Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во Шпанија - Ла Манга дел Мар Менор, Мурсија – Специјална програма за сите возрасти!

Софија – Аликанте – Ла Манга дел Мар Менор – Cartagena – Мурсия – Лорка – Ла Манга дел Мар Менор – Аликанте

Одмор со авион
8 дена

  

Хотел „Cavanna“ 4*, Ла Манга дел Мар Менор

(www.izanhoteles.es)

Локација: Хотелот се наоѓа на самата плажа, која го одделува Средоземното Море и лагуната Мар Менор.

Во соба: клима уред, телевизор, минибар и сеф (доплата), купатило со туш / када, фен, бесплатен Wi-Fi пристап, балкон.

Во хотелот: ресторан, бар, снек-бар, отворен и затворен базен (со доплата - 3 евра на ден), чадори, лежалки (со доплата - 1 евро на ден) и крпи на базенот (со депозит- 10 евра, секоја смена- доплата 1 евро), сончева тераса , градина, соба за игри, тениско игралиште, пинг понг, билијард, велнес центар, игралиште, анимација, просторија за складирање, велосипеди за изнајмување, пеглање и перење, бесплатен Wi-Fi пристап во целиот хотел, продавници.

Плажа: чадори и лежалки со доплата (ориентациона цена: 5/7 евра дневно за чадор или лежалка)

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаАликантеЛа Манга дел Мар Менор

Поаѓање од аеродромот во Софија со директен лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Аликанте. Панорамски разглед во Аликанте (вклучен во цената). Љубителите на извонредна архитектура, богата историја и културно наследство, одлични плажи, шопинг центри и бројни други возбудувања, сигурно ќе останат фасцинирани од посетата на Аликанте: тврдината "Санта Барбара", изградена на 166 метри височина на ридот "Бенакантил"; прoшетка по крајбрежната улица "Еспланада" со препознатливата алеја од палми - симбол на морската душа на градот; катедралата со сина купола "Сан Николас"; Градското собрание на Аликанте, кое се одликува со орнаментирани елементи и интересни фасади на двете кули. Трансфер до Ла Манга дел Мар Менор (околу 1.30 ч). Сместување. Вечера. Ноќевање.

2

Појадок. Информативна средба. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

3
Cartagena

Појадок. Слободно време. По желба полудневна екскурзија до Картагена - нурнете во историјата на античкиот град Картагена, одејќи по неговите улици, по кои во минатото минувале цивилизации како Картагенците, Римјаните и Византијците и оставиле свој белег во историјата на ова место. Заминување наутро за Картагена. Разглед на пристаништето, споменикот на хероите од Кавие, плоштадот на општината и неодамна реновираната палата. Спуштање надолу по главната улица за разгледување на "Grand Hotel" и други импресивни згради како La Casa Cervantes и зградата на казиното. На патот за Римскиот театар се поминува покрај црквата "Св. Дева Марија" - центар на Страсната седмица. Римскиот театар датира од првиот век пр. Хр. До него можат да се видат остатоци од стара катедрала, бомбандирана за време на Граѓанската војна. Потоа разгледување на "Црквата на добротворноста" со светецот патрон на градот. По желба има можност за искачување со панорамски лифт над градот (цена околу 1 евро), за да се видат прекрасните пејзажи, кои се откриваат. Враќање во хотелот. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

4
Мурсия

Појадок. Слободно време или по желба полудневна екскурзија во Мурсија - главен град на автономниот регион со истото име. Посета на најголемата знаменитост - Катедралата во Мурсија, изградена врз темелите на античка џамија, каде можат да се видат различни уметнички стилови од готски стил до неокласицизам. Разгледување на црквата "Сан Хуан де Диос", лоцирана на плоштадот во Стариот град. Црквата е дел од болничкиот комплекс во Сан Хуан де Диос, кој во минлото бил тамплиерска болница. Екскурзијата завршува со посета на музејот на Салсијо каде можат да се видат најголемите и импресивни колекции од работата на големиот барокен скулптор од Мурсија. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

5
Лорка

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Лорка - градот на сонцето, на стоте штитови или на стоте имиња. Како и да го наречеме, тој дефинитивно се издвојува со мноштвото архитектонски споменици - комбинација од средновековен, ренесансен и барок стил. Од палеолит до римската ера, градот Лорка бил дом на различни култури, од кои секоја оставила свој белег во историјата на градот. Прошетката ќе не однесе до плоштадот "Шпанија" со катедралата "Свети Патрик" од 18-тиот век, Судската палата и Градското собрание. Продолжуваме кон Археолошкиот музеј, амбар од 16 век, црквата "Свети Фрањо" и палатата "Гевара"(разглед однадвор) - импресивна барокна зграда. Најимпресивен сепак е средновековниот замок на Лорка, наречен Тврдината на сонцето, кој се издига на ридот над градот. Екскурзијата до Лорка е како временска машина, која не враќа назад во историското минато преку средновековните улици, архитектонските објекти и урбаната атмосфера. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6

Појадок. Слободно време или екскурзија по желба. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Полудневна екскурзија до Ла Унион. Реонот е познат уште од времето на картагинскиот генерал Ханибал и римското владеење со своите наоѓалиштата на различни метали. Посета на тематскиот парк „Parque Minero de La Union“. Поаѓање во фабриката за дестилација на познатиот „Ликер 43“, создаден по антички римски рецепт и најизвезуваниот шпански пијалок во 70-тите. Вовед во процесот на дестилација и дегустација. Враќање во хотелот.


ИЛИ


Полудневна екскурзија до островот Табарка. Кратко патување со автобус и пловење со мал брод (околу 30 минути) ќе ве одведат до островот Табарка - најмалиот населен остров во шпанскиот Медитеран. До крајот на XVIII век, берберски пирати го користеле како почетна точка за нивните рации кон брегот на материка, но во 1770 година, кралот Карлос III населил тука неколку генуески фамилии, што ја променило судбината на островот. Денес, Табарка е историски и морски резерват, но и заштитено подрачје за птици и место со многу ендемични видови. Најпосакувана за туристите е атмосферата на утврдениот град Сан Педро и Сан Пабло, со зачуваните тврдини и порти, главната улица "Mayor", шармантните мали ресторани и продавници. На крајот од прошетката, можете да ја пробате локалната кујна под сенката на некоја палма или да уживате на плажа на брегот. Враќање во хотелот.

7

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Валенсија. Туристичка програма во Валенсија - третиот по големина шпански град, кој ја зачувал хармонијата на медитеранските и шпанско-арапските традиции. Панорамска обиколка: архитектонски и културен комплекс „Град на уметностите и науките“, дело на архитектот Сантијаго Калатрава и вклучувајќи ги импресивните Л’Емисферик, Музејот на науките, операта, Л’Осеанографик (најголемиот аквариум во Европа); пешачка прошетка во историскиот центар: Арената - една од најголемите во Шпанија, централниот плоштад со Градското собрание и Историскиот музеј на градот, Берзата на свилата - ремек-дело во готски стил на Валенсија, вклучено во светското наследство на УНЕСКО, Катедралата, изградена помеѓу 1252 и 1482 г. на темелите на постара џамија; Торес де Серанос - една од зачуваните средновековни порти и зградата на владата на Валенсија. Слободно време. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

8
Аликанте

Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот во Аликанте и лет за Бугарија со авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Софија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Полудневна екскурзија во Картагена на бугарски јазик при минимум 20 туристи
€35
Полудневна екскурзија до Мурсија на бугарски јазик при минимум 20 туристи
€35
Полудневна екскурзија до тематски парк "Parque Minero de la Union" и фабриката за ликер "43" на бугарски јазик при минимум 20 туристи
от 11 г.
€46
от 2 г. до 10 г.
€35
Полудневна екскурзија до островот Табарка при минимум 15 туристи
от 13 г.
€46
от 2 г. до 12 г.
€31
Целодневна екскурзија до Лорка на бугарски јазик при минимум 20 туристи
€36
Целодневна екскурзија до Валенсија при минимум 20 туристи
от 11 г.
€66
от 2 г. до 10 г.
€46
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€23
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€36
Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€60
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€87
Чекиран багаж до 30 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€123
Доплата за соседни седишта за лет Софија - Аликанте - Софија (на турист)
€37
Priority Boarding (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€40
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет за директен лет Софија - Аликанте - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси
! број мал кабински багаж до 10 кг. со димензии 40/30/20 см
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања на база збогатен полн пансион на блок маса (појадок, ручек и вечера + 1/4 вино и вода за ручек и вечера) во хотел "Cavanna" 4 * (или во сличен) во Ла Манга дел Мар Менор
Панорамски разглед на Аликанте со водич
Асистенција за време на програмата
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Асистенција во врска со исполнувањето на административните барања за патувањето од типот "Онлајн регистрација" или "QR код" (доколку е потребно)
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
PCR или антигенски тест (по потреба)
Чекиран багаж до 10 кг., 20 кг. или 32 кг.
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата (При резервации на лице место екскурзиите се плаќаат во евра!)
Влезници за музеи, објекти и настани за време на екскурзиите и други кои се посетуваат по желба
Влезница за музејот Салсијо - 5 EUR
Користење на чадори и лежалки на плажа (со доплата на лице место)
Трошоци за јавен превоз и лични трошоци
Бакшиш за локалните претставници: 1-5 EUR на турист на ден (се плаќаат задолжително на лице место, на туристичкиот водич, во зависност од дадената услуга, во готово). Културните карактеристики на дестинацијата сугерираат плаќање на бакшиш во наведениот износ, што покажува почит кон работата на соодветните лица и остава пријатен впечаток
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
Такса за гориво (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 36 дена пред датумот на заминување.
Услови за откажување: до 36 ден - 35% од основната цена; од 35 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Деца под 13 години користат попуст.
Максимален капацитет за сместување во една соба: 2 возрасни и 2 деца.
За време на целодневните ексурзии не следува ланч пакет!
Редоследот на дополнителните екскурзии се одредува на лице место. Организаторот го задржува правото да ги менува правците на движење и распоредот или да премести патување за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, а со цел да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Препорачливо е претходна резервација и плаќање на екскурзиите. Ако има слободни места, екскурзиите може да се резервираат на лице место и да се платат во евра. Цените на дополнителни екскурзии резервирани на лице место се повисоки!
Авиокомпанијата го задржува правото да го смени времето на летот.
Медицински и здравствени услови:
Шпанија: Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Македонските државјани кои патуваат во земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.
Екскурзијата се спроведува при минимум 48 пријавени туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Tакса за гориво при поскапување на горивото: Цените на горивата се пресметуваат врз основа на котација на горивото (905 USD / тон и обменен курс 1.09 EUR / USD). Во случај на зголемување на цената на горивото - пресметано во евра - до 9,99%, компанијата ќе го сноси поскапувањето на сопствен ризик. Во случај на зголемување на цената на горивото - пресметано во евра - еднакво или над 10%, компанијата го задржува правото да воведе такса за гориво. Висината на таксата за гориво за двонасочни патувања по турист со поскапување на горивото од 10-19,99% ќе изнесува 6,80 EUR. При секое следно зголемување на горивото за 10%, износот се мултиплицира.
Други одмори во Шпанија »