Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Други прашања

1. Може ли да се отклонам или издвојам од програмата и да останам кај мои пријатели?
Отклонување од програмата со цел посета на блиски и роднини, поврзано со отсуство на денот и часот на заминување од дадена локација се смета за емиграција. Агенцијата веднаш ги информира полицијата и граничната служба на засегнатата држава за овие лица како и македонската амбасада и на администрацијата во Република Македонија.
 
2. Дозволено ли е качување на моите роднини и пријатели во автобусот?
Апсолутно недозволиво е качувањето на лица кои не фигурираат во патниот лист на автобусот.
 
3. Што треба да направам ако го изгубам или ми биде украден пасошот?
Во случај да го загубите или ви биде украден пасош во странство е потребно прво да пријавите во полицијата. Од полицијата се издава документ со кој се потврдува дека е извршена кражба / загуба на документ. Во полициската станица треба да пополните формулар и детално да ги опишете украдените / изгубените документи, како се случило тоа  и евентуално опис на крадецот (во случај на кражба).
Документот, кој ви се издава од полицијата не е доволен за да се вратите во Република Македонија ако ви го украле пасошот. Задолжително е да отидете до најблискиот конзуларен оддел на Република Македонија, потоа да пополните барање за издавање привремен пасош -патен лист. Патен лист се издава на македонски државјани на кои рокот на важење на патната исправа е истечен, или патната исправа е оштетена, изгубена или украдена. Исто така, патен лист може да се издаде за новородено дете за кое сè уште нема извадено македонска патна исправа, а треба итно да патува за Република Македонија.

Потребни документи за издавање патен лист:

1.      Лично пополнето барање за издавање патен лист (за малолетни лица барањето го поднесуваат лично двајцата родители или едниот родител што е законскиот старател).

2.     Една фотографија со димензии 3,5 см х 4,5 см

3.     Доказ за идентитет (важечки македонски или странски документ со фотографија во оригинал). Доколку не се приложи документ за потврда на идентитетот, тој може да биде потврден со заверена изјава од сведоци, а патниот лист се издава врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

4.     Доказ за државјански статус (важечка лична карта, пасош или оригинал Уверение за државјанство на Република Македонија). Доколку не биде приложен доказ за државјански статус, патниот лист може да се издаде врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

5.     Доказ за платена конзуларна такса во висина од 30,00 евра, доколку патниот лист се издава без согласност, односно 36,00 евра, доколку патниот лист се издава врз основа на согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. За државјаните со друга национална валута од еврото, таксата се плаќа во соодветната национална валута.

6.     За некои држави, покрај патен лист, потребно е да се достави и потврда од надлежните органи дека патната исправа е изгубена или украдена.

Важна информација:

Патниот лист е патна исправа што исклучиво служи за враќање во Република Македонија и има рок на важење 30 дена од денот на нејзиното издавање. Пред да патувате за Република Македонија, проверете во дипломатско-конзуларните претставништва на земјите што ќе ги транзитирате дали е потребно претходно добивање виза.

 

4. Што треба да направам ако изгубам или ми бидат украдени пари или други скапоцености?
 Треба да ја известите полицијата. Од полицијата се издава документ со кој се потврдува дека е извршена кражба. Во полициската станица се пополнува формулар со детален опис на украдените предмети, како се случило тоа и евентуално опис на крадецот. Во случај предметите да бидат откриени, ќе Ви бидат вратени на наведената од вас адреса.
 
 
5. Што ако ја изгубам ориентацијата или се загубам за време на патувањето?
Треба да контактирате со униформиран полициски претставник и да го посочите местото/локацијата каде треба да одите. За таа целта секогаш треба да го знаете името и адресата на хотелот во кој престојувате или местото кое вашиот водич го посочил како збирно место.
           
 
6. Дали ми е потребна виза?
Ако сте македонски државјанин за секоја земја во делот "Корисни информации" е наведено дали е потребна виза.
 Ако сте државјанин на друга држава треба лично да проверите во конзуларниот оддел на соодветната земја (вклучувајќи ги и земјите низ кои ќе поминете транзитно за време на вашето патување) на адресите кои се наведени во делот "Корисни информации" за секоја земја одделно .
 
 
7. Каде да ги барам моите заборавени предмети?
Ако заборавите предмети во автобусот може се јавите на тел. 02/3232-947.
Ако заборавите предмети во хотелот за време на екскурзијата треба да се јавите на рецепција во хотелот. Водичот ќе ви помогне со телефонскиот број