на еден од прекрасните острови и богатствата на коралниот гребен. Враќање во хотелот околу 16 ч.


или


2. Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалоци). Поаѓање од хотелот околу 8 ч. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и бои, непроверен и мистериозен, а со тоа и уште попривлечен. Нуркањето е начин да се запознае овој свет, неверојатно комбинирајќи во себе нови впечатоци, естетско задоволствво, романтични авантури, самозапознавање, и се разбира, бескрајно задоволство. Враќање во хотелот околу 16 ч.

7
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Пустинско сафари со вклучена вечера. Заминување од хотелот во 12 ч. Вашето запознавање со Египет нема да биде целосно ако пропуштите патување во пустината за сафари. Ќе имате можност да добиете неповторливи впечатоци од возењето со џипови по дините, екстремно возење на квадроцикли и баги. Ќе јавате камила и ќе се запознаете одблизу со животот на бедуините во пустината, ќе посетите мала зоолошка и терариум, ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц). Враќање во хотелот околу 21 ч.

8
ХургадаСофија

Појадок. Трансфер до аеродромот во Хургада. Поаѓање за Бугарија во 10:10 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Софија во 14:00 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање!).

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително легло во двокреветна соба за 1-во дете од 2 до 11.99 г.
-€164
Еднокреветна соба
+€250
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Пустинско сафари (со вклучена вечера ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€50
од 2 г. до 11 г.
€40
Островот Гифтон и нуркање (со вклучен ручек , безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€30
од 2 г. до 11 г.
€20
Нуркање во Црвеното Море (со вклучени осигурување за нуркање , ручек и пијалоци ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€50
од 2 г. до 11 г.
€40
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Каиро, Хургада - Софија за директен чартер лет  на авиокомпанијата "BH Air"со вклучени аеродромски такси
Авионски билет за директен внатрешен лет од Каиро до Асуан на авиокомпанијата "Egypt Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг
Опишаните во програмата трансфери
1 ноќевање со појадок во хотел "Cairo Pyramids" 5* (или сличен) во мегаполисот Каиро (во реонот на Гиза)
3 ноќевања на база полн пансион на брод за крстарење 5* од Асуан до Луксор на компанијата "Presidential Nile Cruises" (или слична)
3 ноќевања на база All inclusive во хотел "Stella Di Mare Gardens Resort & Spa" 5* (или сличен) во Хургада
1 вечера во ресторан во Каиро
Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро
Опишаната туристичка програма - Храмот на Изида и незавршениот обелиск во Асуан; храмовите во Ком Омбо и Едфу; храмовите во Луксор и Карнак; Долината на кралевите и храмот на Хатшепсут
Влезници за посета на објекти по програмата без посочените во "Цената не вклучува"
Локален водич
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување
Водич - преведувач од Бугарија за време на целото патување.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Египет: 25 USD - се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, туристите ќе бидат известени навремено.)
Такса за гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква)
Бакшиш за локалниот водич : 25 USD на турист за целиот престој (со задолжителна доплата на лице место )
Дополнителни екскурзии и услуги по програмата
Влезници за гробницата на Тутанкамон (околу 250 EGP); за Кеопсовата пирамида (околу 400 EGP) , за Музејот на мумии (околу 180 EGP), такса за фотографирање во Историскиот музеј (околу 50 EGP) во Каиро
Влезници за други музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба
Пијалоци за време на ручеците и вечерите
Ручек во 5-от ден од екскурзијата
Трошоци од личен карактер
Локален и градски транспорт
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Програмата се спроведува со минимум 80 туристи!
Валута: Локалната парична единица е Египетска лира или Египетска фунта (EGP).  Девизен курс на долар / фунта е приближно 1 USD = 16 EGP.
Не е препорачливо извезување на локална валута од земјата!
Резервации: депозит при резервација - 50% од цената на патувањето ; доплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот, кој следува по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена; од 60 до 31 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; од 30 ден до датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "такса за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на таксата за гориво и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
За уплата на екскурзии на лице место НЕ се прифаќаат кредитни картички.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
ВИЗЕН РЕЖИМ:
Македонските државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето се спроведува со минимум 80 туристи.
Други програми за Египет »