Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Бисерите на Португалија

Рани резервации!

Софија – Лисабон – Обидуш – Назаре – Баталја – Фатима – Порто – Сантијаго де Компостела – Порто – Брага – Бом Жезуш ду Монте – Гимараеш – Порто – Авеиро – Kоимбра – Томар – Лисабон – Синтра – Кабо де Рока – Лисабон – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаЛисабон

Полетување од Терминал 1 на аеродромот во Софија со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Лисабон. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2

Појадок. Панорамска обиколка на Лисабон со локален водич: Плоштад "Маркеш де Помбал"; населбата Баиша која е обновена по земјотресот во 1755 година: плоштадите "Росио", "Фигеира" и "Комерсио", Статуата на морнарите, кулата "Белем" и манастирот "Жеронимуш" кој се смета за ремек-дело на португалската мануелска уметност, чиј основач бил кралот Мануел. Слободно време во Лисабон со можност за посета на Алфама - стариот кварт на Лисабон, познат по тесните улички, традиционалните фадо ресторани и многу барови, каде што можете да се качите со ретро трамвај (неопходно е користење на локален и јавен превоз). По желба  фадо шоу со вклучени 2 пијалоци (околу 22:00 часот поаѓање од хотелот, 22:30 часот пристигнување во ресторанот, околу 00:30 - 01:00 часот враќање во хотелот). Ноќевање.

3
ЛисабонОбидушНазареБаталјаФатимаПорто

Појадок. Поаѓање за средновековниот град Обидуш - еден од најпознатите бајковити градови во Португалија. Зад ѕидовите на тврдината има мали трговски улици со традиционални ниски куќи кои водат до замокот. Зад вратите на замокот се организираат витешки турнири, фестивал посветен на чоколадото, а пред Божиќ се гради вистински град за Дедо Мраз. Поаѓање кон Назаре кој во минатото бил мало рибарско село, а во денешно време е познат не само по риболовот, но и по убавите плажи, прекрасната кујна и уникатните локални народни носии. Слободно време за ручек во Назаре. Посета на манастирот во Баталја - прекрасен споменик на националната архитектура и едно од најголемите готски ремек-дела во Европа, изграден во 1388 год. во чест на клетвата, дадена од страна на кралот Жоао Први пред Светата Дева, дека ќе изгради величествен манастир ако ги победи кастилците во битката кај Алжубароте. Посета на Фатима - најпознатиот поклонички центар во Португалија. Поаѓање за Порто. Сместување во реонот на Порто. Ноќевање.

4

Појадок. Поаѓање за Сантијаго де Компостела - главен град на Автономната заедница Галиција во Шпанија. Една од главните атракции на градот е катедралата во која се сместени моштите на Св. Јаков. Катедралата на Сантијаго де Компостела е всушност крајната точка на поклоничката рута, позната како "Патот кон Сантијаго" или како "Ел Камино". Оваа маршрута започнува од јужна Франција, поминува низ Пиринеите, тргнувајќи од исток кон запад низ северна Шпанија. Од 1985 год., стариот град Сантијаго де Компостела е вклучен во листата на УНЕСКО. Враќање во Порто. Ноќевање.

5
Порто

Појадок. Туристичка програма во Порто: станицата “Сао Бенто”; камбанаријата “Торе Душ Клеригуш”; Катедралата од каде по средновековните улици со гранитни куќи од 12-от век се стигнува до шеталиштето “Дуеро”. Слободно време во Порто или туристичка програма по желба: 1. Посета на винарска визба со дегустација на познатото португалско вино - портвајн (времетраење околу 1 час). 2. Прошетка со бродче по реката Дуеро (времетраење околу 1 час). (Може да се резервираат и двете дополнителни услуги). Ноќевање.

6
ПортоБрагаБом Жезуш ду МонтеГимараешПорто

Појадок. Целодневна екскурзија во најживописната провинција на Португалија “зеленото Мињо”, која се наоѓа во северниот дел на земјата. Посета на Брага, каде што можат да се откријат траги на многу народи кои поминале низ Пиринејскиот полуостров - Келти, Римјани, Визиготи. Практично овде може да се видат сите архитектонски стилови и пред сè, португалскиот барок. Фотопауза во близина на светилиштето "Бом Жезуш ду Монте" ("Милостивиот Исус"). До овој храм, кој се наоѓа на врвот на еден рид, се стигнува по барокни скали кои се состојат од 17 плоштатки, украсени со параклиси, убави фонтани и скулптури. Во најнискиот дел од ова барокно скалило можете да видите слики од Христовото распнување, средното ниво е посветено на Петте Сетила, а на највисокото ниво се симболите на трите добродетели - Вера, Надеж, Љубов. Поаѓање за Гимараеш - првата престолнина на Португалското кралство и средновековен ансамбл, вклучен во Листата на светското и културно наследство на УНЕСКО: плоштад "Св. Јакоб" и поклоничката црква "Носа Сењора да Оливеира". Враќање во Порто. Ноќевање.

7
ПортоАвеироKоимбраТомарЛисабон

Појадок. Поаѓање за Авеиро, уште нарекуван и "португалската Венеција" поради неговиот систем од канали и чамци сличен на оние во Венеција. Поаѓање за Коимбра - многу симпатичен град благодарение на неговата уникатна студентска атмосфера. Над градот се издигнува зградата на најстариот универзитет во Португалија (поранешна кралска палата), во која е сместена познатата барокна библиотека. Пешачка прошетка по тесните и мали улички на Коимбра: старата романска катедрала; Баиша или "Долниот град" каде што се наоѓа трговскиот дел на градот; Црквата “Светиот Kрст”, каде што се сочувани остатоците од првиот португалски крал Афонсу Енрикеш. Поаѓање кон Томар. Посета на Замокот на темпларите од 12 в. и манастирот “Орден на Христа”. Поаѓање за Лисабон. Сместување во реонот на Лисабон. Ноќевање.

8
ЛисабонСинтраКабо де РокаЛисабонСофија

Појадок. Слободно време во Лисабон – потребно е користење на локален и јавен транспорт или тустистичка програма по желба: екскурзија до Синтра - бајковит град на самовили и добри волшебници, летна резиденција на кралското португалско семејство од 12 век, вклученa во листата на УНЕСКО и 'Рт Кабо да Рока - најзападната точка на европскиот континент, каде што "Земјата завршува и Морето започнува". Враќање во Лисабон. Трансфер до аеродромот. Поаѓањe за Бугарија со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Софија.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€286
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Фадо шоу во Лисабон со вклучени 2 пијалоци и трансфер од и до хотелот на турист при минимум 20 туристи
€46
Посета на винарска визба во Порто со дегустација на портвајн вино (околу 1 час) на турист при минимум 20 туристи
€18
Прошетка со бродче по реката Дуеро во Порто (околу 1 час) на турист при минимум 20 туристи
€20
Екскурзија до Синтра и Кабо да Рока (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
€49
7 вечери на турист при минимум 20 туристи (без вклучени пијалоци)
€153
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€36
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€23
Priority Boarding (во двете насоки) на турист - подлежи на потврда од страна на авиокомпанијата
0 лв.
Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€92
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€123
Доплата за соседни седишта во авионот (во двете насоки) - на турист (подлежи на потврда)
€25
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Лисабон - Софија на авиокомпанија "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и мал рачен багаж со димензии 40x30x20 см до 10kg
Транспорт по опишаната рута
2 ноќевања со појадок во хотел "VIP Entrecampos" 4* / "VIP Executive Arts" 4* (или слични) во Лисабон
4 ноќевања со појадок во хотел "Black Tulip" 4* / "Grande Hotel da Povoa" 4* (или слични) во реонот на Порто
1 ноќевање со појадок во хотел "VIP Entrecampos" 4* / "VIP Executive Arts" 4* (или слични) во Лисабон
Туристичка програма со локален туристички водич во Лисабон и Порто
Посета на манастирот во Баталja (без вклучени влезници)
Посетa на Томар, Назаре, Обидуш, Гимараеш, Брага, Коимбра и Фатима (без вклучени влезници)
Фотопауза кај светилиштето "Бом Жезуш ду Монте"
Посета на Сантијаго де Компостела (без вклучени влезници)
Водач од Бугарија
Патничко осигурување со покритие до 30 000 евра на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
PCR тест (по потреба)
Чекиран багаж до 10 кг, 20 кг. или 32 кг.
Туристичка такса за престој во Португалија: Лисабон - 2 EUR, Порто - 2 EUR на турист од ноќ (се плаќаат од страна на туристите на рецепцијата на хотелот)
Локален водич за време на посетите на манастирот Баталja и Замокот на Темпларите во Томар
Екскурзија до Синтра и Кабо да Рока
Фадо шоу во Лисабон
Прошетка со бродче по реката Дуеро во Порто
Посета на винарска визба во Порто со дегустација на портвајн вино
Влезници за манастирот "Жеронимуш" (10 EUR), комбиниран билет за манастирот и кулата "Белем" (12 EUR) во Лисабон
Влезница за манастирот во Баталја (6 EUR)
Влезница за Замокот на Темпларите во Томар (6 EUR)
Влезница за палатата "Пена" (14 EUR, за деца - 12 EUR)
Градски превоз до палатата "Пена" во Синтра (5 EUR)
Слушалки за време на турите - 3 EUR по лице на ден (се плаќаат задолжително на лице место на туристичкиот водич; деца под 6 години не користат слушалки и не плаќаат)
Бакшиши: 4 EUR на турист на ден за водич / возач (се плаќаат задолжително на лице место, на туристичкиот водич, во зависност од дадената услуга, во готово). Културните карактеристики на дестинацијата сугерираат плаќање на бакшиш во наведениот износ, што покажува почит кон работата на соодветните лица и остава пријатен впечаток
Градски превоз во Лисабон (1.90 EUR еднонасочен билет, 6.5 EUR - еднодневна картичка)
Влезници за музеи и настани кои се посетуваат по желба
Такса за гориво (се плаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
Трошоци од лична природа
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
Екскурзијата се спроведува при минимум 40 туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Португалија: Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно - пасошки режим
Португалија: Македонските државјани кои патуваат во земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.
Горивни такси при увеличение на цената на горивото: Цените на горивата са изчислени на базата на котировки на горивото (962 USD / тон и обменен курс USD / EUR 1,13). При увеличение на цената на горивото - изчислено в евро - до 9,99%, компанията ще поеме увеличението на свой собствен риск. При увеличение на цената на горивото - изчислено в евро - равно или надвишаващо 10%, компанията си запазва правото да въведе горивна такса. Размерът на горивната такса за двупосочни пътувания на турист при увеличение на цената на горивото от 10-19,99% ще бъде 9,40 EUR. На всяко следващо увеличение на горивото с 10%, сумата съответно се мултиплицира.
Горивни такси за автобусен транспорт при увеличение на цената на горивото: Цената на дизеловото гориво е определена на база 1.70 Euro за 1 л. При увеличение на цената на горивото - до 9,99%, компанията ще поеме увеличението на свой собствен риск. При увеличение на цената на горивото - равно или надвишаващо 10%, компанията си запазва правото да въведе горивна такса. При увеличение на цената на горивото от 10 % до 19,99 % спрямо посочената база, размерът на горивната такса на турист за пътуване по тази програма ще бъде 7.40 Euro. На всяко следващо увеличение на горивото с 10%, сумата съответно се мултиплицира.
Други програми за Португалија »