Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ЕГИПЕТ - 1 ноќевање во Каиро и 6 ноќевања во Хургада

Појадок и вечери во Каиро и All Inclusive во Хургада! Рани резервации!

Софија – Cairo – Хургада – Софија

Одмор со авион
8 дена

Хотел "Barcelo Cairo Pyramids" 4*
Локација: хотелот се наоѓа во реонот на Гиза, на само 5 минути од пирамидите и 25 минути со автомобил од центарот на градот. Меѓународниот аеродром во Каиро е на 31 км.

Во хотелот: 3 ресторани и 3 барови, отворен базен со чадори и лежалки, фитнес центар, СПА центар, салон за убавина, терен за голф, бесплатен паркинг, панорамска тераса, бесплатен Wi-Fi во јавните простории, менувачница, продавница за сувенири , банкомат, соба за багаж, туристички информации, библиотека, ноќен клуб.

Во собите: бања со туш или када, фен, ТВ, телефон, клима уред, фрижидер и сеф.

 

 

Хотел "Hawaii Le Jardin Aqua Park Resort" 5*

Локација: хотелот се наоѓа во Хургада, на 2 минути пешачко растојание од плажата и 16 км од аеродромот во Хургада.

Во хотелот: отворен базен и поглед на море, бар, главен ресторан на блок маса, перална и хемиско чистење (со доплата), такси (со доплата), паркинг, фитнес сала, фризерски салон (со доплата), дискотека.

Во собите: клима уред, ТВ, телефон, сеф, минибар (со доплата), електричен бокал (чај, кафе, шеќер), бања со туш, балкон или тераса.

За децата: клуб, диско, базен, игралиште, маси и столчиња во ресторанот, детско мени, креветче во соба на барање.

Забава и спорт: дискотека (бесплатен влез, освен за тематски забави, сите пијалоци се доплаќаат), пинг-понг, тенис, театар на отворено, одбојка на плажа, пикадо, аеробик;

со доплата: билјард, нуркање, виндсрфинг центар, терен за голф на околу 10 км од хотелот во El Gouna, SPA, салон за убавина.

Плажа: песочна; чадори, легла, душеци, крпи за плажа - бесплатно.

 

 

Хотел "Sea Star Beau Rivage" 5*
Локација: на брегот на Црвеното Море, на 10 км од аеродромот Хургада и 2 км од градот Хургада.

Во хотелот: рецепција, хемиско чистење, салон за убавина, продавница за сувенири, мал трговски дел, доктор на повик, рент-а-кар, паркинг, фризерски салон, интернет.

Во собите: клима, ТВ, телефон, мини бар, сеф, балкон или тераса, бања / туш, фен.

За децата: клуб, игралиште, базен за деца, детско мени.

Забава и спорт (бесплатни услуги): 3 базени на отворено, игралиште за одбојка, терени за сквош и мини тенис, мини-фудбалски терен.

Забава и спорт (платени услуги): фитнес центар, сауна, парна бања, турска бања, џакузи, масажа, миниголф, часови по виндсрфинг и нуркање.

Плажа: сопствена, песочна со бесплатни чадори и лежалки, близу корален гребен - се препорачуваат гумени обувки.

 

Хотел Desert Rose Resort 5*
Локација: на брегот на Црвеното Море, на само 15 минути со автомобил од аеродромот во Хургада. Desert Rose Resort е хотел со 5* на површина од 300.000 квадратни метри, кој нуди сместување во 872 пространи соби и 40 апартмани со поглед на градина, аква парк или море.

Во хотелот: конференциски центар, градина, барови, ресторани, како и 4 базени, аквапарк и разни спортски и забавни објекти, вклучувајќи тенис игралиште, пинг-понг, фитнес и СПА центар. За најмладите посетители на хотелот има детски базен и анимација.

Во собите: купатило, фен, клима уред, мини бар, сеф, ТВ и балкон.

Плажа: Хотел "Desert Rose Resort" 5 * им нуди на своите гости 1 км. девствена плажа и 40.000 квадратни метри природна лагуна со златни песоци. Употребата на чадори и лежалки на плажа и околу базенот е бесплатна. 

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаCairo

Поаѓање од аеродром Софија (терминал 1) во 06:30 ч. за Каиро со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Каиро во 08:10 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање). Пречек од компанијата партнер. Трансфер до хотелот. Сместување по 14:00 ч. Вечера. Ноќевање.


По желба и претходна резервација туристичка програма во Каиро: Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленат со величественост и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во убавите глетки на Каиро. Нема да ја пропуштите и средбата со импресивната статуа на Сфингата. Ручек (сув пакет). Посета на фабрика за парфеми. Подоцна ќе го посетите и историскиот музеј во Каиро, кој чува бројни скапоцени експонати од времето на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони.Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. 

2
CairoХургада

Појадок. Поаѓање со автобус за Хургада. Пристигнување во доцните вечерни часови. Сместување во избраниот хотел. Доцна вечера. Ноќевање.

3
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација (се избира една од двете екскурзии):


1. Островот Гифтон и нуркање (со вклучен трансфер, ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање). Екскурзијата почнува околу 8 ч. и вклучува морско пловење со чамец со можност да уживате во убавината на еден од прекрасните острови и богатствата на коралниот гребен. Враќање во хотелот околу 16 ч.


или


2. Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалоци). Поаѓање од хотелот околу 8 ч. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и бои, непроверен и мистериозен, а со тоа и уште попривлечен. Нуркањето е начин да се запознае овој свет, неверојатно комбинирајќи во себе нови впечатоци, естетско задоволствво, романтични авантури, самозапознавање, и се разбира, бескрајно задоволство. Враќање во хотелот околу 16 ч.

4
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Целодневна екскурзија со автобус до Луксор со локален водич и вклучен ручек во локален ресторан (без пијалоци). Поаѓање од хотелот во 5 ч. наутро за Луксор - античката престолнина на египетските фараони. Посета на Храмот Карнак - најголемиот храмски комплекс во Египет (840 дка.), познат меѓу античките Египќани како „Ипет-Исут“ („најсвето место“), поставен во 3 зони посветени на врховниот бог Амон, богот Монту и божицата Мут. Најзначајната зграда во комплексот е Храмот на Амон Ра - вистинско архитектонско ремек-дело, вклучувајќи огромна просторија со столбови, од кои најголемиот е 113 м. Разглед на Алејата на сфингите, која ги поврзува храмовите Луксор и Карнак, со вкупна должина од околу 5 км. Поаѓање кон Долината на кралевите - пустинска рамнина опкружена со стрмни ридови, сместена на западниот брег на Нил, во близина на градот Теба. Тука се наоѓа прочуената гробница на фараонот Тутанкамон - една од 62-те пронајдени гробници досега. Разглед на импресивниот храм на Хатшепсут – првата жена фараон која го управувала Египет две мирни децении. Разгледување на Колосите на Мемнон - две масивни камени статуи кои го прикажуваат Фараонот Аменхотеп III во седечка положба, со рацете на колената и поглед насочен кон исток кон реката и изгрејсонцето. Посета на локална фабрика за алабастер и музеј на папирус. Враќање во хотелот околу 23 ч.

5
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Пустинско сафари со вклучена вечера. Заминување од хотелот во 12 ч. Вашето запознавање со Египет нема да биде целосно ако пропуштите патување во пустината за сафари. Ќе имате можност да добиете неповторливи впечатоци од возењето со џипови по дините, екстремно возење на квадроцикли и баги. Ќе јавате камила и ќе се запознаете одблизу со животот на бедуините во пустината, ќе посетите мала зоолошка и терариум, ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц). Враќање во хотелот околу 21 ч.

6
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


„El Gouna - Египетската Венеција“ со вклучен ручек и безалкохолни пијалоци. Екскурзијата вклучува прошетка со чамец за време на која ќе уживате во прекрасни погледи, ќе набљудувате делфини, ќе имате можност да пливате и нуркате во кристално чистите води на Црвеното Море. Враќајќи се во El Gouna, ќе се прошетате и со мали чамци низ каналите на градот. Враќање во хотелот во вечерните часови.

7
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Екскурзија до Хургада (вклучена во цената). За време на обиколката ќе го разгледате стариот дел на Ел Дахар, ќе имате можност да ја посетите централната џамија на Ад-Дахар и Коптската христијанска црква. Потоа ќе имате слободно време за автентичниот египетски пазар (т.нар. "сук"), кој нуди разновидност на локални производи, зачини, наргиле, теписи и многу повеќе.

8
ХургадаСофија

Појадок. Трансфер до аеродромот во Хургада. Поаѓање за Бугарија во 10:10 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Софија во 14:00 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање!).

СМЕСТУВАЊЕ
хотел 4* во Каиро + хотел "Hawaii Le Jardin Aqua Park Resort" 5* во Хургада
Дополнително легло во двокреветна соба за дете од 2 до 11.99 г
-€120
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Туристичка програма во Каиро и посета на Египетските пирамиди ( со вклучен ручек, без пијалоци ) – при  минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
€55
Островот Гифтон и нуркање (со вклучен ручек , безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
€30
Нуркање во Црвеното Море (со вклучени осигурување за нуркање , ручек и пијалоци ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
€50
Целодневна екскурзија со автобус до Луксор ( со вклучен ручек во локален ресторан, , без пијалоци ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
€90
Пустинско сафари (со вклучена вечера ) - при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
€50
"El Gouna - Египетската Венеција" (со вклучен ручек и безалкохолни пијалоци) – при минимум 20 туристи (краен рок за пријавување до 30 дена пред датумот на поаѓање)
€45
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Каиро, Хургада - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air"со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг
Опишаните во програмата трансфери
1 ноќевање со појадок и вечера во хотел "Barcelo Cairo Pyramids" 4* (или сличен) во Каиро
6 ноќевања на база All Inclusive во избраниот од Вас хотел 5* во Хургада
Екскурзија до Хургада
Локални водичи
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Водач - преведувач од Бугарија за време на целото патување
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Египет: 25 USD - се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, туристите ќе бидат известени навремено.)
Такса за гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква)
Бакшиш за локалниот претставник : 5 - 15 USD на турист за целиот престој (со доплата на лице место )
Дополнителни екскурзии и услуги по програмата
Влезници за гробницата на Тутанкамон (околу 250 EGP); за Кеопсовата пирамида (околу 360 EGP) , за Музејот на мумии (околу 180 EGP), такса за фотографирање во Историскиот музеј (околу 50 EGP) во Каиро
Пијалоци за време на вечерата во Каиро
Ручек во 2-риот од програмата
Трошоци од личен карактер
Локален и градски транспорт
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Пакетните цени се со пресметан попуст за рани резервации до 31.01.2020г .!
Програмата се спроведува со минимум 80 туристи!
Валута: Локалната парична единица е Египетска лира или Египетска фунта (EGP).  Девизен курс на долар / фунта е приближно 1 USD = 16 EGP.
Не е препорачливо извезување на локална валута од земјата!
Резервации: депозит при резервација - 50% од цената на патувањето ; доплата - до 35 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот, кој следува по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена; од 60 до 36 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; од 35 ден до датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "такса за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на таксата за гориво и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени. Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата. Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
За уплата на екскурзии на лице место НЕ се прифаќаат кредитни картички.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
ВИЗЕН РЕЖИМ:
Македонските државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето се спроведува со минимум 80 туристи.
Други програми за Египет »