Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во ИТАЛИЈА - СИЦИЛИЈА - авионска програма

Одмор во Италија, остров Сицилија - авионска програма

Софија – Катанија – Изола Бела – Етна – Таормина – Сиракуза – Ното – Долината на храмовите во Агриџенто – Модика – Шикли – Палермо – Монреале – Катанија – Софија

Одмор со авион
8 дена

Хотел „SPORTING BAIA“ 4*Џардини Наксос

Локација

"Sporting Baia" 4 * се наоѓа во јужното одморалиште Џардини Наксос кое е претпочитано од младите Италијанци и е лоциран на првата линија на крајбрежнита улицата "Via Lungomare Schisò" од каде се откриваат песочната плажа и морето . Во непосредна близина на околу 3 минути пешачење од хотелот се наоѓа автобуска станица од каде има редовен транспорт до центарот на Таормина (на 8 км). Аеродромот во Катанија е само на 59 км.
Услуги
Затворен базен, велнес центар, фитнес сала, ресторан, паркинг.
Соби
Сите соби имаат купатило со туш, клима уред (од 15.06 до 15.09), телевизор, мал фрижидер, сеф, фен. Постои можност за избор на супериор соби со поглед море (кон крајбрежната улица "Via Lungomare Schisò") или стандардни соби со поглед на внатрешната улицата "Via Naxos".
Плажа
Токму спроти хотелот се наоѓа песочната плажа на прекрасното одморалиште Џардини Наксос со слободна и платена зона. Користење на еден чадор и две лежалки - околу 15 евра. Плажата е песочна и со благопријатен наклон што ја прави погодна за деца.
 

Хотел „NIKE“ 4*, Џардини Наксос

Локација

Класичниот медитерански хотел "Nike" 4 * е лоциран во ресортот Џардини Наксос со уникатен поглед кон морето. На околу 200 метри од хотелот има ресторан и бар. Хотелот е на самиот морски брег, каде тишината и мирисот на море го дополнуваат задоволството од најубавите глетки кон вулканот Етна и бесконечното крајбрежје. Во близина на хотелот се наоѓа статуата на божицата Нике,одбележувајки го првото место кое древните грци го освојуваат од Сицилија. До срцето на одморалиштето и широката песочна плажа на Џардини Наксос се стигнува пешки за околу 15 мин. по мирен крајбрежен пат. Таму се наоѓа и автобуска постојка, од каде може да земете и автобус до Таормина.  

Услуги

Хотелот припаѓа на синџирот "Chincherini Holiday" и е комплетно реновиран во 2016 година. Колоритната зграда на хотелот со своите свежи медитерански бои ве поканува на летна безгрижност. Хотелот располага со климатизиран ресторан за 200 гости, бар со просторна тераса за 50 гости, отворен паркинг, безжичен интернет во заедничките делови.

Соби

Собите се целосно реновирани и модерно опремени и имаат сè што е потребно за пријатниот престој на туристите - ортопедски и хипоалергени душеци, купатило со туш, сеф, клима уред, телевизор, мал фрижидер и безжичен интернет. Повеќето соби имаат балкон и поглед на Вулканот Етна или Таормина. Супериор собите имаат поглед кон морето.

Плажа

Хотел "Nike" **** се наоѓа на самиот каменест морски брег и располага со сопствена платформа со скали за директен пристап до чистата морска вода. Освен тоа, за погодност на гостите хотелот има поставено тераси за плажа, опремени со чадори и лежалки. На 500 метри од хотелот се наоѓа градската песочна плажа на Џардини Наксос со слободна и платени зона (користење на чадор и две лежалки - 15 EUR).

 
ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаКатанија

Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 1) со директен лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Катанија и трансфер до избраниот хотел. Сместување. Информативна средба со претставникот на лице место. Вечера. Ноќевање..

2

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

3
ЕтнаТаормина

Појадок. Слободно време или целодневна екскурзија до Етна и Таормина (по желба и со претходна резервација). Околу 08:00 ч. - поаѓање кон највисокиот вулкан во Европа и еден од најактивните вулкани во светот - величествената Етна. Локалците ја нарекуваат планината на планините, а старогрчкиот поет Пиндар ја опишува како столб на кој се крепи небото. За време на искачувањето со автобус на падините на вулканот до 1900 метри надморска висина ќе уживате во прекрасни пејсажи. Местото каде автобусот ја остава групата, е многу раздвижено и нуди различни можности за забава. Бројните дуќанчиња со своите сувенири од лава ги повикуваат туристите. Овде ќе можете да пробате ароматен и силно алкохолен ликер "Огнот на Етна" или да купите од вкусниот мед од Ѕаферана, можете да се забавувате во 7D-кино, да ги "истражите" страничните кратери "Силвестри" и се разбира, да уживате во сицилијански ручек. Тука се наоѓа станицата "Сапинеца", каде со доплата љубителите на адреналин можат да се искачат со жичница и џипови до подножјето на централните кратери на вулканот на близу 3000 м надморска висина за прошетка со водич вулканолог .


Попладне поаѓање за Таормина - бисерот на Јонското Море. Познатото сицилијанско одморалиште е основано во 400 година пр. Хр. на ридот над морето од бегалци од крајбрежниот грчки град Наксос. Искучителната положба на Таормина е причина за прекрасната панорама, од каде што се гледа секоја точка на градот. Автобусот ја остава групата во подножјето на градот, од каде со бесплатен градски автобус се пристигнува до срцето на градот. Слободно време за индивидуална прошетка во Таормина. Градот привлекува со своите знаменитости, кои сведочат за неговата долга историја и нуди различни можности за забава. Овде ќе можете да се запознаете со знаменитостите на Таормина - фантастичниот грчки театар, остатоците од римскиот Одеон, плоштад "9 април", плоштадот "Дуомо" со катедралата и Фонтана со кентаур, да се прошетате низ малите романтични улички на градот, да ги видите мноштвото продавници, во кои ќе најдете традиционални за островот дела - рачно изработена чипка, накит од корал, керамика, да уживате во исклучителниот вкус на домашни колачи и омилениот италијански сладолед или да уживате во некое од прекрасните кафулиња каде служат ароматно италијанско кафе.*Се препорачува топла облека и удобни обувки! Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

4
СиракузаНото

Појадок. Слободно време или целодневна екскурзија до Сиракуза и Ното (по желба и со претходна резервација). Околу 08:00 ч. поаѓање за град Сиракуза  - најпознатата грчка колонија на Медитеранот и родно место на Архимед. Цицерон вели дека Сиракуза е "највеличествениот грчки град и најубав од сите". Разглед со локален водич на историскиот центар, лоциран на островот Ортиџа кој е под заштита на УНЕСКО: Храмот на Аполон - најстариот доријски храм во Сицилија од 6 в. Пр. Хр .; Плоштад „Архимед“; плоштад "Ил Дуомо" со прекрасната катедрала и црквата "Света Лучија", каде се наоѓа и оригиналот на едно од најголемите платна на Караваџо "Погребот на Света Лучија"; изворот на Аретуса, кој се поврзува со легендата за вечната љубов. Во слободното време ќе имате можност за индивидуална посета на музејот "Белломо" или за прошетка во пристанишната тврдина на Сиракуза "Кастело Маниаче" од 13 в. Попладне поаѓање за Ното - вистински скапоцен камен на барокната архитектура под заштита на УНЕСКО. Пешачки разглед во Ното: катедралата на Ното и доворецот "Палацо Николачи" - зградата на богати трговци на туна со најубавите барокни балкони на светот, цркви со соседните кон нив поранешни манастирски згради. Слободно време со можност за индивидуална посета на палатата „Палацо Николачи“. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

5

Појадок. Слободно време или целодневна екскурзија до Долината на храмовите во Агриџенто и пиаца Армерина (по желба и со претходна резервација). Околу 06:00 ч. поаѓање кон долината на Храмовите во Агриџенто, дел од светското наследство на УНЕСКО. Разгледување на остатоците од девет антички грчки храмови кои датираат од V век п.н.е., посветени на боговите Хера, Зевс, Херкулес, храмот „Конкордија“. Агриџенто е основан во 6 век п.н.е. од доселениците од блиската колонија, Џила, наречена Акрагас. Старогрчкиот поет Пиндар го нарекува "најубавиот град на смртници". Познатиот грчки филозоф Емпедокле (490-430 п.н.е.) е роден во Акрагас. Многуте руини во долината и остатоците од седумте храмови ја докажуваат својата милениумска историја. Тие се сметаат за најубави грчки остатоци надвор од Грција. Поаѓање за Пиаца Армерина. Посета на римската вила „Империале дел Казале“ – уникатна сенаторска резиденција од времето на Римската империја, оваа вила денес ги чува најпрекрасните римски мозаици во светот, вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6
МодикаШикли

Појадок. Слободно време или целодневна екскурзија до Модика и Шикли (по желба и со претходна резервација). Околу 08:00 ч. поаѓање за прекрасниот барокен град Модика кој сè уште се нарекува "Градот на скалите" поради неговата интересна висинска локација и стотици скали што водат од долниот дел до горниот дел од градот. Во минатото, Модика беше важен политички, економски и културен центар, а денес е еден од најинтересните и најпрепознатливите градови во Сицилија. Историскиот центар на градот е вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. Модика, исто така, привлекува туристи со специфична продукција од средниот век, рецепт за чоколада што го носат шпанските освојувачи. Овде можете да најдете чоколада со лута пиперка, бадеми, цимет, лимон, сол и многу други. Поаѓање за  Шикли, градот на режисерот на серискиот филм „Инспектор Монталбано“. Овде се снимени некои од сцените во култниот крими филм. Прошетка по главната улица "Франческо Мормина Пена" со најубавите барокни градби во градот: палати, цркви, јавни згради, обични приватни домови. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

7
ПалермоМонреале

Појадок. Слободно време или целодневна екскурзија до Палермо и Монреале (по желба и со претходна резервација). Околу 06:00 ч. поаѓање за главниот град на Сицилија - град Палермо, чија архитектура ги обединува сите стилови кои ја одразуваат испреплетената и богата историја на градот. Единствено во Палермо се задржани траги од влијанието на сите медитерански народи - феникијците, грци, римјани, арапи и нормани, шпанци и французи. За време на пешачката прошетка во градот се гледаат: "Порта Нуова", во непосредна близина до која се располага норманската палата "Палацо деј нормани" со прекрасната "Капела Палатина"; Катедралата „Успение на пресвета Богородица“; Плоштадот „Куатро Канти“; плоштад „Преторија“ со Фонтаната на срамот; црквата „Ла Марторана“, каде што фреските, византиските мозаици и барокот се слеваат во хармонично ремек-дело; „Театро Масимо“ - најголемата лирична сцена во Италија. Слободно време со можност за самостојно разгледување на градот и посета на некои од неговите знаменитостите - црквата "Свети Каталдо" катакомбите на капуцините, пазарот "Ла Вучирија" кој потсетува на арапските пазари – еден светол и жив спектакл. Екскурзијата продолжува со посета на Монреале, кој е сместен на рид и од кој се открива прекрасен поглед на Палермо. Посета на познатата катедрала "Санта Марија Нуова", која ќе ве импресионира со позлатени мозаици, кои претставуваат сцени од Библијата на површина од околу 6.000 м2. Слободно време за прошетка низ уличките и чудесните дуќанчиња на Монреале. Можност за самостојно разгледување на 228-те колони од стариот Бенедиктински манастир на кои се изгравирани религиозни и митолошки мотиви.* Во катедралите и црквите се влегува само со покриени раменици, деколте и колена! Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

8
КатанијаСофија

Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Катанија - пешачка прошетка во центарот на градот (вклучена во цената). Трансфер до аеродромот. Заминување за Бугарија со директен лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Софија (Терминал 1).

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Целодневна екскурзија до Етна и Таормина при минимум 20 туристи
от 12 г.
€39
от 2 г. до 11 г.
€19
Целодневна екскурзија до Сиракуза и Ното при минимум 20 туристи
от 12 г.
€58
от 2 г. до 11 г.
€29
Целодневна посета на Палермо и Монреале при минимум 20 туристи
от 12 г.
€68
от 2 г. до 11 г.
€34
Целодневна екскурзија до Агриџенто и пиаца Армерина при минимум 20 туристи
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€28
Целодневна екскурзија до Модица и Шикли при минимум 20 туристи
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€28
Пакет од 3 екскурзии: Етна и Таормина, Сиракуза и Ното, Модика и Шикли. Секојa од екскурзиите се спроведува на бугарски/македонски/српски јазик при минимум 20 регистрирани туристи.
от 12 г.
€140
от 2 г. до 11 г.
€70
Пакет од 4 екскурзии: Етна и Таормина, Сиракуза и Ното, Модика и Шикли, Долината на Храмовите во Агриџенто и Пиаца Армерина. Секоја од екскурзиите се спроведува на бугарски/македонски/српски јазик при минимум 20 регистрирани туристи
от 12 г.
€190
от 2 г. до 11 г.
€95
Доплата за чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки )
€0
Доплата за чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки )
€0
Такса за гориво за воздушен транспорт (за дати на поаѓање 07.09, 14.09, 21.09 и 28.09)
€0
Доплата за Priority Boarding (на турист)
€0
Доплата за соседни места во авионот (во двете насоки ) - на турист (подлежи на потврда)
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионска карта Софија - Катанија - Софија за директен лет на авиокомпанија "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 10 кг (40х30х20 см)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања со појадок - шведска маса и вечера со сервирање (без вклучени пијалоци) во избраниот хотел
Пешачки разглед во Катанија
Асистенција на бугарски јазик за време на престојот,
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Чекиран багаж
PCR тест или друг тест (ако е потребно)
Пополнување на онлајн декларација со QR код (ако е потребно)
Туристичка такса: 2 EUR на турист на ден (се плаќа на рецепција и се одредува од локалната општинска администрација.)
Дополнителни услуги и екскурзии според програмата
Влезници за музеи, локации и настани за време на екскурзии и други опционални посети: искачување до централниот кратер на Етна (65 EUR за возрасен/ 44 EUR за дете); Античкиот грчки театар (10 EUR) во Таормина; Пиаца Армерина (12 EUR); катедралата (2 EUR), музејот "Белломо" (8 EUR) и тврдината "Кастело Маниаче" (4 EUR) во Сиракуза; палата "Николачи Виладората"(4 EUR) во Ното; Долината на храмовите (10 EUR) в Агриџенто; катедралата (7 EUR), црквата "Ла Марторана" (2 EUR), Театро Масимо (8 EUR), катакомбите на капуцините (3 EUR) во Палермо; катедралата (4 EUR) во Монреале. Цените се ориентациони, можни се промени!
Бакшиш за локалните претставници (водич и возач): 2-3 EUR на турист на ден (се плаќаат задолжително на лице место, на туристичкиот водич, во зависност од дадената услуга, во готово). Културните карактеристики на дестинацијата сугерираат плаќање на бакшиш во наведениот износ, што покажува почит кон работата на соодветните лица и остава пријатен впечаток
Трошоци од лична природа, градски и локален превоз
Такса за гориво - (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Полетно разписание: София - Катания 13:10 - 14:10 / Катания - София 14:45 - 17:30 (местни времена)
Авиокомпанията си запазва правото да променя полетното разписание.
Горивни такси при увеличение на цената на горивото: Цените на горивата са изчислени на базата на котировки на горивото (962 USD / тон и обменен курс USD / EUR 1,13). При увеличение на цената на горивото - изчислено в евро - до 9,99%, компанията ще поеме увеличението на свой собствен риск. При увеличение на цената на горивото - изчислено в евро - равно или надвишаващо 10%, компанията си запазва правото да въведе горивна такса. Размерът на горивната такса за двупосочни пътувания на турист при увеличение на цената на горивото от 10-19,99% ще бъде 4,70 EUR. На всяко следващо увеличение на горивото с 10%, сумата съответно се мултиплицира.
Посочените часове за отпътуване по допълнителните екскурзии са ориентировъчни! За точните часове на отпътуване ще бъдете уведомени от местния ни представител.
Входните такси за обектите, които се посещават групово по време на програмата или самостоятелно в свободното време, се заплащат индивидуално на място.
Плащане: депозит в размер на 35% от основната цена и от стойността на заявените допълнителни услуги при резервация; доплащане - до 35 дни преди датата на отпътуване.
Анулации: до 35 дни преди датата на отпътуване - неустойка в размер на 35% от основната цена; от 34-я ден до деня на заминаване - неустойка в размер на 100% от общата цена!
Пътуването като цяло не е подходящо за лица с ограничена подвижност!
Екскурзията се провежда при минимум 35 записани туристи.
Медицински и здравствени услови:
Италија: Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Други одмори во Италија »