Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ПОРТУГАЛИЈА - ЛИСАБОН И АЗОРСКИ ОСТРОВИ

Софија – Лисабон – Понта Делгада – Лисабон – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаЛисабон

Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 2) во 20:50 ч. со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air" за Лисабон. Пристигнување во 23:00 ч. на аеродромот во Лисабон. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
ЛисабонПонта Делгада

Појадок. Напуштање на хотелот. Панорамски разглед на Лисабон со локален водич (вклучен во цената): плоштад "Mаркеш де Помбал"; квартот “Баиша”, реставриран по земјотресот во 1755 год., плоштадите "Роси", "Фигеира" и "Комерсио", Статуата на морепловците, кулата "Белем" и манастирот "Жеронимуш", кој се смета за ремек-дело на португалската мануелска уметност, чиј основоположник е Кралот Мануел. Слободно време со можност за посета на Алфама - стариот кварт на Лисабон, познат по тесните улички, традиционалните фадо ресторани и многуте барови, каде искачувањето е со ретро трамвај. Трансфер до аеродромот. Лет до островот Сао Мигел во 21.55 ч. Слетување во Понта Делгада во 23.20 ч. Трансфер до хотелот. Сместување по полноќ. Ноќевање.

3
Понта Делгада

Појадок. Полудневна туристичка програма во Понта Делгада со локален водич (вклучена во цената) - најголемиот и најважниот град на островот Сао Мигел и на Азорските острови воопшто, со повеќе од 5 века историја. Прошетка низ тесните улици на градот, посетителите можат да видат добро сочувани историски градби и убави паркови. Туристичката програма започнува од крајбрежниот булевар “Енрике Морепловецот” до т.н. Градски порти - прекрасен архитектонски ансамбл во форма на тројна капија, која се претворила во симбол на градот, изграден во 18 век. Кај стариот кеј и потоа е преместен кај плоштадот "Гонзало Вело Кабрал" (Goncalo Velho Cabral), кога започнала изградбата на крајбрежниот булевар. Фотопауза на плоштадот "Гонзало Вело Кабрал", наречен уште и "Трите плоштади", каде што се наоѓаат едни од најпознатите споменици, како барокната зграда на општината од 17 в. и статуата на архангел Михаил, заштитник на островот, главната црква "Сан Себастијан" во мануелен стил; Музејот на светата уметност и стариот језуитски манастир со најубавата барокна фасада на Азорскиот архипелаг. Екскурзијата завршува кај Манастирот на надежта. Слободно време. Ноќевање.

4
Понта Делгада

Појадок. Слободно време за плажа или по желба целодневна екскурзија до “Лагуа ду Фогу и Фурнас”. Поаѓање за Лагуа на јужниот брег и кон планината Бароса. За време на искачувањето на планината, а особено во близина на највисокиот дел на патот може да се видат двата брега на островот. Кратка пауза за фотографирање. Спуштање од северниот дел на островот со пауза на панорамски видиковец, од каде се открива прекрасна глетка кон Огненото езеро (Лагуа ду Фогу), сместено на најголема надморска височина на островот, во кратерот на вулканот. Последната ерупција му била во периодот на португалската колонизација која довела до уништување на тогашниот главен град на островот. Следната станица е кај Калдера Веилја - многу популарна атракција на островот, која изненадува со разновидна и егзотична вегетација. Главна атракција се каскадно распоредените природно загреани езерца во кои човек може да се наслади на исклучителната убавина на регионот. Богатата вода со минерали ги зацврстува карпите и почвата во нијанси на црвеникаво-кафена боја, што дава дополнителен шарм. Следува спуштање кон Рибеиро Гранде - крајбрежен град, познат по својата барокна архитектура од XVII и XVIII век. Краток одмор во центарот на градот. Поаѓање кон панорамски видиковец "Санта Ириа", од каде може да се види голем дел од северниот брег на островот. Посета на чајната плантажа "Гореана". Премин преку богатото плато Ачада дас Фурнас и пристигнување до Пико до Феро со прекрасен поглед на езерото Фурнас, кое лежи на најголемиот и најстариот вулкански кратер, околу кое се наоѓа истоимениот спа центар - еден од најбогатите балнео центри во светот, бидејќи има 22 различни видови на лековита минерална вода во долината. Слободно време за ручек и прошетка во прекрасниот и романтичен парк, каде што можете да видите многу растителни видови од целиот свет. Враќање во Понта Делгада покрај езерото Фурнас, Вила Франк - првиот главен град на островот, плажите Агуа д`Алто и Популо. Ноќевање.

5
Понта Делгада

Појадок. Слободно време за плажа или по желба полудневна екскурзија "Лагуната на седумте градови". Поаѓање кон западниот дел на островот, каде што се наоѓаат планините и двојното езеро Сети Сидадеш, чие име во превод значи "седум градови". Рутата минува низ југозападниот пат, по должината на крајбрежјето и преку зелените пасишта. Пауза кај Виста до Реј - еден од најживописните панорамски видиковци на островот, каде што може да се види најголемиот вулкански кратер, во кој се наоѓаат Синото и Зеленото езеро. Враќање во Понта Делгада по планинскиот пат во северозападниот дел на островот со пауза кај Пико до Карвао, каде истовремено се гледаат северниот и јужниот брег на островот. По пат, посета на плантажите од ананас. Ноќевање.

6
Понта Делгада

Појадок. Слободно време за плажа или целодневна екскурзија во североисточниот дел на островот. Поаѓање за Вила Франка, првиот главен град на Сао Мигел, за посета на готската црква "Св. Мигел”, една од најстарите цркви на Азорските Острови, позната по својот позлатен дрвен олтар. Рутата продолжува низ Фурнас во насока на Повоакао, каде што за прв пат се закотвија португалските морнари. Прошетка по крајбрежната алеја. Поаѓање за Понта до Мадругада, една од најпознатите фасцинантни панорамски локации на островот со неверојатен поглед на океанот. Екскурзијата продолжува до селото Нордесте. Слободно време за ручек. Патот кон Понта Делгада поминува низ населбите лоцирани во подножјето на Пико до Вара, највисоката планина на островот. Ноќевање.

7
Понта ДелгадаЛисабон

Појадок. Напуштање на хотелот (багажот се остава во багажната просторија на хотелот). Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет до Лисабон во 13.10 ч. Слетување во главниот град на Португалија во 16:20 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време.Ноќевање.

8
Лисабон

Појадок. Напуштање на собите во хотелот (багажот се остава во багажната просторија на хотелот). Слободно време или по желба, полудневна екскурзија до Синтра и Кабо де Рока. Поаѓање за Синтра - прекрасен град на самовили и добри волшебници, летна резиденција на португалското кралско семејство од 12-тиот век, вклучено во Списокот на светското наследство на УНЕСКО во 1995 год. Можност за самостојнa посета на палатата "Пена" во Синтра. Посета на Кабо да Рока - прочуените португалски морепловци тргнале од тука кон непознатото, за да откриваат нови земји, да добијат слава, богатство и престиж. Враќање во Лисабон. Слободно време во Лисабон. Трансфер до аеродромот.

9
Софија

Поаѓање за Бугарија во 00.05 ч. со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 06:00 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Полудневна екскурзија до Синтра и Кабо да Рока со локален водич (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€25
од 1 г. до 10 г.
€22
Целодневна екскурзија "Лагуа ду Фогу и Фурнас" (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€48
од 1 г. до 10 г.
€46
Полудневна екскурзија "Лагуната на Седумте градови" (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€28
од 1 г. до 10 г.
€25
Целодневна екскурзија во североизточниот дел на островот (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€51
од 1 г. до 10 г.
€48
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Лисабон - Софија на авиокомпанијата "Bulgaria Air" со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 10 кг. и чекиран багаж до 23 кг.
Авионски билет Лисабон - Понта Делгада - Лисабон на авиокомпанијата "TAP" со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 8 кг (115 см) и чекиран багаж до 23 кг. (158 см)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром во Лисабон
Трансфер аеродром - хотел - аеродром на островот Сао Мигел
2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Лисабон
5 ноќевања со појадок во хотел 3* на о-в Сао Мигел
Панорамска обиколка на Лисабон со локален туристички водич
Полудневна туристичка програма во Понта Делгада со локален туристички водич
Водич - преведувач од Бугарија
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса во Лисабон: 2 EUR на турист на ден (се плаќа индивидуално од туристите на рецепцијата на хотелот)
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата
Бакшиши за возач / водич (2 EUR на турист на ден - се плаќа на лице место)
Влезници за Музејот на светата уметност во Понта Делгада (2,4 EUR) за Калдера Веиља (4,6 EUR)
Влезница за палатата "Пена" (14 EUR, за деца - 12 EUR)
Градски транспорт до палатата "Пена"во Синтра (5 EUR)
Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуват по желба
Градски и локален транспорт
Трошоци од лична природа
За лица над 65 год., автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
За да се реализираат дополнителните услуги и настани по програмата, потребно е да ги резервирате уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
Време: Северна Македонија 11 ч. / Бугарија 12 ч. / Лисабон 10 ч. / Азорски острови 9 ч.
Туристичката програма се спроведува на бугарски/македонски/српски јазик.
Екскурзијата се спроведува при минимум 20 туристи.
Патувањето генерално не е погодно за лица со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно - пасошки режим
Македонските граѓани кои патуваат за земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.
Патувањето се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.
Други програми за Португалија »