Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Чудата на Јужна Италија -> Неапол - Помпеја - Капри - Амалфи - Бари - Лече - Остуни - Алберобело - со авион!

Гарантирани цени и места!

Софија – Неапол – Помпеj – Неапол – Капри – Неапол – Соренто – Амалфи – Неапол – Бари – Остуни – Лече – Бари – Матера – Алберобело – Бари – Неапол – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаНеапол

Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 14:25 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air" за Неапол. Слетување на аеродромот во Неапол во 15:05 ч. Панорамски разглед на Неапол со локален водич: Кралската палата, плоштад "Плебешито" виа "Толедо" и операта "Сан Карло". Слободно време. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
НеаполПомпеjНеапол

Појадок. Поаѓање за Помпеја: разгледување на археолошкиот комплекс во Помпеја со локален водич (влезница се плаќа на лице место) - воскреснатиот град во подножјето на Везув, уништен како резултат од ерупцијата на вулканот во 79 год. Римскиот форум - центар на јавниот и политичкиот живот , домовите на помпејските благородници "куќите на љубовта". Поаѓање кон кралската палата "Казерта" - посета на еден од најимпресивните палатови комплекси во Европа, поголем од Версај и со прекрасен парк, дел од светското културно наследство на УНЕСКО (влезница се плаќа на лице место). Враќање во Неапол. Ноќевање.

3
НеаполКаприНеапол

Појадок. Слободно време во Неапол или по желба: целодневна екскурзија на островот Капри. Поаѓање од хотелот кон пристаништето во Неапол, каде со брод ќе дојдете до островот Капри - бисер на неаполскиот залив, комбинација од уникатна убава глетка и луксузот на еден од најскапите летувалишта во Европа. Искачување со запчеста железница до "срцето" на островот - плоштад Умберто; црквата "Св. Стефан", изградена помеѓу 1688 и 1695 год. Слободно време. Ноќевање.

4
НеаполСорентоАмалфиНеапол

Појадок. Целодневна екскурзија по крајбрежјето на Амалфи со локален водич. Поаѓање за Соренто. Пешачки разглед: Централниот плоштад “Пиаца Тасо”; Катедралата, која датира од 14 век; манастирот “Сан Франциско”; римските урнатини, како и двете марини: Марина Гранде и Марина Пикола; централната шопинг-улица во Сан Цезаро. Слободно време. Поаѓање. По пат, фотопауза на панорамски видиковец, каде има прекрасен поглед на живописниот град Позитано. Екскурзијата продолжува кон Амалфи, една од четирите поморски републики на средновековна Италија. Слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5
НеаполБари

Појадок. Поаѓање од Неапол до Бари. Пристигнување во Бари попладне и туристичка програма: Стариот град; Катедралата "Св. Савин”, изградена во романски стил на крајот на 12 век; Базиликата "Св. Николај ", каде што се чуваат моштите на Свети Никола. Хотелско сместување во во вечерните часови. Ноќевање.

6
БариОстуниЛечеБари

Појадок. Целодневна екскурзија во Лече. По пат - посета на Остуни, познат како "Белиот град" и познат по типичната јужна атмосфера на Апулија. Туристичка програма: катедралата и средновековниот град. Поаѓање за Лече, наречен "Фиренца на Апулија" и познат по својата барокна архитектура. Туристичка програма: Катедралата; Епископската палата; палатата “Седжо”; градската тврдина; црквата на “Свети Крст”. Ноќевање.

7
БариМатераАлберобелоБари

Појадок. Целодневна екскурзија до Алберобело и Матера. Посета на Алберобело - волшебна престолнина на Трули, каде буквално ќе се внесете во светот на детските бајки, и Матера - уникатна населба, позната како мртвиот град кој исто така бил познат во целиот свет како природен декор на многу филмови. Ноќевање.

8
БариНеаполСофија

Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање кон аеродромот во Неапол. Лет до Бугарија на аиокомпанијата Wizz Air во 15:40 ч. Слетување на аеродромот во Софија во 18:15 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€189
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Целодневна екскурзија до островот Капри (со вклучен трансфер до пристаништето во Неапол, бродче до островот Капри, билет за градски превоз или за запчеста железница, туристичка такса и такса за резервација) при минимум 20 туристи
€61
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билети со вклучени аеродромски такси за аеродроми Софија - Неапол - Софија со авиокомпанијата "Wizz Air"
1 рачен багаж со димензии 40/30/20 cm до 10kg
Чекиран багаж до 20 кг
Групен трансфер аеродром - хотел - аеродром
Превоз со удобен туристички автобус
4 ноќевања со појадок во хотел 3* во Неапол
3 ноќевања со појадок во хотел 3* во реонот на Бари
Панорамски разглед во Неапол со локален туристички водич на бугарски/македонски/српски јазик
Пешачки разглед во Бари
Посета на археолошки комплекс Помпеја без вклучена влезница
Посета на палатата "Казерта", без вклучена влезница
Целодневна екскурзија до Соренто и Амалфи
Целодневна екскурзија до Лече и Остуни
Целодневна екскурзија до Алберобело и Матера
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водич на македонски/српски/бугарски јазик
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Такса за престој во Италија, која се плаќа на приемот во секој хотел - 2-4 евра за турист на ден (во хотел 2 * и 3 *) и 4-6 евра за турист на ден (во хотел 4 *)
Влезници за археолошки комплекс во Помпеја (15 EUR)
Влезница за палатата "Казерта" (12 евра)
Доплата за слушалки во палатата "Казерта" (3 евра)
Дополата за слушалки при посета на археолошкиот комплекс во Помпеја (3 EUR)
Целодневна екскурзија до Капри
Влезници и билети за други музеи, локалитети и настани, кои се посетуваат по желба и градски транспорт,
Бакшиш за возач (1 EUR за турист дневно - се плаќа задолжително на лице место)
Трошоци од лична природа
За лица над 65 год., автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Патувањето како целина не е погодно за лица со ограничена подвижност!
Медицински и здравствени услови
Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските граѓани кои патуваат во земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.
Патувањето се спроведува при минимум 40 евидентирани туристи.
Други програми за Италија »