Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Москва и Санкт Петербург

Рани резервации!

Софија – Москва – Санкт Петербург – Царско село – Санкт Петербург – Петерхоф – Санкт Петербург – Софија

Екскурзија со автобус и авион
7 дена

Москва и Санкт Петербург се рангираат меѓу "класиците" на европските метрополи. Посетата на овие два града ќе ви ги открие спротивностите и разновидноста на Русија. Москва е несомнено срцето на земјата, космополитски град чие значење со векови се поврзува со Кремљ. А главниот град на Петар Велики е сосема поинаков - од самиот почеток на Санкт Петербург тука работат мајстори и уметници од Западна Европа, поради што градот сé уште има европска атмосфера.

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМосква

Поаѓање од Терминал 2 на аеродромот во Софија во 16:00 ч. со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air" за Москва. Слетување на аеродромот “Шереметјево” во Москва во 19:50 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
Москва

Појадок. Панорамска обиколка со локален водич на бугарски јазик во Москва - престолнината на Русија од 15 в., политички, економски, научен, историски и бизнис центар, во кој се раѓа силата и големината на земјата: катедрален храм "Христос Спасител"; Московскиот државен универзитет - најпрестижната високообразовна институција во Русија; паркот “Воробьови гори”, каде што можете да му се восхитувате на неверојатниот поглед на градот и реката Москва - ридот “Поклонаја” со паркот на победата. Пешачки разглед во Москва со локален туристички водич на бугарски јазик: Црвениот плоштад - централниот плоштад на рускиот главен град; мавзолејот на Ленин; ГУМ - стоковна куќа со статус на архитектонски споменик, изграден во псевдо-руски стил; Државниот историски музеј; храм "Свети Василиј Блажен"; Стари Арбат - тесни улички од калдрма и едно од најпопуларните места за средби и пазар во Москва. Ручек во ресторан. Посета на Третјаковската галерија со локален водич на бугарски јазик - уникатна колекција со делата на Васнецов, Врубел, Левитан, Репин, Шишкин и др. Враќање во хотелот. Ноќевање.

3
Москва

Појадок. Посета на Кремљ - "срцето" на Москва, арена на голем број на важни историски настани, во кој се чуваат руските државни ордени, вредни икони и богатствата на руските кралеви, а денес е седиште на претседателот. Посета на Катедралите со локален туристички водич на бугарски  јазик. Посета на Палата оружја - еден од најстарите музеи во Русија со над 4000 скапоцени предмети собирани од страна на руските кралеви со векови. Слободно време или туристичка програма по желба: прошетка со бродче по реката Москва. Враќане во хотелот. Ноќевање.

4
МоскваСанкт Петербург

Појадок. Трансфер до железничката станицата за патување со брз воз "Sapsan" за Санкт Петербург (патувањето трае околу 4 часа). Пристигнување во Санкт Петербург. Панорамска обиколка на Санкт Петербург со локален водич на бугарски јазик: Плоштадот со Зимската палата; Плоштадот на уметноста; "Невски проспект"; Марсово поле; Летната градина; споменикот на Николај I; Плоштадот на декабристите со споменикот на Петар Велики; Генералштабот на руската армија; Колоната на Александар; Мермерниот дворец; поранешното трговско пристаниште на градот. Посета на Петропавловската тврдина и катедралата "Св. Петар и Павле ", каде се погребани руските императори од времето на Петар I. Посета на катедралата "Исакиевски собор". Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време (неопходно е користење на градски превоз) или туристичка програма по желба: Фолклорно шоу “Почувствуй себя русским” во концертната сала на Николаевскaта палата во Санкт Петербург со вклучен кетеринг за време на антрактот. Ноќевање.

5
Санкт ПетербургЦарско село

Појадок. Посета со локален водич на бугарски јазик на “Ермитаж” - еден од најголемите и најстарите во светот културно-историски музеи, каде што се чуваат богати збирки од споменици на древногрчката, античката и средновековната култура, уметноста на Западна и Источна Европа, археолошки и уметнички споменици на Азија, на руската култура во периодот 6 в. - 19 в. Ручек во ресторан. Екскурзија со локален водич на бугарски јазик до Царско село (денешниот град Пушкин) - брилијантен споменик на светската архитектура од крајот на 18 в. до почетокот на 20 в. Разгледување на Екатерининската палата и парк. Враќање во хотелот. Туристичка програма по желба: Во 00:00 ч. прошетка со бродче по реката Нева за набљудување на подвижните мостови со вклучени трансфери од и до хотелот (прошетката со бродче трае околу 2 часа). Враќање во хотелот. Ноќевање.

6
Санкт ПетербургПетерхоф

Појадок. Екскурзија до Петерхоф - бисер на руската уметност, град на паркови, палати и фонтани, кој служел за летна резиденција на руските императори во текот на два века. Петерхоф е изграден по наредба на Петар Велики во чест на победата на Русија над Шведска за време на Северната војна. Централно место зазема Големата Палата со раскошниот интериер, а трите монументални каскадни фонтани водат кон Долниот парк - вистинско ремек дело со своите 173 фонтани. Посета на Големиот дворец со локален водич на бугарски јазик. Слободно време. Враќање назад во Санкт Петербург со моторно бродче по Финскиот залив на Балтичкото Море. Слободно време (непходно е користење на градски превоз) или туристичка програма по желба: Вечера во ресторан "Тројка" со вклучено вариете шоу и вокално - инструментален ансамбл. Ноќевање.

7
Санкт ПетербургСофија

Појадок. Трансфер до аеродромот "Пулково". Поаѓање за Бугарија со лет на авиокомпанијата "Bugaria Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2).

8
СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Виза за Русија (се плаќа со депозитот)
€61
Прошетка со бродче по реката Москва (со времетраење околу 2 часа) на турист при минимум 15 туристи.
од 12 г.
€50
од 0 г. до 11 г.
€43
Ноќна прошетка со бродче "Подвижните мостови во Санкт Петербург" по реката Нева - (со вклучен трансфер од и до хотелот) на турист при минимум 15 туристи
€50
Фолклорно шоу "Почувствуй себя русским" во концертната сала на Николаевската палата во Санкт Петербург со вклучен кетеринг за време на паузата - на турист при минимум 15 туристи
€61
Вечера во ресторанот "Тројка" вклучувајќи вариете шоу и вокално - инструментален ансамбл на турист при минимум 10 туристи
€50
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување (цена на турист за сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( цена на турист за сместување во еднокреветна соба)
€25
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет и аеродромски такси Софија - Москва и Санкт Петербург - Софија на авиокомпанијата "Bulgaria Air"
Чекиран багаж до 23 кг и рачен багаж до 10 кг
Билет Москва - Санкт-Петербург за брз воз "SAPSAN" (2-ра класа)
Сите трансфери опишани во програмата
3 ноќевања со појадок во хотел "Izmailovo Vega" *** (или сличен) во Москва
3 ноќевања со појадок во хотел "Sokos Olympia Garden" **** (или сличен) за дати на поаѓање 21.06. и 09.08.2020 г. / "Citytel Saint Petersburg" **** (или сличен) за дати на поаѓање 28.06., 05.07., 19.07., 06.09.2020 г. во Санкт Петербург
1 ручек во ресторан во Москва по 3-гангно мени (на вториот ден од програмата)
1 ручек во ресторан во Санкт Петербург по 3-гангно мени (на 5-тиот ден од програмата)
Панорамски разглед на Москва со локален туристички водич на бугарски јазик
Пешачка прошетка по Црвениот плоштад и Стари Арбат со локален водич на бугарски јазик
Посета на Третјаковската галерија со локален туристички водич на бугарски јазик (со вклучена влезница)
Екскурзија во Кремљ со локален водич на бугарски јазик со вклучена посета на Катедралите и Палата оружја (со вклучени влезници)
Панорамски разглед на Санкт Петербург со локален туристички водич на бугарски јазик
Посета на Петропавловската тврдина и Исакиевскиот собор со локален туристички водич на бугарски јазик (со вклучени влезници)
Посета на Ермитаж со локален туристички водич на бугарски јазик (со вклучени влезници)
Екскурзија до Царско Село со локален туристички водич на бугарски јазик(со вклучена влезница за Екатеринската палата)
Екскурзија до Петерхоф со локален туристички водич на бугарски јазик (со вклучена влезница за Големиот дворец и Долниот парк)
Враќање од Петерхоф до Санкт Петербург со моторно бродче
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водач од Бугарија
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Русија (се плаќа со депозитот)
Влезници за музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба
Прошетка со бродче по реката Москва (со времетраење околу 2 часа)
Ноќна прошетка со бродче "Подвижните мостови во Санкт Петербург" на реката Нева (прошетката трае околу 2 часа)
Фолклорно шоу "Почувствуй себя русским" во концертната сала на Николаевската Палата во Санкт Петербург
Вечера во ресторанот "Тројка", вклучувајќи вариете шоу и вокално-инструментален ансамбл
Градски транспорт во Москва (55 рубли - еднонасочен билет, 218 рубли карта за 24 часа)
Градски транспорт во Санкт Петербург (45 RUB - еднонасочен билет, 355 RUB за 10 патувања во рок од 7 дена)
Трошоци од лична природа
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
За македонски државјани, потребна е виза за влез во Русија. Потребни документи за виза: пасош со најмалку две празни страници и со рок на важност најмалку 6 месеци по датумот на враќање; копија од пасошот; формулар за издавање на руски визи на следниот линк: https://visa.kdmid.ru; фотографија во боја со димензии 3,5 x 4,5 cm; оригинален туристички ваучер од лиценциран руски тур-оператор и стандардна туристичка потврда од овој туроператор или хотел, регистриран кон Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, дека ќе бидете сместени (треба да содржи регистарски број); патничко и здравствено осигурување со покритие од 30.000 евра.
Вклучените ручеци во пакетната цена вклучуваат салата, супа, главен оброк, десерт, минерална вода и чај / кафе по ваш избор.
Екскурзијата се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.
Туристичката програма се спроведува на македонски/српски/бугарски јазик.
Време: Македонија 11 ч.Бугарија 12 ч., Русија 13 ч.
Девизен курс: 1 € = 74.69 RUB
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно паошки режим
Македонските граѓани кои патуваат за земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата и претходно издадена виза добиена во дипломатските и конзуларните претставништва на земјата во странство.
Други програми за Русија »