Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Документи

Кога се пријавувате за патување, треба да ги носите следниве документи со вас:

·         Вашата лична карта потребна за потпишување на договор за организирано патување;

·         Јасен примерок од втората и третата страница на важечки пасош на лицата кои ќе учествуваат на патувањето;

·         Индекс - во случај да користите студентски попуст;

·         Копија на извод од матична книга за венчани не постар од 6 месеци од датата на пријавеното патување за кое има предвидено попуст за младоженци.

При резервација за патување, нашите колеги ќе ги издадат следните документи:

·         Договор за организирано патување;

·         Ваучер од ТА Бохемиа;

·         Гискална сметка за уплатениот износо од вас;

·         Формулар за пријавување на дополнителни туристички услуги;

·         Формулар за информации за туристите;

·         Копија од целосните услови на задолжителното "Патничко осигурувањеза патување надвор од земјата;

·         Потврда за склучено осигурување од одговорност за ТА – лиценца А;

·         Фактура (по барање на клиентот) по прибавување на неопходните податоци за нејзино издавање.

За време на патувањето неопходно е да ги понесете следниве документи:

Вашиот важечки пасош

Лична карта – со лична карта можете да патувате само ако патувате низ земји кои не бараат пасош за влез во земјата.

Важечка возачка дозвола (ако планирате да изнајмите автомобил);

За лица под 18 година со македонски документи за идентификација кои патуваат сами или со едниот од родителите - нотарски заверена изјава од родителот (родителите), кој не патува, дека е согласен нивното дете да патува во странство за наведениот период и дестинација, со телефон на нотарот и име на лицето одговорно за детето за време на патувањето;

Копија од заверена нотарска пријава (за лица под 18 години со македонски лични документи);

Копија од втората и третата страница на важечкиот пасош.