Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ЕГИПЕТ - ХУРГАДА, КАИРО и КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ - со внатрешен лет!

1 ноќ во хотел 5* во Хургада, 4 ноќи на луксузен 5* брод за крстарење и 2 ноќи во хотел 4* во Каиро! Вклучен внатрешен лет од Асуан до Каиро! Богата туристичка програма! Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро, вклучени во цената! Рани резервации!

Софија – Хургада – Луксор – Едфу – Ком Омбо – Едфу – АсуанКаиро – Cairo – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаХургада

Поаѓање од аеродром Софија (терминал 1) за Хургада со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Хургада (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање). Пречек од компанијата партнер. Трансфер до хотел. Сместување. Ручек.


Слободно време или можност за дополнителни екскурзии со доплата:


1. Полудневно сафари со вклучена вечера. Заминување од хотелот околу  14:00 ч. Вашето запознавање со Египет нема да биде целосно ако пропуштите патување во пустината за сафари. Ќе имате можност да добиете неповторливи впечатоци од возењето на квадроцикли и баги, а вечерта ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц). Враќање во хотелот околу 21 ч.


2. Полудневна прошетка со јахта во Црвеното Море. За време на патувањето со јахта, ќе можете да уживате во прекрасните брегови на Црвеното Море, ќе имате можност да пливате и нуркате во кристално чистите води и да уживате во еден од најдобрите подводни светови. За љубителите на риболов, ќе има можност да ги покажат своите вештини за риболов со корда.


Вечера. Ноќевање.

2
ХургадаЛуксор
~350 km

Појадок (сув пакет). Поаѓање за градот Кена (околу 04:30-05:30 часот) и посета на храмот Дендера. Храмот Дендера е еден од највпечатливите храмови од доцниот египетски период. Посветен е на божицата Хатхор и е еден од најдобро зачуваните храмови денес со преостанати бои. Во него се наоѓал астрономскиот зодијак на Египќаните. Поаѓање за Луксор - една од античките престолнини на Египет. Посета на храмовиот комплекс Карнак. Станува збор за најголемиот верски комплекс во светот, кој претставува своевиден приказ на достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храмови и неколку помали. Ручек. Посета на храмот во Луксор, кој се наоѓа на остатоците од античка Теба. Големиот храм во Луксор, изграден од Рамзес II е посветен на боговите Амон Ра, Мут и Хонсу и импресионира со своите џиновски папирусни колони. Посета на продавница за папирус. Сместување на бродот за крстарење. Вечера. Ноќевање.

3
ЛуксорЕдфу

Рано наутро (поаѓање од бродот околу 04:00-05:00 ч.) по желба и претходна резервација прошетка со балон на топол воздух над западниот брег на реката Нил (при соодветни временски услови). Појадок (или сув пакет при учество во прошетката со балон). Поаѓање кон Деир-ел-Бахри - комплекс од царски гробници и погребални храмови од Новото царство, лоциран на западнио т брег на реката Нил. Посета на Долината на кралевите, каде што се наоѓаат 62 гробници на фараони, од кои едната е на Тутанкамон; импресивниот храм на Хатшепсут - првата жена фараон која го управувала Египет две децении; колосите на Мемнон каде е насликан седнатиот фараон Аменхотеп III. Посета на продавница за алабастер. Враќање на бродот за крстарење за ручек. Попладне слободно време на бродот додека плови по реката Нил, поминувајќи низ бравите на Есна до Едфу.

4
ЕдфуКом Омбо

Поаѓање од бродот околу 06:30 ч. Рано наутро разглед на храмот во Едфу кој е посветен на Богот Хор, синот на Изида и Озирис. Изградбата на храмот започнала во 237 год. пр.н.е. за време на владеењето на Птоломеј III и завршува речиси 2 века подоцна, во 57 год., за време на владеењето на Птоломеј XII - таткото на познатата Клеопатра. Враќање на бродот. Појадок. Поаѓање кон Ком Омбо. Пристигнување и разглед на Храмот во Ком Омбо. Тој бил изграден во хеленистичката епоха, т.е. за време на Птоломеите и претставува необичен двоен храм, посветен на Собек - бог на крокодилите и на Хор - бог на соколите. Поаѓање за Асуан и слободно време на бродот за крстарење. Вечера и ноќевање на бродот.

5
ЕдфуАсуан

Појадок. Слободно време во Асуан - најужниот град на Египет, познат по своите каменоломи. Можност за самостојна прошетка низ колоритниот пазар во Асуан или туристичка програма по желба и претходна резервација: екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучен влезници. Рано поаѓање од бродот околу 04:30 ч. Абу Симбел е сместен на западниот брег на реката Нил. При изградбата на браната Насер, храмовите се поместени со 65 м. повисоко од оригиналното место. Таму се наоѓаат двата храмови со исклучително убава фасада изградени од времето на Рамзес II (околу 13 в. пр.н.е.). Големиот храм е посветен на боговите Амон Ра, Хор и Птах. Многу блиску до Големиот храм се наоѓа т.н. Мал храм или храм на Хатхор и Нефертари. Ова е првиот храм посветен на кралица во историјата на Египет. Комплексот со храмови денес е под заштита на УНЕСКО. Враќање на бродот околу ручек.


Ручек на бродот.



Попладне туристичка програма по желба и преходна резервација: екскурзија Комбо - пловење со чамец Флука, посета на ботаничката градина во гр. Асуан и Нубијската населба. Поаѓање од бродот со традиционален египетскаи чамец Флука со големо платно. Пловење по реката Нил и пристигнување до ботаничката градина на Асуан. Разгледување на ботаничката градина. Поаѓање со моторен чамец кој плови по течението на реката Нил и пристигнување до Нубијската населба. Разгледување на комплекс од куќи каде се претставени локалните обичаи. По можност посета на нубиска куќа и можност за фотографирање со крокодили. Враќање назад на бродот со моторниот чамец. Вечера и ноќевање на бродот.

6
АсуанКаиро

Појадок. Туристичка програма во реонот на Асуан: Високиот ѕид на браната Насер, која служи како бариера на р. Нил. Нејзината изградба неколку пати е одложувана поради политички причини и поради потребата од преместувањето на важни археолошки локалитети; Незавршениот обелиск - Величествен споменик со височина 42 метри и тежина 1 200 т, кој никогаш не бил подигнат. Напуштен е во карпата во која бил издлабен уште во древноста поради појава на пукнатина. Разглед на храмот на Изида. Првично, тој се наоѓал на о-овот Филае, кој е преплавен денес од страна на водите на браната Насер. Храмот е спасен и префрлен во о-овот Агилика , благодарение на масовната спасувачка операција на УНЕСКО. 


Ручек. Трансфер до аеродромот во Асуан за внатрешен лет до Каиро на авиокомпанијата "Egypt Air". Трансфер до хотелот во Каиро. Доцно сместување. Вечера Ноќевање.

7
Cairo

Појадок. Туристичка програма во Каиро (вклучена во цената): Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленат со своето величество и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во поглед на Каиро. Исто така, нема да ја пропуштите и средбата со импозантната статуа на Сфингата. Ручек во локален ресторан (без вклучени пијалоци). Посета на фабрика за парфеми. Подоцна ќе го посетите и историскиот музеј во Каиро, кој има многу скапоцени експонати од ерата на древната египетска цивилизација. Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.


Вечерта по желба и со дополнителна доплата: Вечерно крстарење во Каиро по реката Нил со вечера и шоу програма.Пловејќи по реката Нил, ќе можете да уживате во ноќните погледи на Мегаполисот Каиро - град на контрасти. Прошетката со бродот за крстарење - ресторан трае околу 2 часа и вклучува вечера на блок маса, шоу програма и трансфери од / до хотелот.

8
CairoСофија

Појадок. Трансфер до аеродромот во Каиро. Поаѓање за Бугарија со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Софија (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање!).

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително легло во двокреветна соба за 1-во дете од 2 до 11.99 г.
-€20
Еднокреветна соба
+€245
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучени влезници - при минимум 20 туристи
од 12 г.
€0
од 2 г. до 11 г.
€0
Разходка с балон над западния бряг на река Нил (при подходящи метеорологични условия; допускат се лица над 6 г.) - при минимум 10 туристи
€0
Посещение на Нубийско селище - разходка с лодка фелука, посещение на ботаническата градина в гр. Асуан и Нубийско селище - при минимум 20 туристи
од 12 г.
€0
од 2 г. до 11 г.
€0
Полудневно сафари с включена вечеря (допускат се лица над 14 г.) - при минимум 20 туристи
€0
Полудневна разходка с яхта с включен шнорхелинг в Червено море - при минимум 20 туристи
€0
Вечерен круиз в Кайро по река Нил с вечеря и шоу програма (без включени напитки) - при минимум 10 туристи
од 9 г.
€0
од 0 г. до 8 г.
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Хургада, Каиро - Софија за директен чартер лет  на авиокомпанијата "BH Air"со вклучени аеродромски такси
Авионски билет за директен внатрешен лет од Асуан до Каиро на авиокомпанијата "Egypt Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг
Опишаните во програмата трансфери
1 ноќевањe на база All inclusive во хотел 5* во Хургада
4 ноќевања на база полн пансион на луксузен брод за крстарење 5* од Луксор до Асуан на компанијата "M/S Monte Carlo" (или слична)
2 ноќевања со доручек и вечера (без вклучени пијалоци) во хотел "The Oasis Hotel Pyramids" 4* (или сличен) во мегаполисот Каиро (в реонот на Гиза)
1 ручек во Асуан без вклучени пијалоци
1 ручек во локален ресторан во Каиро без вклучени пијалоци
Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и Историскиот музеј во Каиро
Опишаната туристичка програма - Храмот на Изида, Незавршениот обелиск и Високиот ѕид во Асуан; храмовите во Ком Омбо и Едфу; Долината на кралевите и храмот на Хатшепсут; храмовите во Луксор и Карнак; Храмот во Дендера
Влезници за посета на објекти по програмата без посочените во "Цената не вклучува"
Локален водич
Водач од Бугарија за време на целото патување.
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Египет: 25 USD - се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, туристите ќе бидат известени навремено.)
Бакшиш за локалните претставници : 30 USD на турист за целиот престој (се плаќаат задолжително на лице место, на туристичкиот водич, во зависност од дадената услуга, во готово). Културните карактеристики на дестинацијата сугерираат плаќање на бакшиш во наведениот износ, што покажува почит кон работата на соодветните лица и остава пријатен впечаток
Такса за гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква)
Дополнителни екскурзии и услуги по програмата
Влезници за гробницата на Тутанкамон (околу 300 EGP); гробницата на Сети 1 (околу 1000 EGP); за Кеопсовата пирамида (околу 440 EGP),
Влезници за други музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба
Пијалоци за време на ручеците и вечерите
Трошоци од личен карактер
Локален и градски транспорт
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Програмата се спроведува со минимум 80 туристи!
Валута: Локалната парична единица е Египетска лира или Египетска фунта (EGP).  Девизен курс на долар / фунта е приближно 1 USD = 16 EGP.
Не е препорачливо извезување на локална валута од земјата!
Резервации: депозит при резервација - 50% од цената на патувањето ; доплата - до 35 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот, кој следува по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена; од 60 до 36 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; од 35 ден до датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "такса за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на таксата за гориво и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
За уплата на екскурзии на лице место НЕ се прифаќаат кредитни картички.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
ВИЗЕН РЕЖИМ:
Македонските државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето се спроведува со минимум 80 туристи.
Други програми за Египет »